Кои се виџетите на заклучен екран во One UI 7?
Прилагодете го Вашиот заклучен екран со One UI 7 виџетите. Додадете лесен пристап до КамератаДигиталната благосостојба, Толкувачот и многу повеќе, директно од Вашиот заклучен екран. Подолу, откријте кои се новите One UI 7 виџети и како да ги додадете.
Кои се виџетите на заклучен екран во One UI 7?
Да откриеме…
- Како да додадете виџети
- Виџетите на One UI 7
Како да додадете виџети
1. Притиснете и држете било кое празно место на екранот.
2. Допрете Додај виџети.
3. Изберете категорија од списокот на виџети.
4. Откако ќе ги изберете Вашите виџети, можете да ги прераспоредите притискајќи и држејќи ги виџетите и влечејќи ги лево или десно.
5. Допирнете Готово за да го зачувате. Вашето поставување.
Виџетите на One UI 7
Еве ги виџетите:
- Камера: Создадете кратенки кои не само што ќе Ве одведат до апликацијата Камера, туку и до специфичните режими на фотографија или видео кои ги преферирате.
- Грижа за уредот: Извршете проверка на перформансите за да го оптимизирате Вашиот телефон и да го одржите во најдобра форма.
- Дигитална Благосостоба: Бидете информирани за колку време поминувате на Вашиот уред и поставете тајмери за да го ограничите користењето на апликациите.
- Галерија: Изберете слики или албум за украсување на Вашиот заклучен екран. PNG формати се поддржани.
- Толкувач: Создадете кратенки за комуникација без јазични бариери.
- Режими и рутини: Поставете повеќе дејства автоматски само со допирање на виџетот.
- Безбеден Wi-Fi: Добијте заштита при поврзување на необезбедени мрежи за да ги зачувате Вашите податоци безбедни додека сте во движење.
- Диктафон: Создајте аудио снимки без да го отклучите Вашиот телефон.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window