Како да ажурирате Samsung Galaxy Watch Active2

Samsung Galaxy Watch Active2 е дизајниран да ви помогне да научите повеќе за да постигнете повеќе. Тоа не е уред што само брои чекори и калории или го поврзува стилот на трчање со пулсот. Затоа би било совршено вашиот Samsung Watch секогаш да ја има најновата верзија на Андроид систем и апликацијата Galaxy Wearable секогаш да ги презема најновите ажурирања. Еве совети за тоа како софтверот и апликациите секогаш да бидат ажурирани.

Ажурирајте го софтверот на вашиот часовник

Кога ќе го поврзете вашиот телефон со Galaxy Watch Active2, со помош на апликацијата Galaxy Wearable можете редовно да проверувате дали има нови ажурирања.
 

Како да го ажурирате софтверот за часовникот со помош на телефонот
 

Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата Galaxy Wearable.

Чекор 2. Допрете Почетна > Ажурирање на софтвер за часовник.

Одете на ажурирање на софтверот за часовник

Чекор 3. Допрете Преземање и инсталација.

Чекор 4. Допрете Инсталирај сега ако е достапно ажурирање.

Ако ажурирањето не е достапно, на уредот се прикажува пораката „Вашиот софтвер е ажуриран“.

Инсталирај сега

За некои часовници, треба да допрете За часовникот, За нараквицата или За уредот за да пристапите до менито за ажурирање на софтверот. За автоматско преземање на ажурирањето на софтверот преку Wi-Fi мрежа, проверете дали е вклучен Прекинувачот за Автоматско преземање преку Wi-Fi.

Забелешка: кога ќе почне ажурирањето, часовникот ќе ја прекине врската со телефонот. Кога ќе заврши ажурирањето, часовникот автоматски ќе се поврзе повторно со телефонот.

Galaxy Store не нуди само ажурирања на апликациите за телефон. Постојат и ажурирања на апликациите за часовници! Еве совети за тоа како лесно да ги ажурирате омилените апликации на часовникот Galaxy Watch Active2.


Како да ги ажурирате апликациите на часовникот со помош на телефонот


Чекор 1. Влезете во Galaxy Store.

Чекор 2. Допрете ја иконата за Часовник.

Допрете ја иконата за часовникот

Чекор 3. Одете во Мени > Ажурирања.

Чекор 4. Допрете го јазичето Часовник > Ажурирај ги сите.

За да преземете поединечни ажурирања, допрете ја иконата Ажурирај од десната страна на апликацијата.

Ажурирај сè

Забелешка:

  • Кога часовникот Galaxy Watch Active2 се вклучувате за прв пат или кога повторно го поставувате, можете да го поставите за да се користи без мобилен уред. Некои карактеристики не се достапни кога користите Galaxy Watch Active2 без да се поврзете со мобилен уред.
  • Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации