Скопје 4 септември 2025 година – Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави Galaxy Tab S11 Ultra и Galaxy Tab S11, носејќи го своето најинтелигентно и најнапредно таблет искуство досега. Напојуван од најновиот Galaxy AI[1], сега дополнет со One UI 8[2] и нови мултимодални можности, Galaxy Tab S11 Ultra е најтенкиот Galaxy Tab до денес, без компромиси во перформансите. Сериијата е изградена за беспрекорна продуктивност во движење, комбинирајќи хардвер со професионален квалитет и искуства оптимизирани за голем екран.
Со унапреден Samsung DeX и редизајниран S Pen, Galaxy Tab S11 Ultra поддржува фокусиран мултитаскинг и непречени работни процеси, додека овозможува и креативно изразување во елегантна, пренослива форма. Без разлика дали бележите идеи на состанок, резимирате белешки од предавање или скицирате визуелни концепти – Galaxy Tab S11 Ultra им овозможува на корисниците да постигнат повеќе со помалку триење, каде и да се наоѓаат.
„Galaxy Tab S11 серијата ги комбинира AI иновациите со усовршениот хардвер за да обезбеди вистинско мултитаскинг искуство што го одразува долгогодишното искуство на Samsung во мобилната продуктивност,“ изјави Џеј Ким, извршен потпретседател и раководител на Канцеларијата за искуство на потрошувачи, Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Со најновиот Galaxy AI и новите мултимодални можности, овие премиум таблети овозможуваат крајна ефикасност – им даваат моќ на корисниците да работат, создаваат и функционираат поприродно на разновиден, голем екран.“
Моќ за секојдневни задачи со напредна AI
Со One UI 8, Galaxy Tab S11 серијата ја носи мултимодалната AI во преден план – разбира што корисниците пишуваат, зборуваат и гледаат, и одговара во реално време со корисни предлози. Овие алатки отклучуваат пофлуиден начин за работа, создавање и останување во „flow“ за време на секоја задача.
· Gemini Live[3] овозможува споделување екран во реално време и визуелен внес, па корисниците можат да водат природен разговор со Gemini за тоа што гледаат. Без разлика дали станува збор за содржина на екранот или за предмет што сакаат да го покажат со камерата – Gemini Live може да одговори на контекстуални прашања и барања гледајќи го истото што и корисникот. На пример, студент може лесно да ги сподели своите белешки на екран и да го замоли Gemini да протолкува графикон или да објасни материјал за учење.
· Со притискање и задржување на страничното копче, корисниците можат да го активираат Gemini и да извршуваат команди низ апликации со една команда. На пример, кога нема време за читање долг текст, може да се сподели линкот со Gemini и да се каже: „Резимирај ја оваа статија и зачувај ја во Samsung Notes,“ што го олеснува следното читање.
Galaxy Tab S11 серијата е преполна со дополнителни алатки за беспрекорна продуктивност и креативност – вклучувајќи го и целиот пакет Galaxy AI функции, оптимизирани за голем екран:
· Drawing Assist[4] ги претвора грубите скици во чисти визуали, кои може директно да се префрлат[5] во Samsung Notes како почетна точка за понатамошни идеи..
· Writing Assist[6] помага во преработка на тон и стил, за текстот да биде совршено прилагоден пред да се испрати во е-пошта, документ или друга апликација.
· Galaxy AI може да се прикаже како компактна подвижна икона во floating view[7], со што корисниците можат да сумираат содржина на екранот без да ја прекинат задачата.
· Circle to Search[8] со Google е уште покорисен – овозможува превод на текст во реално време при скролање и интеракција. Од вести до објави на социјални мрежи, преводите се појавуваат веднаш на екранот..
· Редизајнираното S Pen има конусен врв со зголемени агли на наклон за подобра контрола, а хексагоналниот дизајн нуди поприродно и ергономско чувство. Со Quick Tools[9] лесно се менуваат поставки при цртање или уредување, а Sticky Note овозможува бележење на мисли директно врз Samsung Notes – без потреба од менување апликации.
Полна продуктивност
Покрај Galaxy AI, унапредениот Samsung DeX[10] во Galaxy Tab S11 серијата им овозможува на корисниците да ја максимизираат својата продуктивност кога мултитаскираат низ апликации, водат белешки за време на состаноци или едноставно ги организираат идеите. Без разлика дали сте дизајнер што гради визуелни концепти или често патувате и планирате патувања низ апликации и екрани, Galaxy Tab S11 серијата поддржува секој чекор, од истражување и скицирање до споделување финални резултати.
Најновите надградби на Samsung DeX отклучуваат ново ниво на продуктивност, почнувајќи со Extended Mode, кој го претвора Galaxy Tab S11 и надворешен монитор во беспрекорна двоекранска поставка. Тој ја извршува Samsung DeX на двата екрани истовремено за поинтуитивно мултитаскирање и поголема флексибилност сега корисниците можат да влечат и пуштаат апликации меѓу дисплеите или да реферираат документ на еден екран додека презентираат на другиот.
