Дизајниран за секое место, во секој момент, од секој агол
* Вистинскиот производ може да се разликува од оној на сликата. Погледни ја нашата галерија на производи.
Топ 4 карактеристики
Дизајн 360 All Round
Прекрасен од секој агол
Мат екран
Уживај во тоа што се прикажува, а не во отсјајот
Отстранлив држач
Прекрасен каде било—на полицата или на подот
Samsung Tizen OS
Омилените содржини на едно место
Твој дом, неограничени можности
Дизајн 360 All Round
Уживај во погледот на телевизорот од сите агли. Целокупниот дизајн на The Serif e прекрасен и претставува елегантна декорација во секој простор.
* Дизајнот може да се разликува во зависност од големината на телевизорот или од регионот.
Минимален отсјај, максимално уживање
Мат екран
Ти здодеа отсјајот на екранот од телевизорот? Револуционерниот мат екран на The Serif го апсорбира отсјајот, па дури и на силна светлина сликата на телевизорот се гледа чисто и јасно.
Убав од секој агол
Отстранлив држач
The Serif може да го поставиш секаде и да изгледа елегантно. Со помош на отстранливиот држач може да ги остраниш ногарките и да го носиш од соба во соба, што го прави уште пофункционален.
Паметен начин за пристап до омилените содржини
Samsung Tizen OS (Само за ЕУ)
Искуси повеќе со твојот телевизор со најновите апликации и услуги на Samsung Tizen OS. Уживај во бесплатните телевизиски канали во живо и во илјадниците филмови со Samsung TV Plus и беспрекорниот гејминг на облак со Gaming Hub. Исто така, можеш да управуваш со секојдневните активности со Daily+ и да ги контролираш паметните уреди од твојот телевизор со SmartThings—сето тоа додека Knox Security ја штити твојата приватност.
* Содржините и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. * Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Samsung Smart Hub.* За некои содржини и услуги потребна е регистрација и претплата.* Потребна е Samsung Account.* Потребна е Samsung Account за пристап до сите карактеристики на Samsung Tizen OS. Ако одлучиш да не се најавиш, ќе можеш да се поврзеш само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди (на пр. преку HDMI). Можеби ќе треба да користиш посебен уред (на пр. PC или мобилен телефон) за да креираш Samsung Account. (Со исклучок на Кина, Турција и Израел)
Дизајн на Serif
Уникатна инспирација за твојот простор
Дизајн во форма на буквата „I“
Редефинирај го твојот простор со впечатливиот дизајн на The Serif. Тенката рамка на телевизорот има уникатен профил во форма на „I“ кога се гледа од страна, правејќи го впечатлив и уникатен.
Осмислено од браќата Бурулек
Дизајн на Ронан и Ерван Бурулек
Осмислен од познатите дизајнери Ронан и Ерван Бурулек, The Serif е повеќе од обичен телевизор—тој е ремек-дело.
Ексклузивни шари за амбиентален режим
Креирано од Ронан и Ерван Бурулек
Ексклузивните шари во амбиентален режим на браќата Бурулек се инспирирани од предмети што нѐ опкружуваат, како прекрасен лист и релјефна ткаенина.
Уживај во секој момент со The Serif
Амбиентален режим+
Наместо да го чуваш The Serif празен и црн кога е исклучен, може да го искористиш максимално, така што ќе ја прикажува денешната временска прогноза, вести, лични фотографии и многу повеќе.
Употребливост
Едноставно поврзи ги твоите паметни
SmartThings
Оптимизирај ги твоите домашни уреди во паметен стил на живеење, приспособен на твоите потреби. Збогатен со нашиот вграден SmartThings центар, можеш да уживаш во приспособен паметен дом со различни уреди компатибилни со SmartThings што ќе го направат полесен секојдневниот живот.
Управувајте со секојдневни активности и начин на живот
Samsung Daily+ (Oстанати)
Балансирајте ги вашите дневни активности и начин на живот од удобноста на вашиот телевизор. Преку екосистемот за отворени апликации на Samsung Tizen OS, центарот за животен стил Daily+ ви дава пристап до различни апликации и услуги, вклучувајќи SmartThings, Samsung Health, ConnecTime, Workspace и многу повеќе.
* Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување.* Потребно е поврзување со Wi-Fi, Bluetooth или други безжични мрежи и најава на Samsung Account.* Поврзаните уреди се продаваат одделно.* За употреба на мирна технологија (анг. calm technology) потребна е согласност и со известувањето за приватност на SmartThings и со регистрираниот уред.* UI подлежи на промени без претходно известување.* Компанијата Samsung не е одговорна за кои било услуги од трети страни и нема одговорност за какви било штети или загуби предизвикани од услугите на која било трета страна.* Достапните услуги и UI подлежат на промени без претходно известување.
Apple Airplay
Со вградениот AirPlay на The Serif можеш лесно да стримаш филмови и серии од iPhone, iPad или Mac на екранот на телевизорот.
