Скопје, 10. Февруари 2022 - Samsung Electronics Co. ја претстави својата нова серија Galaxy Tab S8, моделите Galaxy Tab S8 и S8 +, како и првиот таблет Tab S8 Ultra со најголемиот и најхрабриот екран и најмоќните перформанси што Galaxy Tab S ги понудил досега. Најсовремениот софтвер, премиум функциите и беспрекорниот екосистем на кој се потпираат корисниците на Galaxy се комбинирани во пренослив уред дизајниран за поголема продуктивност, дизајниран да биде совршен придружник во светот на постојано поврзување каде видеото е во првите редови . Серијата Galaxy Tab S8 ви нуди, како никогаш досега, слободата и флексибилноста што ја заслужувате во работата и играњето насекаде.
Денес, повеќе од било кога, употребуваме таблети за видео повици и стриминг. Секој Galaxy Tab S8 нуди подобрено искуство за видео состаноци благодарение на ултра широките предни камери, поставувањето со три микрофони и интелигентната технологија за автоматско кадрирање за професионално искуство. Нуди револуционерни можности за мултитаскинг со подобрени Multi-active Windows и Samsung DeX, безбедно и лесно споделување датотеки со функцијата брзо споделување заштитено со лозинка и моќна продуктивност, нов супер-брз процесор од 4 nm и поелегантно S пенкало. Се ова е сместено во најтенкото и најсилното пакување на таблети досега, направени од армиран алуминиум, за подобра преносливост. За дополнително подобрување на вашето мобилно искуство, серијата Galaxy Tab S8 работи во хармонија со целиот екосистем на вашиот Galaxy уред, со функции како што се втор екран или автоматско исклучување на слушалките.
„Како што се повеќе се потпираме на видео содржини за да се поврземе и да се забавуваме, знаеме дека најголемите придобивки од таблетот се неговиот голем екран и преносливост“, изјави ТМ Роу, претседател и раководител во секторот за мобилно искуство (MX) во Samsung Electronics. „Го искористивме долгогодишното искуство во мобилните иновации за да ја усовршиме серијата Galaxy Tab S8, и да ги поместиме границите со она што е возможно на таблетот, со првиот Galaxy Tab S8 Ultra“.
Проширете го вашиот свет со првиот Galaxy Tab S8 Ultra
Galaxy Tab S8 Ultra нуди премиум искуство со таблетот како ниеден друг Galaxy Tab досега. Со голем 14,6-инчен Super AMOLED екран и стапка на освежување од 120 Hz, ги има најтенките рабови досега на Galaxy Tab од 6,3 mm за максимален сооднос екран-куќиште за вистински приказ на слики. Неговиот впечатлив дисплеј е сместен во најтенкото, но најсилно куќиште досега, заштитено со зајакната алуминиумска рамка која е над 30% поотпорна на гребење и 40% поотпорна на свиткување во споредба со Galaxy Tab S7. За најсовремена премиум технологија што можете да ја носите буквално насекаде, Tab S8 Ultra е дизајниран за целосно да се соживеете со секое видео, филм или игра во движење.
Опремен со моќни двојни предни камери од 12 MP, Tab S8 Ultra го менува и вашето искуство со видеоповици со професионален 4K видео квалитет. Напредниот хардвер совршено се вклопува со технологијата за автоматско кадрирање на Samsung која автоматски ве држи во фокус за време на повик и во исто време ја зголемува и намалува сликата за да ги видите новите учесници кога ќе ви се придружат. Исто така, ќе звучите исто толку јасно како што можете да се гледате, со три прецизни микрофони кои користат напредна технологија за да го спречат несаканиот шум во позадина. Четири звучници со Dolby Atmos технологија на сите три модели Galaxy Tab S8 гарантираат дека сè звучи совршено, со вистинити и јасни детали.
Работете, играјте и поврзете се како никогаш досега
Без разлика дали сакате да ја истражите вашата уметничка страна или сте љубител на видео игри, сега можете лесно и едноставно да извршувате повеќе задачи одеднаш. Опремени со првиот чип од 4 nm - најбрзиот процесор за таблетот Galaxy досега - Galaxy Tab S8 и S8 + нудат и одлична RAM меморија и простор за складирање на секоја задача, aко ви треба повеќе а сите три модели нудат простор за проширување до 1 TB со опционална microSD картичка.
Серијата Galaxy Tab S8 е првиот таблет на Samsung кој поддржува Wi-Fi 6E, со што се дуплира протокот и се постигнува максимална брзина на Wi-Fi 6стандардот, а со оптимизиран мрежен квалитет, не мора да се грижите за поврзување. Дополнително имате можност да споделувате содржина за неколку секунди со хипербрзиот и безбеден Galaxy 5G - без разлика дали се приклучувате од далечина или го чистите вашето сандаче додека сте во движење, оптимизираниот квалитет на мрежата може да го намали стресот поради лошата поврзаност.
