Основно упатство за производ

Ова упатство вклучува основни информации за користење и мерки на претпазливост за производот. За детални информации за производот осврнете се на Упатство за корисникот на интернет-страницата на Samsung.

• Како да го најдете упатството
Чекор 1: Пристапете на интернет-страницата на Поддршката на Samsung: https://www.samsung.com/support
Чекор 2: Пребарајте го името на моделот или рекламното име.

Содржина на пакувањето на Galaxy Watch

• Часовник
• Безжичен полнач
• Брз водич за употреба

Икона на молив која укажува на известување Икона на молив која укажува на известување

(Соопштение)
Испорачаната опрема и нејзините слики може да се разликуваат во зависност од регионот.

Содржина на пакувањето на Galaxy Fit

• Fit
• Кабел за полнење
• Брз водич за употреба

Икона на молив која укажува на известување Икона на молив која укажува на известување

(Соопштение)
Испорачаната опрема и нејзините слики може да се разликуваат во зависност од регионот.

Пристап до повеќе информации

Посетете ја www.samsung.com за да ги проверите информациите за уредот, упатството за корисникот, информациите за безбедност и друго. Може да настанат дополнителни трошоци со пристапување на интернет.
Производот има екран, копчиња и сензори.

• Не внесувајте остри предмети во надворешните отвори на производот. Внатрешните компоненти може да се оштетат заедно со одликата за водоотпорност.
• Не гледајте директно во светлата на оптичкиот сензор за био-сигнал. Тоа може да предизвика оштетување на Вашиот вид. (само за Galaxy Watch)
• Не гледајте директно во светлата на оптичкиот сензор за мерење срцев ритам. Тоа може да предизвика оштетување на Вашиот вид. (само за Galaxy Fit)
• Ако производот стане жежок кога го допирате, отстранете го сѐ додека не се излади. Долготрајното изложување на кожата на жешката површина на производот може да предизвика изгореници од ниска температура.
• Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете ги притиснати истовремено копчето Дома и копчето за Назад подолго од 7 секунди за да го рестартирате. (само за Galaxy Watch)
• Ако Вашиот уред се блокирал и не реагира, држете го притиснато копчето Дома подолго од 11 секунди за да го рестартирате. (само за Galaxy Fit)

Полнење на батеријата на Galaxy Watch

Поврзете го безжичниот полнач со USB адаптерот за напојување и поставете го производот во безжичниот полнач, порамнувајќи го центарот на задната страна на производот со центарот на безжичниот полнач.

Полнење на батеријата на Galaxy Fit

Поврзете го кабелот за полнење со USB адаптерот и потоа поврзете го производот со кабелот за полнење.

Вклучување на производот

Држете го притиснато копчето Дома неколку секунди за да го вклучите производот. (само за Galaxy Watch)
Притиснете го копчето Дома за да го вклучите производот. (само за Galaxy Fit)

Поврзување на производот со мобилен уред

Вклучете го производот и отворете ја апликацијата Galaxy Wearable така што ќе ги следите упатствата на екранот за поврзување на уредот со мобилен уред. Ако апликацијата Galaxy Wearable не се отвора, преземете ја апликацијата Galaxy Wearable и следете ги упатствата на екранот.
Користејќи ја апликацијата Galaxy Wearable, можете да го гледате статусот на производот и да ги приспособувате неговите нагодувања.

• Поддржаните мобилни уреди и одликите може да се разликуваат во зависност од Вашиот регион, операторот или производителот на уредот.

Информации за безбедност

Ве молиме, прочитајте го внимателно ова упатство пред да го користите уредот, за да осигурате безбедна и правилна употреба.

