Сакате совршено чист дом? Сега може да си изберете нова моќна Samsung Jet правосмукалка на попуст до 40 % со 5 години продолжена гаранција под услов да се регистрирате.
Уживајте во блескави подови, бидејќи оваа безжична стик-правосмукалка лесно чисти разни видови подови со помош на најновите технологии за вшмукување.
Благодарение на мултициклонското филтрирање на воздухот, ќе дишете почист воздух во домот. Главниот циклон и металниот мрежест филтер ги одделуваат и фаќаат големите честички прашина. Млазниот циклон и микро филтерот ја фаќаат ситната прашина. А филтерот за ултраситна прашина собира 99,999 %** од прашината и алергените. Ако имате милениче, не треба да се плашите од влакната, како што и миленикот не треба да се плаши од Вашата нова правосмукалка - тивка и ефикасна, ја чисти целата куќа за миг!
А кога ќе завршите, едноставно измијте го садот за прашина и поставете ја Вашата нова Jet правосмукалка на Z-станицата, суптилно покрај кој било ѕид.
Промоцијата Samsung Jet правосмукалки на попуст до 40 % важи од 22.11. до 19.12.2021 г. За продолжена гаранција од 5 години, треба да се регистрирате најдоцна 30 дена од датумот на издавањето на сметката, со праќање на следните податоци на електронската адреса ce.promo@samsung.com: име, презиме, e-адреса, домашна адреса (за достава на подарок), приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот.
Моќен а лесен
Посетете ги нашите овластени партнери:
Извонредна моќ на вшмукување
Уживајте во почист воздух и извонредна моќ на вшмукување со високоефикасна и мултициклонска структура на млазен циклонски систем. Оптималната воздушна патека го намалува отпорот на воздухот, а неговите 9 циклони со 27 отвори за воздух ја сведуваат загубата на вшмукување на минимум. Исто така, хигиенски ги одвојува малите честички прашина од воздухот.
Долготрајна батерија што се вади
Уживајте во долг период на чистење без полнење. Батеријата со висока ефикасност (1800 mA) го одржува вшмукувањето до 40 минути. Задржува 70 % од оригиналните перформанси до 500 циклуси. Можете лесно да ја извадите и да ја замените со резервна батерија за да чистите до 80 минути.
Ефикасност и почист воздух
Дишете почист воздух со мултициклонска филтрација на воздухот, соберете ги ситните честички прашина од тепихот, но и од тврдиот под со турбо четката. Главата, која ротира за 180 степени, Ви овозможува лесно да го промените правецот и да го исчистите секој агол. А ротирачкиот барабан може лесно да го одржувате со откачување со еден клик.
Понапредни перформанси на чистење
Уживајте во почист воздух и екстремна моќ на вшмукување со високоефикасна и мултициклонска структура на млазниот циклон. Оптималната воздушна патека го намалува отпорот на воздухот, а неговите 9 циклони со 27 отвори за воздух ја сведуваат загубата на вшмукување на минимум. Ја задржува и најситната прашина вовлечена во правосмукалката.