* За AirPlay е потребен iOS 12.3 или понова верзија или macOS 10.14.5 или понова верзија.* За да користиш Apple AirPlay, погрижи се да биде овозможено следново: Мени > Поставки > Сите поставки > Поврзување > Apple AirPlay поставки.* Телевизорот и уредите Apple треба да бидат поврзани на истата Wi-Fi мрежа за да користат AirPlay.* Само компатибилни уреди.* Функцијата AirPlay е поддржана на модели на паметен телевизор почнувајќи од 2018 година.
Multi View
Гледај го она што го има на телевизија и на твојот мобилен уред на еден екран и тоа истовремено. Едноставно, поврзи го телефонот со телевизорот и пресликај го на големиот екран како посебен прозорец. Исто така, во исто време може да уживаш во оптимизиран мултитаскинг и да гледаш содржини.
* Бројот на достапни прегледи и поддржани апликации/извори зависи од моделот на телевизор и може да се надгради без претходно известување. Потребна е Samsung Account.* Поддржува паметни телефони со Android OS и iOS во моделите Q70D↑.* Опцијата Multi View за мобилни уреди е достапна само на верзии со Android 4.2 или понови. За уреди со iOS, опцијата AirPlay е поддржана на iOS 12.3 или понови верзии.* Вистинскиот UI може да се разликува од прикажаниот на сликата.
SolarCell Remote
Благодарение на соларниот панел на задниот дел што се користи за полнење, повеќе не мора да користиш батерии за еднократна употреба за SolarCell Remote.
* За да го наполниш далечинскиот управувач преку соларна енергија, постави го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Постави го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставиш во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина.* Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полниш со USB-C кабел. За да го провериш преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледни го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач).* Изгледот на дизајнот и копчето на SolarCell Remote далечинскиот управувач може да се разликува во зависност од регионот.* Далечинскиот управувач SolarCell Remote во моделите на телевизори од 2024 г. содржи најмалку 24 % рециклирана пластика (врз основа на тежината на вкупната пластика).
Технологија QLED
The details of a mountain side, rocks in a creek and shoes of a runner in a scene are upscaled to great clarity.
Скалирај ја содржината во 4K искуство
4K AI скалирање
Нашата 4K AI технологија на скалирање ја трансформира содржината во речиси 4K резолуција.
* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и од форматот. * Скалирањето може да не важи за поврзување со PC и режим на игри.
Види го светот во светли и живописни бои
100 % видливост на бои и HDR 10+
Со 100 % видливост на бои, Quantum Dot технологијата ја претвора светлината во спектакуларни бои што остануваат прецизни на различни нивоа на светлина. Истовремено, динамичното мапирање тонови на HDR10+ создава подлабоки црни тонови, поживи слики и детали што секогаш се истакнуваат.
* Samsung QLED има потврда за неговата способност да создава 100-процентна видливост на боите од светски познатото здружение за тестирање и сертификација, Verbond Deutscher Elektrotechniker (VDE).* QLED: Samsung QLED e телевизор со Quantum Dot, технологија на квантни точки.* 100 % видливост на бои измерено според стандардите DCI-P3, потврдено од VDE.* Не е загарантирана компатибилност со сите HDR-содржини.* Опсегот на HDR е потврда за блескавост врз основа на внатрешни стандарди на тестирање и подлежи на промена во согласност со опкружувањето или конкретните услови.
The TV screen during daylight is bright. The screen is adjusted to be softer on the eyes as day changes into night. The VDE logos tested for Eye Care and CRD Circadian Rhythm Display are on the lower right side.
Интелигентна слика оптимизирана за твоите очи
EyeComfort Mode
Со уникатниот режим EyeComfort на Samsung автоматски приспособи ги осветлувањето и боите на твојот екран во согласност со условите. По зајдисонце, поставките на екранот се попријатни за очите.
* Услугите за автоматско претходно вчитување подлежат на промени без претходно известување и може да се разликуваат во зависност од регионот.
* Вистинскиот производ може да се разликува од оној на сликата. Погледни ја нашата галерија на производи.
Купи директно. Добиј повеќе.
Спецификации
QLED
Големина на екран
50"
Стапка на освежување
50Hz
Резолуција
4K (3,840 x 2,160)
Анти-рефлексија
мат екран
Picture Engine
Процесор Quantum 4K
HDR (High Dynamic Range)
Quantum HDR
HDR 10+
Да (АДАПТИВНО)
AI Upscale
Да
Контраст
Mega Contrast
Агол на гледање
Широк агол на гледање
Микро затемнување
Supreme UHD Dimming
Подобрувач на контрастот
Да
Motion Technology
Motion Xcelerator
Smart Calibration
Основно
Filmmaker Mode (FMM)
Да
Адаптивен звук
Адаптивен звук Pro
Звук кој го следи објектот
OTS Lite
Излез за звук (RMS)
40W
Тип звучник
4CH
Multiroom Link
Не
Active Voice Amplifier Pro
Да
360 Audio
Да
Оперативен систем
Tizen™ Smart TV
Bixby
Да
Вграден говорен асистент
Alexa (GB, DE, FR, IT, ES, AT, IE)
Samsung TV Plus
Да(GB, FR, DE, IT, ES, CH, AT, NL, SE, NO, DK, FI, PT, IE, BE, LU)