Со Galaxy Tab S8, секогаш сте подготвени за акција, опремен со паметна батерија што трае цел ден и поддржува часови и часови за репродукција на видео содржина кога следите филмски маратон. Поддржува супер брзо полнење од 45 W што може да ве врати на 100% за 80 минути. Ако на другите уреди им треба полнење додека сте во движење, едноставно поврзете го вашиот Galaxy Tab S8 со вашиот паметен телефон Galaxy S22 преку USB-C кабел и неверојатната батерија на овој таблет која се полни брзо може да послужи како пренослив полнач.
И Tab S8 Ultra и Tab S8 + доаѓаат со ново и подобрено S Pen пенкало, што користи алгоритам за предвидување на ултракратко доцнење - и обезбедува импресивно искуство за пишување кое имитира движење на пенкало преку хартија. И за прв пат досега, партнерството на Samsung со Clip Studio Paint може да го претвори вашиот паметен телефон во дигитална палета на бои, вашето S Pen пенкало во четка за сликање, а големиот екран на таблетот Galaxy Tab S8 во платно. Можете да ги приспособите алатките според вашите потреби и да ја изберете опцијата за четка, па дури и да изберете живописни реални бои од сликите направени на вашиот синхронизиран телефон.
Новите можности за снимање 4K на таблетите Galaxy Tab S8 Ultra ви овозможуваат да креирате кристално чиста, впечатлива видео содржина и со задната и со ултра широката предна камера. Креаторите на содржини и стримерите сега можат лесно да снимаат онлајн упатства и игри со приспособливата функција за селфи видеа, која е сега вградена во рекордерот на Samsung екранот. Благодарение на врвната алатка за уредување LumaFusion што Galaxy наскоро ќе започне да ја користи, ќе можете да ги користите вашите Galaxy Tab S8 и S Pen за да уредувате 4K видеа со голема прецизност.
Широкиот екран на таблетот Galaxy Tab S8 Ultra исто така ви овозможува лесно да го поделите екранот на повеќе приспособливи прозорци за да можете да извршувате повеќе задачи истовремено без да се префрлате од една апликација во друга. Сега можете да барате инспирација, да пребарувате страници и да правите белешки за слајдовите за презентации во еден приказ.
Таблетите исто така играат важна улога во поврзувањето со другите. Samsung и Google соработуваа за подобро искуство со видеоповици и споделување во живо со Google Duo, за да можете да гледате видеа на YouTube со пријателите, да го споделувате вашиот прелистувач за да го планирате вашиот следен состанок или да развивате креативни идеи користејќи JamBoard, интерактивна табла на Google.
Животот отвора нови можности со Galaxy
Серијата Galaxy Tab S8 совршено функционира со целиот отворен Galaxy екосистем. Се погриживме корисничкиот интерфејс Samsung One UI Tab 4 да ви овозможи доследно и интуитивно искуство, совршено поврзување и паметни интеграции кои одат од вашиот Galaxy Taba S8 до вашиот паметен телефон и компјутер и назад.
Ако се инспирирате додека сте во движење, користете го S Pen за да правите белешки во новата и подобрена апликација Samsung Notes од серијата Galaxy Tab S8 и да ги гледате подоцна на вашиот паметен телефон кога ќе ви требаат. А со серијата Galaxy Tab S8 и Galaxy S22 Ultra, опцијата за брзо споделување ви овозможува да споделувате фотографии, видеа и датотеки помеѓу уредите двојно побрзо од претходно. Благодарение на функцијата за автоматско префрлување, вашите Galaxy слушалки автоматски ќе се спарат од Galaxy Taba S8 до вашиот Galaxy S22, така што корисниците ќе можат да се префрлаат од еден уред на друг без прекин. За прв пат функција Samsung Health е достапна на таблетите Galaxy, така што можете да пребарувате видеа за физичката кондиција за да ги пронајдете вистинските вежби и да ги следите информациите за вашето здравје и фитнес од вашиот часовник Galaxy на поголемиот екран.
Можете исто така да го претворите вашиот Galaxy Tab S8 во пренослив втор Galaxy екран на допир за повеќе задачи одеднаш. А надградбата на функцијата DeX што го префрла Galaxy Tab S8 од режим на таблет во режим на десктоп сега овозможува транспарентни прозорци на апликациите и DeX пресликување кога сакате да го споделите екранот на вашиот таблет на некој надворешен екран.