Истечен

Мислиме на тебе веќе 5 години.

5 години е долг период и затоа е важно да знаете дека имате 5-годишна гаранција за одредени Samsung уреди.

Важи од 05.01.2026 до 31.12.2026

За 5 години, сè може да се случи и убаво е да знаете дека во текот на сите тие години некој мисли на вас. Затоа, не пропуштајте ја можноста да добиете 5-годишна гаранција со купување на одбрани Samsung уреди.

Покрај 2-годишната редовна гаранција, можете да добиете дополнителна 3-годишна гаранција за одбрани модели на домашни апарати купени во периодот од 5.01 до 31.12. 2026 година. Достапна е дополнителна тригодишна гаранција под услов да се регистрирате и да оставите рецензија на нашата веб-страница samsungprodolzenagarancija.mk, најдоцна 30 дена по купувањето.

Деталите за промоцијата и списокот со производите што се вклучени во промоцијата за 5 години гаранција побарајте ги тука. Деталите за промоцијата и списокот со производите што се вклучени во промоцијата за 3 години гаранција побарајте ги тука.

Промоцијата е достапна кај малопродажните партнери на Samsung наведени во правилата за промоција, кои самостојно ја одредуваат малопродажната цена. 

Опремете го вашиот дом со паметни уреди со технологија SmartThings и контролирајте ги сите функции преку апликацијата користејќи само вашиот мобилен телефон.

Инструкции за регистрација

Паметен сензор за оптимизирано перење

Samsung Bespoke AI All-in-One

Дизајнот „сѐ во едно“ беспрекорно комбинира машина за перење и сушење алишта во еден апарат, па не е потребно да ги префрлувате алиштата од еден во друг апарат.

Исперете ги и исушете ги алиштата темелно и ефикасно. AI Wash & Dry ја препознава тежината на полнењето и користи точна количина вода и детергент. Исто така, детектира каква е ткаенината и го следи нивото на нечистотија, па го приспособува процесот на сушење според тежината и ткаенината на алиштата. Дисплејот од 7 инчи служи како интуитивен контролен центар, персонализирајќи го перењето и предлагајќи циклуси што одговараат на вашите навики.

Подготвувањето на храната сега е уште позабавно

Рерна со Dual Cook и Dual Cook Flex систем

Направете го готвењето лесно и забавно и уживајте во професионалните резултати со помош на AI Pro Cooking. Можете да ја прегледувате внатрешноста и да ја контролирате рерната далечински, како и да направите временска снимка додека се готви јадењето. Препознава состојки, препорачува рецепти и ги оптимизира поставките.

Следете го готвењето и контролирајте ја рерната со помош на апликацијата SmartThings на паметен телефон. Внатрешната камера View Inside ви овозможува да проверите што се готви без да ја отворате вратата или кога не сте дома. Исто така, може да ја вклучувате/исклучувате рерната, да бирате функции, да поставите тајмер и да ги промените поставките.

Паметен фрижидер за целото семејство

Side by Side комбиниран фрижидер со Family Hub и SmartThings AI Energy режим

Со режимот AI Energy во склоп на апликацијата SmartThings ќе заштедите и до 10 % енергија, додека со екранот Family Hub со дијагонала од 21,5" ќе го збогатите семејниот живот со уште повеќе можности за управување и забава. Ќе ви овозможи едноставно и забавно споделување фотографии, видеа, пораки и списоци со задачи.

Bespoke AI Jet Ultra

Моќ, чистота, интелегенција

Кога зборуваме за врвот на понудата, тука е Bespoke AI Jet Ultra – правосмукалка што ви носи сè што ви е потребно со три клучни предности:
• Моќ на вшмукување 400 W* – за чистење без конкуренција
• HEPA-филтер** – испушта чист воздух без прав и алергени
• AI режим*** – ја препознава подлогата и ја приспособува моќноста
Елегантен, моќен и паметен. Вистински сојузник на вашиот дом.

*Врз основа на тестирање од страна на компанијата SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH (во декември 2024 г.), во согласност со стандардот IEC 62885-4 Cl.5.8, при користење рачна правосмукалка (без четка) во Jet режим и батерија со голем капацитет која е целосно наполнета. Резултатите се споредени со модели на безжични стик-правосмукалки достапни на пазарот со наведена моќ на вшмукување во рамките на 30 % од вистинската моќ на вшмукување на модели Samsung тестирани од компанијата SLG, а врз основа на податоци од продажба помеѓу јануари 2024 и декември 2024 составени од независен институт за истражување на пазарот. **Врз основа на тестирање од страна на лабораторија SGS-IBR, во согласност со стандардот ASTM F3150, во Jet режим. Споредено со наш модел без HEPA-филтер. Се однесува на честички прав со големина од 0,3 μm или поголеми. ***Способноста за препознавање разни средини за чистење и времето што е потребно за промена на поставките може да зависи од условите во средината. Како да учествувате во промоцијата?