Истечен

TВ промоцијa: Врвниот избор заслужува награда!

Купете QLED и добивате прекрасен подарок.

Со Q80, Q85 или Q90 добивате подарок Galaxy Watch Active!
Со Q70 добивате подарок Galaxy Tab A 10.1!

Важи од 06/04/2020 до 30/04/2020

Уживајте повеќе во времето поминато дома со Samsung QLED моделите и нивниот извонреден квалитет на слика. Искористете ја специјалната промоција, во текот на април, во која со врвните QLED модели добивате и вредни подароци.


Благодарение на Quantum Dot технологијата присутна кај QLED серијата модели Q80 и Q85 ќе уживате во реални, вистински и 100% видливи бои и во темните и светлите кадри на сликите.

QLED моделите серија Q90 се карактеризираат со супериорна видливост на секој детал достапна со функцијата Direct Full Array 16X, која прецизно го контролира позадинското осветлување и го оживува секое делче од сликата и овозможува прикажување на секоја сцена до најситни детали.

Со купување на QLED моделите Q80, Q85 или Q90 добивате подарок Galaxy Watch Active. Oвој паметен фитнес часовник е прилагодлив и удобен за носење на рака и е поддршка на Вашиот активен животен стил, бидејќи може да ги следи Вашите движења и тренинзи.

QLED моделот од серијата Q70 ќе Ви открие сосема нов свет, затоа што со неговиот Quantum HDR 8X ќе видите повеќе детали од природата од кога било до сега. Благодарение на широкиот опсег на осветленост, сонцето сега посилно свети во секој кадар на сликата која ја гледате.

Со купување на QLED моделот Q70 добивате подарок Galaxy Tab A 10.1. Taблет кој совршено им одговара на мултимедијалните содржини од филмови до музика, затоа што обезбедува неверојатна репродукција на бои и оптимална осветленост на екранот со подобрен аудио-систем со два звучници за да уживате во слушањето на омилените хитови.

Samsung QLED моделите носат иновации по кои се разликуваат од сите други. Со моќната и паметна технологија, извонредниот квалитет на сликата и неверојатната функционалност – QLED телевизорите ги поместуваат сите граници. QLED моделите се засноваат на Quantum dot технологијата која е единствена на пазарот и обезбедува врвно искуство на гледање на содржините на големиот екран.


Промоцијата трае од 06.04. дo 30.04.2020 или до истекот на залихите и се однесува на купување на QLED моделите на телевизори од 2019 година Q70, Q80, Q85 и Q90.


За да остварите право на подароци, морате да го регистрирате своето купување, со испраќање на следните податоци на е- адреса ce.promotion@samsung.com и тоа во рок од 3 дена од датумот на издавање на сметката: име, презиме, е-адреса, домашна адреса (поради испорака на подарокот), приказ (скен) од фискалната сметка од продажното место, модел и сериски број на уредот. Промоцијата трае од 06.04. дo 30.04.2020 или до истекот на залихите.


Деталите и условите од промоцијата можете да ги најдете тука


Врвниот избор заслужува награда!

Чисто совршенство на сликата

QLED Q90 Прецизност и детали

Прецизноста води до совршенство! Добре дојдовте во новата класа на прецизности. Со овој телевизор ќе почувствувате подобрена длабочина, непречен премин помеѓу сцените и природна боја на сликата како да сте на снимање.

На поголем екран сè станува реално. Ќе ја воживеењт секоја цел, ќе ја почувствувате секоја сцена и ќе бидете дел од секоја акција!
Никогаш не сте биле поблиску до содржината што ја гледате.

Oткријте ја убавината

QLED Q80/Q85 Убавината е во деталите

Гледајте во сликата, а не во телевизорот!
Доживејте совршено искуство додека гледате во него без оглед дали е вклучен или исклучен. Фината контрола на позадинското осветлување создава совршено и беспрекорно уживање.

Ги оживува и темните и светлите сцени

QLED Q70 реалноста пред Вас

Реалноста на сликата е пред Вас! Со помош на иновативната Quantum Dot технологија видливоста на реалните бои постигнува максимум.Не дозволувајте деталите да не ги видите. Искуството на гледање станува поживописно со проширената HDR технологија.

Чекор поблиску до забавата

Galaxy Tab A 10.1 - забава на новите генерации

Taблетот не е само елегантен и мултифункционален, туку е создаден за новата генерација која сака забава. Со живописниот 10,1-инчен екран обезбедува неверојатна репродукција на бои и оптимални нивоа на осветленост, со кои можете да уживате во сите мултимедијални содржини, во омилените филмови или серии.

За чекор понапред

Galaxy Watch Active - паметно следење на движењата

Сите фитнес часовници имаат паметни функции за следење на податоци. Но Galaxy Watch Active се истакнува. Ова е фитнес часовник кој активно дава совети, така да секогаш сте чекор пред сите. Galaxy Watch Active се карактеризира со дискретен и лесен дизајн, за да можете лесно да го следите својот пат до целта. Со него се добиваат стилски ремени за речиси сите прилики.