Глобални вести

Ултра големите Neo QLED телевизори на Samsung ја прават содржината пореална од кога било досега

07.04.2023

Помина времето кога седевте „залепени“ пред телевизорот за да го видите секој детал и секој момент од акцијата. Сега, поголемите ТВ екрани се популарни не само меѓу вистинските љубители на филмови, туку се и прв избор избор на корисниците кои ги сметаат за попристапни од кога било досега.

 

Како што се развива големината на просечните почетни екрани, така се развива и нивната технологија. Благодарение на ова, деталите, боите и движењата се гледаат многу подобро, така што содржината изгледа уште посовршено во поголем формат.

 

 

Почеток на ерата на премиум гледање од Neo QLED 4K

 

Лидерите во областа на премиум екраните се Samsung Neo QLED телевизорите - со најсовремена технологија Mini LED и Quantum dot која нуди совршен контраст и живописна, прецизна репродукција на боите. Исклучителниот квалитет на сликата на Neo QLED телевизорот е уште позабележителен кога се пренесува на поголем екран.

 

Моделот QN100B 98" - Samsung Neo QLED 4K - им нуди на корисниците врвна ултра фина контрола на осветлувањето благодарение на технологијата Quantum Matrix поддржана од огромната Quantum Mini LED мрежа. Така гледачите можат да ги видат најмалите детали на екранот, дури и во најтемните сцени, со подлабоки бои и контраст. Малите нијанси во осветлувањето и бојата се анализираат и пренесуваат од сцена на сцена, така што секој кадар е со највисок квалитет. 

 

Покрај неповторливите  перформанси на телевизорот за вашите омилени филмови, серии и игри, овој екран е пофален и од бројни експерти во секторот, ако и од корисниците. IMAX неодамна го пофали масивниот 98-инчен Neo QLED 4K за неговите перформанси во референтното опкружување, кои произведуваат исклучително прецизни слики.

 

„По подесувањето и анализата на овој нов модел на телевизор, можам да ви кажам дека со задоволство гледаме колку квалитетот на сликата се совпаѓа со нашиот референтен главен монитор што го користиме во завршната работа во постпродукција“, изјави Брус Марко, виш потпретседател и директор на постпродукција во IMAX Corporation. „Гледаме вредност во користењето на многу големи, висококвалитетни екрани за обработување на содржината за IMAX Enhanced мастери. Голем екран со соодветен квалитет на сликата го создава најдобриот начин за да ја примениме и користиме нашата DMR технологија за време на процесот на обработка“. 

 

Референтниот монитор е специјализиран уред со екран за оценување на бои за време на постпродукција. Референтните монитори треба да дадат исклучително верна слика за тимовите да можат да создадат најпрецизен и најквалитетен можен финален производ.

 

За да се обезбеди совршено кино искуство, IMAX филмовите се снимаат со камери со резолуција до 16K, што значи дека главниот монитор што се користи мора да биде исклучително прецизен за верно да ги прикаже намерите на креаторите.

 

 

Однесете го вашето премиум искуство на гледање на повисоко ниво со Neo QLED 8K

 

Надминувајќи ги веќе високите перформанси Neo QLED 4K, од сега достапен е и Samsung Neo QLED 8K. Овие екрани нудат неверојатен квалитет на сликата што корисниците го очекуваа од Samsung во уште појасна резолуција од 8K. Со Neo Quantum Processor 8K, најновите невронски мрежи гарантираат дека целата содржина се прикажува со најголема прецизност и беспрекорен квалитет на сликата.

 

Бидејќи платформите за стриминг почнуваат да нудат содржини оптимизирани за поголемиот сооднос 1.9:1, совршени за извонредно кино искуство, 8K телевизорот со совршен квалитет на сликата е вистински начин за поставување на домашна забава насочена кон иднината.

 

 

Раст на продажбата на премиум ТВ со Neo QLED 4K и 8K

 

Со повеќе содржини, подобри функции и уште повеќе работи што можете да ги правите на вашиот телевизор, несомнено се очекува да скокне трендот на купување на се поголеми и поголеми ТВ екрани. Според Omdia, пазарот за телевизори поголеми од 80 инчи се очекува да порасне од 2,8 милиони единици во 2022 година на 3,5 милиони во 2023 година, повеќе од 24 проценти.

 

Благодарение на својата линија на премиум телевизори, Samsung цврсто ја држи лидерската позиција во ТВ секторот веќе неверојатни 17 години. Samsung продаде импресивни 9,65 милиони QLED и Neo QLED телевизори минатата година и ја зголеми вкупната продажба на 35 милиони од воведувањето на QLED производите во 2017 година.

 

Samsung, исто така, доминираше во сегментот на ултра големите телевизори во 2022 година, со пазарен удел од 36,1% за телевизори поголеми од 75 инчи и 42,9% за оние поголеми од 80 инчи.

 

„Neo QLED нуди едно од најсовршените искуства за гледање за големи екрани над 75 инчи и веруваме дека ја претставува иднината на домашната забава“, рече Сокву Јунг, извршен потпретседател и заменик-директор на Одделот за Визуелни Прикази во Samsung Electronics. „Како што повеќе содржини и функции стануваат достапни за потрошувачите, Neo QLED 4K и 8K телевизорите ќе им помогнат да го извлечат максимумот од оваа нова содржина, со беспрекорна слика полна со реални детали.