Истечен

Попаметен дом со вредни подароци

Купете одбрани уреди Bespoke AI и ќе добиете подарок Galaxy Watch7.

Важи од 01.06.2025 до 30.06.2025

Сега е вистинскиот момент да внесете паметни производи во својот дом што ќе ви го поедностават и олеснат животот, бидејќи Samsung ви носи понуда што е комбинација од иновации и специјални поволности.

Со купување одбрани уреди Bespoke AI за вашиот дом, како фрижидер, машина за перење и сушење алишта, како и правосмукалки, ќе добиете подарок Galaxy Watch7 во вредност од дури 19.999 МКД.

Не само што ќе го унапредите своето секојдневие со паметната технологија што штеди време и енергија, туку и со регистрација ќе остварите и до 5 години гаранција (2 години редовна + 3 години дополнителна комерцијална гаранција) на уреди од бела техника, а 3 години гаранција (2 години редовна + 1 година дополнителна комерцијална гаранција) за правосмукалки.

Не пропуштајте ја можноста со паметен избор да добиете и совршен подарок.

Купете веднаш и направете го својот дом уште попаметен.

Правилата за промоцијата: 19.5. – 26.5. можете да ги најдете тука.

Правилата за промоцијата 1.6 - 30.6 можете да ги најдете тука.

Понудата за остварување право на подарокот Galaxy Watch7 се одржува во два периода: првиот период трае од 19.5. до 26.5.2025 година, а вториот период трае од 1.6. до 30.6.2025 година, со пауза помеѓу периодите, или до истек на залихите кај овластените продажни партнери, како што е наведено во правилата на понудата. 

Дадената вредност на подарокот е препорачаната малопродажна цена на уредот. Малопродажната цена на уредот може да се разликува во зависност од деловната одлука на секој продажен партнер поединечно. *Понудата за дополнителна гаранција на одредени уреди од бела техника и правосмукалки трае од 13.1. до 31.12.2025 година.

Дополнителната гаранција е достапна со услов за оставање рецензија и регистрација на samsungproduzenagarancija.mk најдоцна 30 дена од купувањето на уредот. Дополнителната гаранција не се однесува на батеријата на правосмукалката. Целосниот список на уреди и повеќе детали за промоцијата може да најдете на www.samsung.com/mk/offer/home-appliance-extended-warranty-2025.

За остварување на правото на подарок треба да се регистрирате најдоцна до 15.7.2025 г.

Партнери кои учествуваат во оваа промоција

Bespoke AI Family Hub Фрижидер

Повеќе од обичен фрижидер

Големиот 21,5-инчен AI Home екран овозможува организација, забава и поврзување директно со фрижидерот.
Функцијата Auto Open Door ја отвора вратата со лесен допир, дури и кога ви се полни рацете.
Вградениот асистент Bixby ви помага со гласот – од правење список за купување до предлагање рецепти.
Сето тоа, заедно со Twin Cooling Plus™ систем за оптимална свежина и 614 литри капацитет за складирање.

Bespoke AI WF90F Машина за перење алишта

Паметно перење што штеди енергија

AI Home ја претвора вашата машина за перење алишта во интуитивен контролен центар.
Преку екранот на допир лесно може да го следите циклусот на перење, да добивате корисни совети и препораки врз основа на вашите навики, а по завршување на циклусот добивате и извештај за перењето.
Функцијата AI Wash автоматски ја приспособува количината на вода, детергент и траењето на циклусот за најдобри резултати.
Со режимот AI Energy штедите до 70 % енергија без компромиси во перформансите.

Bespoke AI W Машина за сушење алишта DV9400D

Паметно сушење и поголема заштеда

Паметното сушење со AI носи технологија што користи повеќе сензори за следење на влажноста на облеката, генерира оптимална количина на топлина, работи ефикасно, заштедува енергија и нежно ја суши облеката.

Режимот AI Energy ви овозможува да ја проверувате потрошувачката на енергија и да ја процените сметката за струја и сето тоа со 20 % помалку потрошена енергија.