Како да ја поврзете Вашата машина за перење со SmartThings

SmartThings  Ви овозможува да ја поврзете и контролирате  Вашата машина за перење од  Вашиот паметен телефон без напор. Со напредни функции и автоматизација, можете да ги следите циклусите, да добивате известувања и да ги прилагодувате поставките од далечина. Научете како да  го поставите SmartThings и  да го искористите максимумот од Вашето искуство со паметен дом.

Како да ја поврзете Вашата машина за перење со SmartThings Како да ја поврзете Вашата машина за перење со SmartThings

Како да ја поврзете Вашата машина за перење со SmartThings

Изберете го Вашиот метод за поврзување

  • Скенирајте го QR кодот
  • Скенирајте за  уреди во близина
  • Изберете од листата на уреди

Ве молиме забележете: Пред да започнете проверете дали Вашиот Wi-Fi е поврзан и  дали Вашата машина за перење е вклучена.

Скенирајте го QR кодот

1.    Отворете ја SmartThings апликацијата на Вашиот паметен телефон

2.    Допрете го  симболот Плус (+)

3.    Допрете Додај уред

4.    Изберете Скенирајте QR код

5.    Користете ја камерата на  Вашиот паметен телефон за да го скенирате QR кодот на Вашата машина за перење.

6.    Апликацијата автоматски ќе ја открие и поврзе  машината за перење со Вашиот паметен телефон

Скенирајте за уреди во близина

1.     Отворете ја SmartThings апликацијата

2.     Допрете го  симболот Плус (+)

3.     Допрете Додај уред

4.     Изберете  Скенирај во близина 

5.     Апликацијата автоматски ќе бара уреди во близина

6.     Кога Вашата машина за перење ќе се појави, изберете ја за да се поврзе

Изберете од листата на уреди

1.      Отворете ја SmartThings апликацијата

2.     Допрете го симболот Плус (+)

3.     Допрете Додај уред

4.     Изберете Додај во Samsung уреди 

5.     Пребарувајте низ листата за достапни уреди. Кога ќе ја пронајдете Вашата машина за перење, допрете за да се поврзе.

6.     Можете да изберете една од следниве методи за поставување: Скенирајте QR код или Додај без QR код. Процесот на поставување потоа ќе ги следи истите чекори како што е споменато претходно

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window