Следете ги предупредувањата подолу за да спречите повреди или оштетување на уредот

• Вашиот уред содржи магнети. Чувајте го подалеку од кредитни картички, имплантирани медицински помагала и други уреди врз кои магнетите може да влијаат. Во случај на медицински помагала, чувајте го уредот оддалечен од нив повеќе од 15 см. Престанете да го користите уредот ако се сомневате дека се јавува интерференција со медицинското помагало и советувајте се со Вашиот лекар или производителот на медицинското помагало.
• Не расклопувајте го уредот и не изложувајте го на физички влијанија или предмети што може да го оштетат.
• Користете само полначи и специјално дизајнирани кабли одобрени од Samsung и спречете повеќенаменскиот приклучок да доаѓа во допир со туѓи тела.
• Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса како запален, веднаш престанете да го користите уредот. Користете го уредот повторно само откако бил поправен во сервисен центар на Samsung или во овластен сервисен центар.
• Уредот може да се користи на места каде што амбиенталната температура е од 0 °C до 35 °C.
Можете да го чувате уредот на амбиентална температура од -20 °C до 50 °C. Користење и чување на уредот надвор од опсегот на препорачаните температури може да го оштети уредот или да го намали животниот век на батеријата.
• За точно мерење, мора да го носите уредот така што да биде добро прицврстен на зглобот. После мерењето, олабавете го ремчето за може воздухот да струи околу кожата. Се препорачува да го носите уредот ниту премногу лабаво, ниту премногу стегнато и да се чувствувате удобно во нормални услови.
• Ако имате чувствителна кожа, може да почувствувате воспаление на кожата заради одредени фактори, како триење, притисок или влага во следните случаи: Кога уредот е премногу прилепен или лабав, кога на уредот има пот или туѓи тела, или кога уредот бил загреан предолго.
• Ако Вашата кожа е воспалена онаму каде што го носите уредот, отстранете го веднаш уредот и советувајте се со лекар за да преземете соодветно дејство.
• Секогаш чувајте го уредот чист и сув.

Предупредување за оштетување на слухот, избегнувајте висока јачина на слушалките

За да спречите можно оштетување на слухот при користење слушалки, не слушајте со преголема јачина на звук долги периоди. (само за Galaxy Watch)

Икона која укажува дека уредот не треба да се фрла со домашен отпад

Оваа ознака на производот, опремата или литературата и кога нема ознака на батериите покажува дека производот, батериите и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, USB-кабел) не треба да се отстрануваат со останатиот отпад од домаќинството.

• За информации во врска со еколошките обврски на Samsung и регулативните обврски специфични за производот, на пр., REACH, посетете ја нашата страница за одржливост на www.samsung.com.
• Ако на дел или на целиот екранот постои фиксна графика подолг период, тоа може да има како резултат пост-слики или согорување на екранот.

Отстранување на батеријата

• За да ја отстраните батеријата, контактирајте со овластен сервисен центар. За да добиете упатства за отстранување на батеријата, Ве молиме посетете ја www.samsung.com/global/ecodesign_energy.
• За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда и да резултира со намалена безбедност на уредот.
• Samsung не прифаќа никаква одговорност за оштетување или загуба (по договор или правење прекршок, вклучувајќи невнимание) што може да произлезе од неспособност прецизно да ги следите овие предупредувања и упатства, освен смрт или лична повреда предизвикана од невнимание на Samsung.

Информации за SAR (Specific Absorption Rate) сертификатот

Вашиот мобилен уред е дизајниран да не ги надминува границите за изложеност на радиобранови препорачани со меѓународните правила.
За вредности SAR специфични за Вашиот модел, посетете ја www.samsung.com/sar и пребарајте ја Вашата област и уредот со бројот на модел.
Користењето WLAN врска е ограничено само во внатрешни простории. Ова ограничување се применува во: AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, ES, EL, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI), GB.

Изјава за сообразност

Samsung изјавува дека овој уред е во сообразност со клучните барања и релевантните одредби на Директивата 2014/53/EU. Одете на www.samsung.com/mobile_doc за да пристапите до Изјавата за сообразност.

Производител : Samsung PO Box 12987, Dublin. IE / Yateley, GU46 6GG. UK

Code to Open Chat Window