Локални вести

Вашата приватност е заштитена: Технологијата што стои зад безбедното и персонализирано Galaxy AI искуство

Personal Data Engine и Knox Enhanced Encrypted Protection ги анализираат и штитат податоците, редефинирајќи ја безбедноста на вештачката интелигенција

07.07.2025

Потенцијалот на вештачката интелигенција (AI) е речиси неограничен, но за да се отклучи нејзината вистинска моќ, клучни се корисничките информации што овозможуваат персонализирани искуства. AI мора да ве разбере – вашите преференции и секојдневни рутини – за да испорача мобилно искуство што се чувствува како природно продолжение на вашиот живот.

 

Интуитивните, контекстуално свесни Galaxy AI функционалности ги оживуваат овие персонализирани искуства, претворајќи го вашиот паметен телефон од обична алатка во интелигентен придружник кој ги предвидува вашите потреби и нуди предлози дизајнирани да ви помогнат да бидете попродуктивни, покреативни и подобро поврзани.

 

За да ви овозможи целосно персонализирано искуство, вашиот уред мора природно да има пристап до одредени податоци. Тоа е она што му овозможува на AI да ве разбере и да ги прилагоди одговорите на начини што навистина ви помагаат и се усогласени со вашиот начин на живот. За да се осигуриме дека вашите лични податоци се заштитени во оваа ера на AI, Samsung постојано иновира со нови методи на заштита на податоците – за тие никогаш да не паднат во погрешни раце.

 

Персонализација овозможена со Personal Data Engine

 

Personal Data Engine (PDE) на Samsung Electronics претставува клучна компонента во безбедното испорачување на ваквите длабоко персонализирани искуства. Првпат воведен со серијата Galaxy S25, PDE е движечка сила зад некои од највлијателните AI функции на Galaxy досега. Работи тивко во позадина, учејќи од вашите навики и преференции, со што резултира со навистина персонализирано и уникатно корисничко искуство.

 

Без разлика дали Now Brief ве води низ денот со внимателно избрани информации или едноставно ви помага да ја пронајдете совршената фотографија во галеријата преку природен јазик, Galaxy AI прави секоја AI-функција да изгледа непречено и интуитивно. А бидејќи PDE ги обработува вашите податоци директно на уредот, можете да уживате во сите предности на длабоко персонализиран AI – без компромис на приватноста.

 

Моќен напредок со Knox Enhanced Encrypted Protection

 

За дополнително да ја зајакне безбедноста на Galaxy AI искуствата, Samsung го разви Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP) – нов, моќен безбедносен слој на самиот уред кој ги штити најчувствителните податоци без да го наруши вашето корисничко искуство. Првично развиен за PDE, KEEP сега ги обезбедува и другите Galaxy AI функционалности како Smart Suggestions, Now Brief, Samsung Moments и повеќе, работејќи тивко во позадина за да обезбеди дека секоја поддржана апликација остане сигурна.

 

Замислете дека вашиот телефон е како куќа. Секоја апликација има своја сопствена соба – одделена, но под ист покрив. Secure Folder, пак, функционира како одделна куќа во дворот со свој клуч – идеален за целосна изолација на најприватните информации.

 

Но, како што AI функциите како PDE почнуваат да се справуваат со сè посензитивни задачи во реално време, се појавува потреба од безбедносен систем што е истовремено подеднакво силен, но и поповрзан со секојдневното користење. Тука настапува KEEP.

 

Замислете дел од куќата што се претвора во приватен апартман – сè уште под ист покрив, но со сопствен безбеден влез што само вие го користите. Тоа е поверојатно од обична соба, но не толку изолирано како гостинската куќа. KEEP функционира на ист начин – создава безбедна, посветена зона за секоја поединечна апликација – како PDE – со што овозможува обработка на податоците во изолирана околина, без нивно испраќање надвор и без да го наруши начинот на кој го користите телефонот.

 

Како што нашите мобилни искуства стануваат сè попаметни, KEEP обезбедува најличните податоци да останат безбедни по дизајн. Во комбинација со алатки како Secure Folder, ова ја зацврстува повеќеслојната стратегија на Samsung за заштита на податоци – овозможувајќи на корисниците и апликациите соодветен тип на безбедност според нивните индивидуални потреби за приватност.

  • 1) Функцијата Personal Data Engine работи кога е вклучено менито Personal Data Intelligence. Анализираните податоци ќе бидат избришани веднаш штом ова мени се исклучи..
  • 2) Функцијата Now Brief бара најавување со Samsung Account. Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот и апликациите. Одредени функции може да бараат интернет конекција.
  • 3) Достапно на Galaxy смартфони и таблети со One UI 8 или понова верзија.
  • 4) Secure Folder им нуди на корисниците посебна и заштитена зона на нивниот телефон или таблет, каде што можат да чуваат чувствителни апликации и податоци. Овозможува креирање на одделни профили што можат да бидат дупликати на постоечките апликации. Корисниците можат да го прилагодат изгледот на апликацијата Secure Folder и самите да изберат тип на заклучување – PIN код, шема, лозинка или отпечаток од прст. За повисоко ниво на безбедност, корисниците имаат и опција да ја скријат и енкриптираат Secure Folder, со што податоците се заштитуваат од напредни сајбер-закани. Додека е скриена, апликациите во неа престануваат да функционираат, со цел целосна заштита на податоците. Кога Secure Folder повторно ќе се отвори, енкрипцијата се деактивира, а апликациите продолжуваат со нормално работење.