Како да го оптимизирате звучното доживување со слушалките Galaxy Buds+

Без разлика дали сте на преполн пазар или го слушате подкастот што го сакате, вашите слушалки имаат поставки за звукот кои се совршени за вас. Постојат голем број начини да ги персонализирате поставките за звук на вашите слушалки Galaxy Buds или Buds+ за да го имате што подобро доживување.

Пред да ги испробате следниве функции, проверете дали софтверот на вашиот уред е ажуриран. Повеќе информации за тоа Како да ги поврзете слушалките Galaxy Buds + со паметните телефони Galaxy побарајте во поддршката на Samsung.

Поставки за звук за слушалки Galaxy Buds и Buds+

Кога слушалките за во уши се поврзани со апликацијата Galaxy Wearable, на почетниот екран на апликацијата можете да изберете од еден шест однапред поставени еквилајзери и да уживате во истата музика, но со различен и уникатен звук. Повлечете го лизгачот и сменете ја поставката во Нормално, Засилување на басови, Нежно, Динамично, Јасно или Засилување на високи тонови. Можете едноставно да ги испробате опциите сѐ додека не ја најдете најсоодветната верзија што моментално ви одговара. 

Еквилајзер

Забелешка: еквилајзерот е достапен и кога ја користите апликацијата Buds+ на iPhone 7 или понов телефон со систем iOS 10 или понов.

Важно е да можете јасно да ги слушате звуците од околината додека сте надвор и да слушате музика за да можете брзо да откриете потенцијално опасни ситуации.

Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред.

Чекор 2. Вклучете Звук од околината.

Чекор 3. Повлечете ја лентата за прилагодување за да ја прилагодите јачината на звуците од околината.

Вклучете Звук од околината

Ако сакате дополнителна јачина на звукот, на јазичето Labs можете да ги промените поставките и да го поставите звукот од околината на Екстремно гласно.

Чекор 4. Најдете и допрете Labs > Вклучете Екстремно гласен звук од околината.

Чекор 5. Повлечете ја лентата за прилагодување за да ја прилагодите јачината на звуците од околината на екстремно гласно.

Вклучете Екстремно гласен звук од околината

Забелешка:

  • За време на повик, функцијата Звук од околината автоматски се исклучува. По повикот, функцијата се враќа како што била.
  • Ако при функцијата на Звук од околината звук се засили, а слушалките или сунѓерчињата на слушалките не се добро сместени во увото, може да се појават повратни звуци како завивање. Внимавајте слушалките Galaxy Buds+ и нивните сунѓерчиња правилно да се поставени во вашите уши, а ако не одговараат, заменете ги со сунѓерчиња што одговараат на вашите уши.

Понекогаш сакате да користите само една слушалка во уво затоа што некој сака да разговара со вас. Автоматското вклучување на звукот на слушалките Galaxy Buds+ флексибилно ги поддржува вашите поставки за звук. Добрата вест во поглед на користењето на функцијата за автоматско вклучување звук е дека нема поставки за прилагодување. Слушалките Galaxy Buds+ автоматски ќе го префрлат излезот на звукот на моно или стерео во зависност од тоа колку слушалки се во кутијата за полнење. Кога користите една слушалка, внимавајте другата да ја ставите во кутијата за полнење за да не ја изгубите и за да не дојде до трошење на батеријата.

Автоматско вклучување на звукот на слушалките Galaxy Buds

Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации