Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Спектакуларен екран. Спектакуларна игра
OLED детали на широк, живописен екран
OLED во Ultra WQHDСо технологијата OLED уживај во поширок спектар на бои и живописни слики што ќе те воодушеват и ќе го подигнат твојот гејминг на ново ниво. Сите содржини оживуваат на екран со резолуција Ultra WQHD (3440 x 1440)
Фокусирај се, без никакви пречки
OLED без отсјај
Технологијата Glare Free значително го намалува отсјајот од надворешните светла, така што совршените бои и црни тонови на OLED-екранот ги гледаш без никакви пречки. Благодарение на екранот којшто е 54 % помалку сјаен од конвенционалната облога за заштита од рефлексија на Samsung, можеш совршено да го видиш опкружувањето во играта и да ги победиш непријателите.
* Според резултати од интерно тестирање.
Надитри ги противниците со врвна брзина
Време на реакција од 0,03 ms (GtG) и брзина на освежување од 175 Hz
Избегнувај напади, бори се и вклучувај се побрзо од останатите. Технологијата OLED технологијата овозможува речиси миговна реакција благодарение на времето на реакција од 0,03 ms (GtG). Брзината на освежување од 175 Hz го намалува доцнењето за да овозможи возбудлива игра со непречена акција.
* Според GtG измерено во услови во интерно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во зависност од содржината и поставките на мониторот.* GtG (Сиво во Сиво - Gray to Gray) го мери времето кое му е потребно на еден пиксел да се преобрази од една нијанса на сива боја во друга (мерење на изостреност на сликата).* Стапката на освежување и времето на реакција може да се разликуваат во зависност од перформансите на влезниот извор.
Kаде гејмингот станува комплетен
Gaming HubЦентарот за игри овозможува инстант пристап до омилените стриминг платформи и гејминг конзоли, без никакви преземања. Играј ги игрите што веќе ги обожаваш, откривај нови и истражувај што е ново и во тренд.
* Gaming Hub е достапен во ограничен број земји, а достапноста на апликациите се разликува во зависност од земјата. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување. * Пристапот до Gaming Hub е бесплатен. Може да биде потребна претплата за пристап до содржината што ја нудат давателите на гејминг преноси на платформата Gaming Hub.* Можеби ќе треба да преземете апликации во зависност од играта или услугата.* Може да биде потребен посебен контролер во зависност од конкретната игра што ја играте на Gaming Hub.*