49" Odyssey OLED G9 G95SD DQHD
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Спектакуларен екран. Спектакуларна игра
OLED светови богати со детали на поширок, живописен екран
OLED во Dual QHDСо технологијата OLED уживај во поширок спектар на бои и живописни слики што ќе те воодушеват и ќе го подигнат твојот гејминг на ново ниво. Сите содржини оживуваат на екран со резолуција Dual QHD (5120 x 1440), со неспоредлива чистота и прецизност.
Фокусирај се, без никакви пречки
OLED без отсјај
Технологијата Glare Free значително го намалува отсјајот од надворешните светла, така што совршените бои и црни тонови на OLED-екранот ги гледаш без никакви пречки. Благодарение на екранот којшто е 54 % помалку сјаен од конвенционалната облога за заштита од рефлексија на Samsung, можеш совршено да го видиш опкружувањето во играта и да ги победиш непријателите.
* Според резултати од интерно тестирање.
Надитри ги противниците со врвна брзина
Брзина на освежување од 240 Hz и време на реакција од 0,03 ms (GtG)Избегнувај напади, бори се и вклучувај се побрзо од останатите. Технологијата OLED овозможува речиси миговна реакција благодарение на времето на реакција од 0,03 ms (GtG). Поврзувањата за HDMI 2.1 и DisplayPort те држат чекор пред конкуренцијата со брзината на освежување од 240 Hz. И милисекундите се важни кога се натпреваруваш со најдобрите.
* Според GtG измерено во услови во интерно тестирање. Резултатите може да се разликуваат во зависност од содржината и поставките на мониторот.* GtG (Сиво во Сиво - Gray to Gray) го мери времето кое му е потребно на еден пиксел да се преобрази од една нијанса на сива боја во друга (мерење на изостреност на сликата).* Стапката на освежување и времето на реакција може да се разликуваат во зависност од перформансите на влезниот извор.Таму каде што гејмингот станува комплетен
Gaming HubЦентарот за игри овозможува инстант пристап до омилените стриминг платформи и гејминг конзоли, без никакви преземања. Играј ги игрите што веќе ги обожаваш, откривај нови и истражувај што е ново и во тренд, сѐ на едно место.
* Gaming Hub е достапен во ограничен број земји, а достапноста на апликациите се разликува во зависност од земјата. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување. * Пристапот до Gaming Hub е бесплатен. Може да биде потребна претплата за пристап до содржината што ја нудат давателите на гејминг преноси на платформата Gaming Hub.* Можеби ќе треба да преземете апликации во зависност од играта или услугата.* Може да биде потребен посебен контролер во зависност од конкретната игра што ја играте на Gaming Hub.* Потребно е поврзување на интернет и Samsung Account.