Ново кај Samsung DeX е можноста корисниците да креираат до четири одделни, прилагодени работни простори за различни потреби. На пример, еден работен простор може да биде посветен за работа, друг за креативни проекти, трет за планирање патување.
Со унапредениот Samsung DeX, корисниците можат да постават целосно работно опкружување речиси од каде било, без разлика дали се поврзуваат на ТВ во сала за состаноци за презентација или додаваат финални детали на работен документ во аеродромскиот lounge пред почеток на одмор.
Во комбинација со Book Cover Keyboard Slim[11], Galaxy Tab S11 серијата лесно се претвора во персонализирана мобилна работна станица со моментален пристап до AI асистенти преку посветеното Galaxy AI копче.
Создаден за перформанси, изграден за мобилност
Galaxy Tab S11 серијата носи свои најнапредни перформанси досега, со најсовремениот хардвер и импресивни визуели во тенок, високо пренослив дизајн. Samsung за првпат го носи својот унапреден 3nm процесор во Galaxy Tab S11 серијата, нудејќи побрза обработка, помазен мултитаскинг и поодговорни AI функции.
- Galaxy Tab S11 Ultra има подобрувања од 33% кај NPU, 24% кај CPU и 27% кај GPU.
- Моќна батерија[12] и ефикасно управување со топлина обезбедуваат сигурна, долготрајна употреба за работа, креативност и сè помеѓу.
- Galaxy Tab S11 Ultra има исклучително тенок дизајн од само 5,1 mm[13], со тесни рамки од 5,2 mm[14], што го зголемува просторот на екранот без компромис во преносливоста.
- Двата модели имаат Dynamic AMOLED 2X дисплеи со до 1600 nits пик осветленост[15], гарантирајќи јасни и живописни визуели внатре или надвор.
Алатки што одговараат на начинот на работа на корисниците
Galaxy Tab S11 серијата им го олеснува започнувањето со работа или креативни проекти со широка поддршка за апликации[16] од трети страни. Постојан е лесниот пристап до Goodnotes[17], Clip Studio Paint[18], LumaFusion и Notion – поддржувајќи сè, од скицирање и бележење до флексибилно планирање проекти. Galaxy корисниците, исто така, добиваат ексклузивни бенефити, со посебни понуди што го олеснуваат истражувањето на овие премиум алатки, попаметното работење и отклучувањето на креативниот потенцијал. Goodnotes нуди едногодишна бесплатна верзија, Clip Studio Paint доаѓа со 6-месечна бесплатна проба и 20% попуст на првата претплата, корисниците можат да добијат 66% попуст за LumaFusion[19] заедно со едномесечен бесплатен Creator Pass. Notion[20], исто така, доаѓа со едномесечна бесплатна проба на Plus планот со Notion AI, овозможувајќи дополнителна флексибилност за пишување, планирање и организација.
Покрај овие апликации, корисниците можат да истражуваат и поширок избор на опции што поддржуваат различни потреби. Noteshelf 3[21] нуди прилагодливи распореди за фаќање и организирање идеи. ArcSite[22] им овозможува на корисниците прецизни алатки за претворање креативни скици во CAD распореди. Sketchbook обезбедува интуитивен простор за илустрации и концепт-уметност, а Picsart[23] им овозможува на креаторите да ја оживеат својата имагинација преку сопствените AI алатки за дизајн. Без разлика дали корисниците работат на креативни портфолија или треба да ја зголемат продуктивноста, овие алатки се дизајнирани да ги поедностават секојдневните задачи и да ги оптимизираат работните процеси.
Galaxy Tab S11 серијата дебитира како прв Galaxy таблет што ја носи One UI 8, нудејќи побеспрекорно и поинтелигентно AI искуство. One UI 8 ќе се прошири и на претходните генерации Galaxy уреди, вклучувајќи ја серијата Galaxy Tab S10, почнувајќи од октомври[24].
Достапност
Galaxy Tab S11 серијата ќе биде достапна почнувајќи од 4 септември на избрани пазари и ќе се нуди во две бои: сива и сребрена. За повеќе информации за Galaxy Tab S11 серијата, посетете ја страницата Samsung.mk.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги редефинира световите на телевизори, дигитални дисплеи, смартфони, носливи уреди, таблети, апарати за домаќинство и мрежни системи, како и меморија, систем LSI и полупроводничка индустрија. Samsung, исто така, ги унапредува медицинската визуелизација, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку Harman. Со својот SmartThings екосистем, отворена соработка со партнери и интеграција на AI низ својот портфолио, Samsung обезбедува беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, посетете news.samsung.com.
