Ако ти треба телефон што го следи твоето темпо, го имаме вистинскиот за тебе – Samsung Galaxy A16 сега доаѓа со пролетен попуст од 1.000 денари! Понудата важи од 25 до 29 април 2025 година.
Galaxy A16 е твојот секојдневен сопатник: едноставен, сигурен и подготвен за сите предизвици. Без разлика дали често се допишуваш, разгледуваш што има на друштвените мрежи, сликаш спонтани фотки или сакаш да пуштиш музика и да се опуштиш – овој телефон тоа го прави без мака. Неговиот голем екран од 6,5 инчи ти овозможува јасна и прегледна слика, идеална за гледање видеа, додека моќната батерија од 5.000 mAh трае долго, без да мора често да го полниш.
Galaxy A16 има камери спремни да го доловат секој момент – без разлика дали се работи за селфи со екипата, брзи фотки од храна или зајдисонце на кое случајно налета. Овој модел има сѐ што ти треба во еден уред со својот елегантен и лесен дизајн.
Не чекај го последниот момент – искористи ја пролетната акција и уживај во телефон што не ги усложнува туку ги олеснува работите.