LSP9T The Premiere Smart 4K UHD Троен ласерски проектор со ултракраток домет (2020)
-
Тројна ласерска технологија
-
Премиум звук
-
Ултракраток домет
-
Доживување со Smart TV
* Сликите се симулирани и служат само за илустрација. Спецификациите за Графичкиот кориснички интерфејс (GUI) кои не влијаат на перформансот на производот подлежат на промени без известување.* Вистинскиот производ може да се разликува од оној на сликата. Погледни ја нашата галерија на производи.* Ласерскиот проектор може да проектира на рамен бел ѕид или на светол еднобоен ѕид без поставување дополнителен екран. За пооптимизирано доживување, се препорачува користење на екран наменет за проектор со ултракраток домет.
Ултрасветла висока резолуција со врвна тројна ласерска технологија
The Premiere користи троен ласерски извор на светлина за драматично гледање на домашно кино, исто како да си во театар. Добиваш прецизна точност на бојата и неверојатен контраст на максимален простор од 130 инчи на екранот. The Premiere е првиот HDR10+ сертифициран проектор во светот за реалистично, живописно гледање.
* Податоците се базираат врз внатрешни истражувања на SAMSUNG.* Создадени од Меѓународната унија за телекомуникации, стандардите BT.2020 опфаќаат различни аспекти на видеоемитување за Ultra HD проектори, телевизори и опрема за емитување.Деталите се јасни дури и при силно осветлување
2800 ANSI LumenСо осветленост од 2800 лумени, ја добиваш целата светлина што ти треба за да уживаш во што и да гледаш. Погледни ги деталите дури и во средина на денот, дури и без затемнети завеси.
Вистински визуелен квалитет
FILMMAKER MODE™FILMMAKER MODE™ е прв во светот за ваков вид проектори, давајќи ти можност да го гледаш филмот онака како што режисерот замислил да го гледаш.
* FILMMAKER MODE™ лого ознаката е трговска марка на UHD Alliance, Inc.Целосно нурни се во звукот што ја исполнува просторијата
Со 40 вати од вграден 4,2-канален звук, добиваш неверојатен звук со филмски квалитет кој ќе одговара со неверојатно обземачкото визуелно доживување со The Premiere.
Подобри го квалитетот на твојот звук. Acoustic Beam технологијата на The Premiere користи 22 отвори за да дистрибуира длабок и богат звук што ја исполнува просторијата, зголемувајќи го звукот одлево и оддесно за да создаде неспоредливо, обземачко доживување.
Беспрекорно се вклопува во твојот простор
Со компактната големина на The Premiere можеш максимално да го искористиш просторот во просторијата. Едноставно и заоблено, го одбележува високо ниво на мајсторство што го активира начинот на живот кој го посакуваш.
Слобода да го уредиш просторот
Ултракраток дометСега не мора да се грижиш каде ќе го поставиш проекторот. The Premiere може да биде поставен навистина блиску до ѕидот, а сепак да создаде огромен екран. И, бидејќи има специјални вградени сензори, знае кога има деца во близина, така што автоматски го намалува осветлувањето за да ги заштити нивните очи. Ултракраток домет, ултра-неверојатно гледање.
* Буквата „А“ прикажана на сликата оддесно се однесува на големината на приказот кој се проектира од The Premiere, измерено дијагонално од еден агол до друг.Елегантно минимизиран
Компактен и заоблен дизајнСите моќни карактеристики кои ти требаат спакувани во компактна, фино обликувана форма којашто изгледа прекрасно од секој агол. А со врвниот финиш, одлично се вклопува во твојот ентериер, додавајќи елегантен минималистички допир.
Уживај во содржина без екран
Наменскиот екран за проектор може да ти овозможи поживописен квалитет на фотографија, но всушност повеќе не ти треба тоа. Едноставно постави го на едноставен бел ѕид и уживај. Совршен за луѓе кои сакаат нивниот простор да биде едноставен.
Повеќе начини да уживаш во The Premiere
Доживување со Smart TVМоже да имаш и одлично доживување со Smart услугата по којашто се познати Samsung телевизорите, со нивниот одличен кориснички интерфејс и искуство. А, за разлика од конвенционалните проектори со ламба, овој се одликува со моментално вклучување.
* Услугите Smart и GUI (Графички кориснички интерфејс) може да се разликуваат во зависност од моделот, регионот, јазикот, мобилните уреди или производот.* Потребна е корисничка сметка на Samsung за да се постави The Premiere.* Реалното корисничко искуство може да се разликува.* Некои карактеристики и функции овозможени од поврзаните уреди може да не се поддржани или се со ограничена употреба.Беспрекорна гласовна контрола
Повеќе гласовни асистенти (Провери пред употреба за да видиш дали оваа карактеристика е достапна.)
Од гледање до доживување
Пресликување на екранот на мобилниотОмилената серија што ја гледаш на мобилниот уред префрли ја и гледај ја на The Premiere.
* Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS.AirPlay 2
Со вградениот AirPlay 2 можеш лесно да пушташ филмови, серии, музика и фотографии на The Premiere директно од твојот iPhone, iPad или Mac.
* Функцијата AirPlay 2 е достапна на сите Smart услуги на Samsung од 2020 г. како и на подоцнежни верзии.* За AirPlay 2 е потребен iOS 12.3 или подоцнежна верзија или macOS 10.14.5 или подоцнежна верзија. * Гледај ја серијата Little Voice со претплата на Apple TV+.Само допри за да пресликаш
Tap ViewЕдноставен допир е сè што ти е потребно за да ја префрлиш содржината од паметниот телефон на екран. Само допри го The Premiere со твојот телефон и тој автоматски ќе го преслика она што го гледаш или слушаш.
* Само за компатибилни уреди. Погледнете ги спецификациите за производот или страницата за поддршка.* Оваа услуга функционира само кога се вклучени и The Premiere и мобилниот телефон.* Погрижете се допирот да биде подалеку од екранот на телевизорот и аглите на рамката. Може да се изгребе или скрши поради екранот на телевизорот или мобилниот.* Се препорачува мобилниот да се користи додека е во футрола и потоа нежно да се допре до некој надворешен раб на телевизорот.Имај поголема контрола, победувај во секоја игра
Game EnhancerПрепушти се на играта без одлагање. Game Enhancer ги приспособува совршените поставки, овозможувајќи ти ја оптимизацијата потребна за победа.
* Достапноста на карактеристиката може да се разликува во зависност од конзолата за играње. * Достапноста на карактеристиката може да се разликува во зависност од големината на производот.Уживај во повеќе од 20.000 часа гледање филмови
Животен век подолг од 20.000 часаБлагодарение на подолготрајната технологија на ласерскиот извор на светлина, The Premiere нуди повеќе од 20.000 часа сјајна луминисценција за да го збогати твоето гледање. Изграден е да трае до 10 пати подолго од проекторите со обична UHP ламба, што значи дека може да уживаш со The Premiere гледајќи над 10.000 филмови.
* Податоците се базираат врз внатрешни истражувања на SAMSUNG.* Пресметано врз основа на траење на проекција на филм од 2 часа.* UHP ламба: Ламба со многу висок перформанс (Ultra high performance).Спецификации
-
Adaptive Sound Адаптивен звук
-
Дизајн Животен стил
-
Производ Проектор
{{family.currentModel.displayName}}
{{family.currentModel.modelCode}}
-
{{summary.title}}
-
{{summary.title}}
Спореди ги моделите
Спореди со слични предмети