Со Galaxy Z Fold7, Z Flip7 и Flip7 FE сега добиваш повеќе. Во секоја смисла.
Купи го својот нов телефон и искористи ги специјалните поволности кои ти носат двојно повеќе меморија** по цена на основната варијанта, како и заштеда до 10.000 МКД*.
Без разлика дали ќе ја избереш моќта на мултитаскингот со Z Fold7 или компактната елеганција на Z Flip7 уредот, твојот Galaxy AI придружник ќе биде подготвен за сите предизвици, сега со уште поголема меморија за фотографии, видеозаписи, белешки и спомени.
Отвори нова димензија на паметни телефони, зачувај повеќе, направи повеќе, истражи повеќе.
Се регистрираше за Galaxy Unpacked настанот? Супер! Сега имаш повеќе причини за возбуда бидејќи со купување уред и негова регистрација на samsung.mk до 30.8.2025 г. те чека сјаен подарок во вредност до 3.499 МКД*
Правилата за промоцијата: 18.7. – 24.7. можете да ги најдете тука.
Правилата за промоцијата 09.7 - 16.7. можете да ги најдете тука.
Период на акцијата 18.7. – 24.7.2025 г.***
- *Наведениот износ е проценет износ за заштеда за Galaxy Z Fold7 пресметан според препорачаната малопродажна цена. Заштедата е прикажана како разлика во цената на варијантата со поголема меморија и цената на основниот модел. Износот на заштедата може да се разликува во зависност од избраниот модел на телефон и од продажниот партнер.
- **Се однесува на: Galaxy Z Fold7 12/512 GB по цената за 12/256 GB, Galaxy Z Flip7 12/512 GB по цената за 12/256 GB и Galaxy Z Flip7 FE 8/256 GB по цената за 8/128 GB. Не вклучува модел од 16/1 TB.
- ***Или до потрошување на залихите предвидени за претпродажба.
Регистрирај го твојот производ
1. чекор
Регистрирајте го купувањето на уредот на оваа страница подолу – Регистрирајте го вашиот производ овде. Регистрирањето треба да го извршите најдоцна до 30. 08. 2025 r.
2. чекор
Со кликнување на копчето се отвора формулар за регистрација. Следете ги чекорите и пополнете ги сите потребни информации.
3. чекор
Кога ќе го пополните формуларот, ќе добиете е-порака дека регистрацијата е извршена.
4. чекор
Проверувајте ја својата е-пошта за конечна потврда дека регистрацијата е одобрена. Подарокот ќе ви стигне на адресата што ја оставивте во формуларот за регистрација до 31.10.2025 г.
Купете ги новите Samsung Galaxy Z Fold7 , Galaxy Z Flip7 и Galaxy Z Flip7 FE на веб-страниците на следните продажни партнери на Samsung:
Galaxy Z Fold7
Одрекување на одговорност
- 1. Споредено со претходни Galaxy Z Fold модели.
- 2. Напредната Armor Aluminum рамка не ги вклучува јачината на звук и страничните копчиња, отворот за SIM-картичка или објективот на камерата.
- 3. Corning® Gorilla® Glass Ceramic 2 е поставено на предниот дел на уредот, а Corning® Gorilla® Glass Victus® 2 е поставено на задниот дел на уредот.
- 4. Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 не се тестирани за отпорност на гребнатини.
- 5. Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање што вклучуваат повеќе предмети, предмети што се надвор од фокус или предмети што се движат.
- 6. Покажано е подобрување на перформансите на AP споредено со Galaxy Z Fold6. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации.
- 7. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 12.06.2025–20.06.2025 со претпродажни верзии на SM-F966 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
- 8. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- 9. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Fold7 е 4272 mAh.
- 10. Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Galaxy AI функции.
- 11. Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI карактеристиките.
- 12. Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.
- 13. Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани Samsung Galaxy уреди. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни.
- 14. Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.
Galaxy Z Flip7
Одрекување на одговорност
- 1. Споредено со претходни Galaxy Z Flip модели.
- 2. Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање и/или кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
- 3. Резолуцијата од 50 MP е достапна само на широкоаголната задна камера на Galaxy Z Flip7.
- 4. Galaxy Z Flip7 има најголема осветленост од 2600 нити на главниот екран и на надворешниот екран. Екраните се адаптивни, автоматски приспособувајќи го нивото на осветлување според околината. Во средини со одредено осветлување, се активираат режимот на висока осветленост High Brightness Mode и режимот Vision Booster.
- 5. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- 6. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 12.06.2025–20.06.2025 со претпродажни верзии на SM-F766 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
- 7. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Flip7 е 4174 mAh.
- 8. Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Galaxy AI функции.
- 9. Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI карактеристиките.
- 10. Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.
- 11. Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани Samsung Galaxy уреди. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни.
- 12. Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.
- 13. За некои функционални помошни апликации може да биде потребно поврзување на мрежа и/или најава на Samsung Account. Достапноста на функциите поддржани во рамките на апликациите може да се разликува во зависност од земјата.
- 14. За карактеристиката Weather Wallpaper е потребно мрежно поврзување за да добивате податоци за временската прогноза. Може да ги прикаже податоците за временската прогноза без мрежно поврзување откако уредот ќе ги прими податоците од уредот. Прикажувањето на временските услови во реално време може да биде одложено, бидејќи услугата се потпира врз ажурирањата на информациите за локалната временска прогноза. Одредени слики направени внатре, навечер или со слаба резолуција може да не се компатибилни. Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани.
Galaxy Z Flip7 FE
Одрекување на одговорност
- 1. Резолуцијата од 50 MP е достапна само на широкоаголната задна камера на Galaxy Z Flip7 FE.
- 2. Резултатите може да се разликуваат во зависност од условите при снимање и/или кои вклучуваат повеќе предмети, предмети кои се надвор од фокус или предмети кои се движат.
- 3. Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот капацитет за Galaxy Z Flip7 FE е 3887 mAh.
- 4. Врз основа на услови за тестирање во интерна лабораторија на Samsung на претпродажни верзии на даден модел поврзан на слушалка преку Bluetooth во стандардни услови преку LTE. Проценето според капацитетот на батеријата и измерениот напон врз потрошувачката на батеријата за време на репродукција на видеозапис (резолуција на видеодатотека 720 p, зачувана на уредот). Реалното време на репродукција на видеозаписот може да се разликува во зависност од мрежната врска, поставките, форматот на видеозаписот, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.
- 5. Вистинскиот век на траење на батеријата се разликува во зависност од мрежната средина, користените функции и апликации, зачестеноста на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. Проценето според просечен кориснички профил, составен од UX Connect Research. Независно проценето од UX Connect Research во САД во периодот 12.06.2025–20.06.2025 со претпродажни верзии на SM-F761 со стандардни поставки, користејќи LTE и 5G Sub6 мрежи. НЕ се тестирани во 5G mmWave мрежа.
- 6. Може да биде потребна најава на Samsung Account за да се користат одредени Galaxy AI функции.
- 7. Samsung не дава ветувања, уверувања или гаранции за точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI карактеристиките.
- 8. Достапноста на функциите Galaxy AI може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и операторот.
- 9. Функциите Galaxy AI ќе бидат бесплатни најмалку до крајот на 2025 година на поддржани Samsung Galaxy уреди. Условите може да се разликуваат за AI функции обезбедени од трети страни.
- 10. Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.