37" ViewFinityUHD S8 S80UD Монитор
Gallery popup
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Прошири ја својата креативна сфера
Зголемена продуктивност за дополнителни 5 инчи
37" ергономски дисплеј
Револуционизирај го твојот работен простор со првиот UHD монитор од 37 инчи во светот. Дополнителните 5 инчи во споредба со екранот од 32 инчи овозможуваат 100% UHD искуство без потреба од намалување за подобра читливост. Со проширениот работен простор, можете лесно да се справите со сложени задачи и да ја зголемите вашата продуктивност. Плус, екранот од 37 инчи е сертифициран од TUV за удобност на очите и е дизајниран да го намали визуелниот замор - помагајќи ви да останете фокусирани за време на долгите работни сесии.1
Откриј ги подлабоките детали
UHD резолуција
Визуелна извонредност каква што очекуваат професионалците. Резолуцијата UHD (3840 x 2160) открива повисоки нивоа на детали со поголема густина на пиксели. Професионалците можат да навлезат подетално во боите и да уживаат во повеќе простор на екранот за да креираат прецизни дизајни, комплексни дијаграми и динамични видеосодржини – сè тоа со понепречен работен процес.2
Подобрена реалистичност преку повеќе бои
1,07 милијарда бои со HDR10Гледај поголем спектар на бои за неверојатни прецизност и детали. HDR10 нуди речиси неограничени нијанси и бои веродостојни на реалните, со потемни темни тонови и посветли светли тонови. Секоја содржина станува вистинско задоволство за гледање и може да се доживее токму онака како што е замислено.3
Поврзи и приспособи според своите потреби
USB-C и LAN порта
Поврзи ги сите за да го подобриш работниот простор. USB-C приклучокот овозможува полнење од 90 W и пренос на податоци во исто време, додека вградената LAN порта нуди непречена поврзаност на Етернет за лаптопи.
Приказ со подобрена разновидност
Ергономски дизајн
Уживај во идеална ергономија во која било средина. Екранот со приспособлива висина којшто се накосува и врти ти ги овозможува најдобрите агол, практичност и приспособена удобност.
Одговорно дизајнирано и изградено
Рециклирани материјали
Сертифициран од TCO, ENERGY STAR и EPEAT Gold, и со TUV-сертифициран јаглероден отпечаток на производот, мониторот Samsung ViewFinity содржи над 50% рециклирана пластика. Не се користат хемиски спрејови на пластиката на мониторот, што го олеснува рециклирањето. Плус, спојките на кутијата за пакување се залепени наместо споени со хефталка, со што се елиминира потребата од отстранување на споеви за време на расклопувањето.4