Како да поставите Universal Remote (Универзален далечински управувач) преку MBR

Колку далечински управувачи имате за Вашиот Smart TV и поврзаните надворешни уреди? Со помош на карактеристиката MBR ќе Ви треба само еден далечински управувач за да ги контролирате сите уреди. Уживајте во многу попрактичното доживување што го нуди MBR.

Што е MBR?

MBR е кратенка од Multi Brand Remote (Далечински управувач за повеќе марки) и е познат како Универзален далечински управувач или Еден далечински управувач. Со оваа функција ќе престанете да менувате далечински управувачи кога ќе користите различни уреди поврзани со телевизорот. Со само еден управувач од Samsung може лесно да ги контролирате сите надворешни уреди, како што се домашно кино, конзола за играње и Blu-ray-репродуктори. 

Првично поставување на MBR за нов телевизор

Кога ќе поставувате сосема нов телевизор Samsung, има чекор за првично поставување на MBR. Следете ги упатствата на екранот. За да ги препознаете надворешните уреди, поврзете ги сите на телевизорот и вклучете ги. Телевизорот автоматски ќе ги открие и ќе ги регистрира надворешните уреди. 

Поставување на MBR за нов надворешен уред

Забелешка: ако немате сметка на Samsung, треба да се пријавите за сметка со цел да продолжите со регистрирање на производот.

Ако Smart TV не ги препознае автоматски надворешните уреди, може да го поставите MBR директно на телевизорот. Следете ги чекорите подолу за да го поставите MBR рачно.

 

Чекор 1. Притиснете на копчето Home (Почеток), а потоа изберете Universal Remote (Универзален управувач) во менито Source (Извор).

Чекор 2. Изберете New Device (Нов уред).

Чекор 3. Одберете Device Type (Тип уред) на екранот од телевизорот.

Чекор 4. Следете ги упатствата на екранот за да го довршите поставувањето.

Забелешка:

  • Карактеристиката MBR е поддржана само од далечински управувачи со Bluetooth. Меѓутоа, од моделите од 2019 година, функцијата MBR е поддржана дури и со управувачи без Bluetooth.
  • Одредени надворешни уреди поврзани на телевизорот може да не ја поддржуваат карактеристиката MBR.
  • Погрижете се да нема пречки пред надворешниот уред или пред логото на телевизорот. Тоа може да предизвика проблеми со сигналот.
  • Сликите од екранот и од менито се само пример на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window