Спецификации
|
Galaxy Tab S11 Ultra (14.6-inch) |
Galaxy Tab S11 (11-inch) |
||
Димензии* |
208.5 X 326.3 X 5.1 mm |
165.3 X 253.8 X 5.5 mm |
||
*Точноста на бројките може да варира во зависност од методите на мерење. |
||||
Тежина* |
692 g (Wi-Fi), 695 g (5G) |
469 g (Wi-Fi), 471 g (5G) |
||
*Тежината може да варира по пазар. |
||||
OS* |
Android 16.0 One UI 8 |
|||
Дисплеј |
14.6”[25], 2960 x 1848 |
11.0”[26], 2560 x 1600 |
||
120 Hz, Dynamic AMOLED 2X + Anti Reflection |
120 Hz, Dynamic AMOLED 2X |
|||
Peak 1600 nit / HBM 1000 nit |
Peak 1600 nit / HBM 1000 nit |
|||
AP |
MediaTek Dimensity 9400+ |
|||
*Спецификациите може да варираат во зависност од моделот и/или пазарот. |
||||
Камера |
Задна |
13 MP + 8 MP Ultra Wide |
13 MP |
|
Предна |
12 MP Ultra Wide |
12 MP Ultra Wide |
||
Мрежа и конекција* |
5G (Sub-6), Wi-Fi 7 |
5G (Sub-6), Wi-Fi 6E |
||
*Брзината може да варира според пазар, оператор и услови на корисник. Wi-Fi 7 достапноста може да варира според OS верзија, пазар, локација, услови на мрежа и други фактори. Потребни се Wi-Fi 7 рутери кои се продаваат одделно. |
||||
Боја |
Сива, Сребрена |
|||
Меморија и складирање |
16 GB + 1 TB 12 GB + 512 GB 12 GB + 256 GB MicroSD up to 2 TB |
12 GB + 512 GB 12 GB + 256 GB 12 GB + 128 GB MicroSD up to 2 TB |
||
Звук |
Quad Speaker |
|||
S Pen |
S Pen (BLE не е поддржан) – вклучен |
|||
Издржливост |
IP68[27], Armor AL |
|||
SIM |
Dual SIM (1 Физичка + 1 eSIM) |
|||
Безбедност |
Отисок од прст на екран / Fingerprint on Display (FOD) |
|||
Батерија / Полнење |
11,600 mAh / 45 W |
8,400 mAh / 45 W |
||
*Типична вредност тестирана под услови на трета независна лабораторија. Типичната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата кај примероците тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 11.374 mAh за Galaxy Tab S11 Ultra и 8.160 mAh за Galaxy Tab S11. **Врз основа на внатрешни лабораториски услови на Samsung со пред-продажна верзија на дадениот модел поврзан на слушалки преку Bluetooth под стандардни поставки преку LTE. ***Брзината на брзо полнење може да варира во зависност од условите на полнење и други фактори. Се препорачува користење на оригиналниот Samsung кабел за податоци. |
||||
Аксесоари |
Тенка тастатура Book Cover Заштитна футрола Заштита за рамката Антирефлективна заштита за екран (дополнителна)
|
|||
*Спецификациите може да варираат по пазар.
*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на дизајн, цена, компоненти, перформанси, достапност и способности, се подложни на промени без најава.
1 За користење на одредени AI функции може да биде потребна најава со Samsung Account. Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции за точноста, целосноста или сигурноста на резултатите што ги обезбедуваат AI функциите. Достапноста на Galaxy AI функциите може да варира во зависност од регионот/државата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и мобилниот оператор.
2 Некои функционални виџети може да бараат мрежна конекција и/или најава со Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамки на апликациите може да варира по држава.
3 Достапноста на услугите може да варира по држава, јазик и модел на уред. Вистинскиот UX/UI може да се разликува. Потребна е интернет конекција. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Корисникот може да треба да го ажурира Android на најновата верзија. Google е трговска марка на Google LLC.
4 Функцијата Drawing Assist бара мрежна конекција и најава со Samsung Account. При зачувување, видлив воден жиг се поставува врз сликата за да се означи дека е генерирана со AI. Точноста и сигурноста на генерираните резултати не се гарантирани. Достапноста може да варира во зависност од компатибилни апликации, површини и други фактори.
5 Writing Assist бара мрежна конекција и најава со Samsung Account. Мора да се исполнат услови за должина за да се активира функцијата. Достапноста на услугата може да варира по јазик. Точноста на резултатите не е гарантирана. Поддржано е само на Samsung Notes и Samsung Internet.
6 Достапно на одредени уреди, потребна е интернет конекција. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Проверете ги одговорите за точност.
7 Во моментов поддржано само на PENUP и Samsung Notes, корисничкиот интерфејс може да варира во зависност од апликацијата.
