Истечен

Важи од 05/08/2020 до 20/08/2020

Доколку и вие сте едни од оние кои најмногу уживаат кога се забавуваат или работат на голем екран, ќе ве израдува фактот дека Galaxy Tab S7 или S7+ моделите на таблет уреди се сега достапни. Дополнително, доколку се одлучите да ги набавите пред сите, ве очекува преубав подарок – book cover футролa, која ќе ви овозможи максимално да ги искористите перформансите на овие моќни уреди.

Овие најнапредни Galaxy таблети ќе го променат начинот на кој се забавувате, но и начинот на кој ги извршувате своите задачи. Galaxy Tab S7 и S7+ ви носат можност да уживате на ултрафин екран. Меѓутоа, кога и да посакате, може да ги трансформирате во уреди со врвни перформанси на персонализиран компјутер и да уживате во работа на вистинска тастатура. И S Pen пенкалото со брза реакција секогаш е тука, за сите белешки кои ќе посакате да ги направите.

Овие модели го носат најдоброто што една категорија на таблети може да го понуди - уште поголем, посветол и побрз екран. При стапка на освежување на екран од 120 Hz, тој речиси моментално реагира. Додека гледате или скролате, овој екран врши интелигентни подесување на дадена содржина и на тој начин ја штеди вашата батерија.

Ќе почувствувате посебно чувство додека гледате содржина на овие уреди. Кристално чистата и моќна слика на најголемиот Super AMOLED екран и супер јасниот звук ќе направат да се чувствувате како во вистинско кино. Но за разлика од кино, на овој таблет ќе може да уживате и без прекин, бидејќи тој го чува вашето здравје емитувајќи најмала можна количина на „сина светлина“.

Паметната батерија која трае цел ден ќе ви овозможи да направите филмски маратон со своите омилени емисии од утро до мрак. Најголемата батерија на еден Galaxy таблет уред е направена да трае навистина цел ден. Дури и потоа, не мора да застанувате. Продолжете да правите што сакате, а својот таблет надополнете го на супербрзниот полнач.

Покрај тоа, неговото S Pen пенкало е направено да овозможи чувство на стабилност и висока удобност. Има ултраниска стапка на доцнење, благодарение на која имате чувство дека пишувате со вистинско пенкало. А, кога ќе завршите, едноставно потпрете го на магнетот кој е на задната страна на вашиот таблет и едноставно одложете го до следната употреба.

Искористете ја шансата да го набавите досега најмоќниотi Samsung таблет, лесен, тенок и неверојатно издржлив. Направете го тоа меѓу првите и Samsung ќе ве израдува со подарок, Book cover футрола за посебно чувство!

Условите на промоцијата можете да ги видите тука.

Galaxy
Tab S7 | S7+

Нарачајте во претпродажба Samsung Galaxy Tab S7 или S7+ преку веб страниците на следните овластени партнери: