Паметен монитор M9
Паметен монитор M8
Паметен монитор M7
Пристап до телевизија со пренос во живо и стриминг услуги за миг
Smart TV апликации
Уживај во омилените содржини директно на паметниот монитор, не ти треба компјутер. Стримувај содржини директно од мониторот или, пак, пушти го Samsung TV Plus за да гледаш ТВ канали со пренос на содржина во живо и серии по барање.1
Откриј повеќе за содржините што ги гледаш
Кликни за пребарување
Подобри го доживувањето при гледање со само еден клик. Кликни за пребарување може веднаш да ти прикаже детали за биографијата и филмовите во кои глумеле глумците што ги гледаш на екранот и да ти препорача нови содржини врз основа на тоа што го гледаш во моментот.2Подобри го доживувањето при гледање со само еден клик. Кликни за пребарување може веднаш да ти прикаже детали за биографијата и филмовите во кои глумеле глумците што ги гледаш на екранот и да ти препорача нови содржини врз основа на тоа што го гледаш во моментот.2
Зголеми ја резолуцијата на содржините со AI
4K AI Upscaling Pro
Гледај ги омилените содржини со неверојатен квалитет. Со помош на процесорот NQM AI Gen3, 4K AI Upscaling Pro ја зголемува резолуцијата на содржините до квалитет од речиси 4K, правејќи го секој кадар побистар, поживописен и реалистичен.3 12
Оптимално приспособени слики со AI
AI Picture Optimizer
Без разлика на тоа дали работиш на документи, играш возбудливи игри со разни нијанси на црна боја или уживаш во живописните бои од видеата што ги гледаш, AI Picture Optimizer ти овозможува беспрекорно доживување при гледање со динамично оптимизирање на квалитетот на сликата врз основа на содржината.4
Зголемена јасност на дијалогот со AI
Active Voice Amplifier (AVA) Pro
Потони во јасен, чист звук. Благодарение на напредната обработка на аудио, Active Voice Amplifier Pro го изолира говорот од заднинските и амбиенталните звуци и испорачува кристално чисти гласови за пријатно доживување при слушање.5 12
Ергономски дизајн
Денот нека ти помине со удобност и продуктивност. Со приспособлив екран и можност за накосување, паметниот монитор ти помага да одржиш правилно држење на телото и да ја задржиш концентрацијата. Исто така, паметниот монитор се врти за 90 степени за да ти овозможи да гледаш долги документи со помалку прелистување.11
Избери го својот паметен монитор
-
Големина на екран
-
Резолуција
-
Зголемување на резолуцијата Ова претставува процес на зголемување на резолуцијата на некоја слика или видео. Преку овој процес, содржината изгледа поживописно и избистрено, што ти овозможува да ги гледаш деталите.
-
Тип панел
-
Стапка на освежување Стапка на освежување се однесува на тоа колку пати екранот ја ажурира сликата во секунда. Со висока стапка на освежување, сликата е многу јасна и избистрена и има помалку доцнење, дури и при интензивни гејмерски сесии.
-
Smart TV апликации Smart TV апликациите овозможуваат пристап до разни содржини за стриминг, директно преку мониторот.
-
Copilot Вграден во нашиот паметен монитор, Copilot ти препорачува содржини што соодветствуваат со твоето расположение.
-
SmartThings SmartThings е платформа развиена од Samsung што ти овозможува да се поврзеш и да управуваш со паметните уреди во домот на лесен начин.
-
Звучник
-
Камера
-
Држач
-
Поврзување
1. Достапноста на фукциите, услугите и апликациите може да се разликува во зависност од земјата и регионот. Samsung TV Plus може да не биде достапна во некои региони. За одредени функции може да биде потребна претплата. UI подлежи на промени без претходно известување. Со паметниот монитор не се испорачува ТВ приемник, кој не е потребен за апликации за стриминг. Потребно е поврзување со интернет. Компатибилноста контролата со тастатура и глувче се разликува во зависност од апликацијата. За пристап до целосната понуда на паметни функции како паметни услуги на мрежа, апликации (вклучувајќи игри и услуги за стриминг), функционалности за паметен дом и многу други, е потребна Samsung Account. Без најава, функционалноста е ограничена на екстерни уреди, на пример, преку HDMI. Може да се регистрираш за бесплатна Samsung Account на https://account.samsung.com. Важат Условите за користење.
2. Оваа функција е присутна кај моделите M9, M8 и M7. Функцијата е достапна само во одредени региони и на одредени модели. Функцијата е достапна на кабелска и Samsung TV Plus. Податоци за актерите се обезбедени врз основа на метаподатоците поврзани со содржината што ја гледаш. Овие информации може да не бидат секогаш целосни или точни, затоа треба да се проверат добро.
3. Оваа функција е присутна кај моделот M9. Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. Зголемувањето на резолуцијата може да не важи за поврзување со компјутер и режим на игри.
4. Оваа функција е присутна кај моделите M9, M8 и M7. Достапна само кога се користи поврзување со компјутер. Поддржаниот квалитет на сликата може да се разликува во зависност од видот на содржините што ги детектира функцијата.
5. Оваа функција е присутна кај моделите M9 и M8.
6. Оваа функција е присутна кај моделите M9, M8 и М7. Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. Потребно е поврзување со Wi-Fi, Bluetooth или друга безжична мрежа и уреди регистрирани во апликацијата SmartThings. Поврзаните уреди се продаваат одделно. За целосен список со компатибилни уреди, види на https://www.smartthings.com/products.
7. Samsung Knox го штити паметниот монитор и неговите IoT поврзувања преку апликацијата SmartThings. Не овозможува директна заштита од хакирање или физички напади на IoT уреди. Ажурирањето на безбедносниот софтверот е загарантирано најмалку пет години од пуштањето на производот во продажба. Потребно е софтверот да се ажурира со најновата верзија. Knox Vault е поддржана само на моделите M9 и M8.
8. Оваа функција е присутна кај моделите M9, M8 и М7. За Microsoft 365 е потребна корисничка сметка на Microsoft. За некои функции на Microsoft 365 е потребна претплата. За оваа функција се потребни Windows 10 Pro, Mac OS 10.5 или понови верзии и компатибилни мрежни поставки.
9. Оваа функција е присутна кај моделите M9, M8 и М7. Уредите треба да се регистрираат преку истата Samsung Account и да се поврзат на истата Wi-Fi мрежа. За Multi control се потребни ажурирани Galaxy телефони и таблети со One UI 5.1.1 или понова верзија и уреди од Galaxy Book Series што се пуштени во продажба во 2021 година или понови со Samsung Settings v1.5 (Intel) или Samsung Settings v3.3 (ARM). Можно е некои функции (како Копирај и залепи или Повлечи и спушти) да не бидат достапни при користењето одредени модели на уреди и апликации. Достапноста на функциите може да се разликува во зависност од регионот (на пр. не се достапни во Народна Република Кина).
10. Оваа функција е присутна кај моделите M9 и М8.
11. Функцијата може да се разликува во зависност од моделот.
12. Сликите на екранот се симулирани за илустрација.