8 Samsung DeX безжична конекција е поддржана само со телевизори што поддржуваат Android tablet screen mirroring (Miracast). Може да има разлики во перформансите во зависност од спецификациите на телевизорот и WiFi околината.
Препорачливо е користење на Samsung Smart TVs лансирани по ’19 година. При префрлување меѓу екрани, некои апликации може да се рестартираат за да се прилагодат на новиот екран, а одредени податоци во апликацијата може да не се зачуваат автоматски. Однесувањето може да варира во зависност од апликацијата и начинот на кој таа управува со промените на екран или режим.
9 Подобрените перформанси се базирани на споредба на Galaxy Tab S11 Ultra со Tab S10 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од околината на корисникот, условите и однапред инсталираниот софтвер и апликации.
10 Типична вредност тестирана под услови на трета независна лабораторија. Типичната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата кај примероците тестирани според стандардот IEC 61960. Типичниот капацитет е 11.600 mAh за Galaxy Tab S11 Ultra. Врз основа на внатрешни лабораториски услови на Samsung со пред-продажна верзија на дадениот модел поврзан на слушалки преку Bluetooth под стандардни поставки преку LTE.
11 5.5 mm кај Galaxy Tab S11.
12 7.8 mm кај Galaxy Tab S11.
13 Galaxy Tab S11 серијата има максимална осветленост од 1600 nits и надворешна осветленост од 1000 nits во High Brightness Mode.
14 Достапноста на апликациите и условите на услугите може да варираат по држава и регион.
15 Апликацијата Goodnotes бара посебно преземање од Galaxy Store и доаѓа со едногодишна бесплатна целосна верзија. По завршување на бесплатниот период, потребна е дополнителна набавка за континуирано користење. Достапноста на апликацијата и условите на услугата може да варираат по држава и регион.
16 За Clip Studio Paint е потребна членарина. Апликацијата Clip Studio Paint доаѓа прединсталирана на одредени пазари. Може да се преземе од Galaxy Store и доаѓа со 6-месечна бесплатна проба за првпатни корисници. По завршување на бесплатниот период, потребна е платена претплата на месечен или годишен план. Достапен е 20% попуст на првата претплата.
17 Апликацијата LumaFusion е прединсталирана како stub, при што корисниците треба да кликнат на иконата и да ја завршат куповината преку Galaxy Store. Сите Galaxy уреди добиваат 66% попуст при купување преку Galaxy Store и едномесечна бесплатна Creator Pass претплата. Промоцијата со 66% попуст е ограничена до 30 ноември 2026 година.
18 Апликацијата Notion бара посебно преземање од Galaxy Store и доаѓа со едномесечна бесплатна проба на Plus & Notion AI за новосоздаден Notion workspace. Достапноста на апликацијата и условите на услугата може да варираат по држава и регион.
19 Апликацијата Noteshelf 3 бара посебна набавка за надградба на Premium план. Достапен е 30% попуст за надградбата само преку Galaxy Store.
20 Апликацијата ArcSite бара посебно преземање од Galaxy Store и доаѓа со едномесечна бесплатна проба за првпатни корисници. По завршување на бесплатниот период, потребна е платена претплата на месечен или годишен план. Достапен е 30% попуст на првата месечна претплата. Достапноста на апликацијата и условите на услугата може да варираат по држава и регион.
21 Апликациите Sketchbook и Picsart бараат посебно преземање од Google Play Store. Дополнителни функции може да бараат посебна набавка.
22 Достапноста и времето може да варираат по пазар, оператор или модел.
23 Достапноста на боите и моделите може да варира во зависност од држава, регион или оператор.
24 Измерено дијагонално, Galaxy Tab S11 Ultra има големина на екранот од 14,6" во целосен правоаголник и 14,5" земајќи ги предвид заоблените агли. Вистинската видлива површина е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.
25 Измерено дијагонално, Galaxy Tab S11 има големина на екранот од 11,0" во целосен правоаголник и 10,9" земајќи ги предвид заоблените агли. Вистинската видлива површина е помала поради заоблените агли и отворот за камерата.
26 Galaxy Tab S11 серијата и вклучениот S Pen се со IP68 рејтинг според стандардот IEC 60529. Врз основа на лабораториски услови, тестирани се потопување до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути (IP68). Не се препорачува користење на плажа или базен. Водоотпорноста и отпорноста на прашина не се постојани и може да ослабат со тек на време поради нормално абење. Рејтингот за отпорност на прашина е тестиран под лабораториски услови од трета страна: 2 кг талк прав (макс. дијаметар 0,05 mm) по кубен метар е внесен во тест комора со уредот (воздушниот притисок во уредот одржуван понизок од околниот воздух) во траење од 2 часа. Рејтинг IP6X. Отпорноста на прашина може да варира во зависност од реалните услови на користење.