Како да ја користите функцијата за повик со слушалките Galaxy Buds+

Кога слушалките Galaxy Buds и Galaxy Buds+ се поврзани на вашиот телефон, можете да одговорите и да управувате со повикот без да го земате телефонот. Можете да одите на трчање или во теретана кога сакате. Не мора да се грижите дали ќе пропуштите нешто. За да користите низа функции во рамките на управувањето со повик, доволен е само допир, дури и на бучни места.

Пред да ги испробате следниве функции, проверете дали софтверот на вашиот уред е ажуриран. Повеќе информации за тоа Како да ги поврзете слушалките Galaxy Buds + со паметните телефони Galaxy побарајте во поддршката на Samsung.

Одговарање или одбивање на повик

 

Кога добивате повик додека ги носите слушалките, слушалките ќе емитуваат звук и ќе добиете говорно известување за телефонскиот број од кој доаѓа повикот или името кое е зачувано во вашите контакти. Еве како да одговорите на повик, да остварите друг повик или да одбиете повик со помош на слушалките.

 

Двоен допир

  • Одговарање или одбивање на повик.
  • Ставање на тековниот повик на чекање и одговарање на другиот повик. 
  • Префрлање меѓу тековниот повик и повикот на чекање. 
Двоен допир на слушалките

Допир и држење

  • Одбивање повик.
  • Вклучување и исклучување на микрофонот за време на повикот.
  • Одговарање на задржаниот повик по завршувањето на тековниот повик.
Допир и задржување на слушалките

Ако не добивате говорно известување за телефонскиот број од кој доаѓа повикот или името зачувано во вашите контакти, можете да ги прилагодите поставките во апликацијата Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред.

Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред.

Чекор 2. Допрете Известувањa.

Чекор 3. Префрлете на ON за да добивате известувања за дојдовни повици.

Допрете Известувања

Чекор 4. Допрете Читање на глас додека го користите телефонот за да ги поставите слушалките да добиваат известувања од мобилниот уред дури и додека го користите мобилниот уред.

Поставете ги слушалките за да добивате известувања

Можете да ги изберете и апликациите од кои сакате да добивате известувања и да ги менувате поставките за известување за секоја апликација преку менито Апликации од кои се добиваат известувања.

Вашиот глас секогаш ќе се слуша кога одговарате на повик со слушалките Samsung, дури и кога сте на преполни места. Благодарение на наменските микрофони кои го преземаат вашиот глас и го изолираат од околната бучава, вашиот глас ќе се слуша јасно. Секоја слушалка има по еден внатрешен и два надворешни микрофона кои ја филтрираат бучавата.

Благодарение на внатрешните микрофони кои ја ограничуваат околната бучава, јасно ќе слушате за време на повикот. Надворешните микрофони се фокусираат на вашиот глас со што можете да бидете слушани без без прекини. Ако не можат да ве слушнат, можете да се обидете да ги прилагодите слушалките или да проверите да не е случајно исклучена јачината на звукот на микрофонот.

За подобрување на звукот кој се пренесува на другата страна за време на разговорот, препорачуваме да ја вклучите функцијата Звук од околината за време на повик.
Оваа функција овозможува појасно да го слушате вашиот глас, со што задржувате нормален напор на гласот дури и со обете слушалки во ушите.

Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата Galaxy Wearable на вашиот мобилен уред.

Чекор 2. Напредно > Звук од околината за време на повик.

Како да ја користите функцијата Звук од околината за време на повик

Други совети за подобрување на квалитетот на звукот:

  • Услугата на безжична мрежа може да биде исклучена поради проблеми со мрежата кај вашиот оператор. Внимавајте слушалките да не се во близина на електромагнетни бранови.
  • Внимавајте слушалките и другиот Bluetooth уред да се во најголем домет на Bluetooth врската (10 м или 32 стапки). Имајте на ум дека дометот може да се разликува во зависност од околината во која се користат уредите.
  • Ако на слушалките Galaxy Buds+ квалитетот на звукот не е добар, повеќе информации за тоа што да правите кога квалитетот на звукот на слушалките Galaxy Buds+ е лош, побарајте во поддршката на Samsung. 

Забелешка: Снимките на екранот на уредот и менито може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации