Galaxy Tab S11
SM-X730NZAPEUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Нашиот сеопфатен таблет започнува овде
Елегантен. Беспрекорен. Префинет.
Секој детаљ на Galaxy Tab S11 е оптимизиран да ти овозможи моќни перформанси во преубава и елегантна форма. Од подобрениот дизајн на камера, до отстранетиот отвор за безжично полнење и подобрената тенка рамка, секој агол е внимателно осмислен за непречено комбинирање на супериорни функции и елегантен дизајн. Можеш да избереш сива или сребрена боја, а таблетот ќе изгледа и ќе работи совршено.
Зборувај со Google Gemini за сѐ што гледаш
Сподели го екранот на Galaxy Tab S11 за да добиеш информации во реално време со Gemini Live. Притисни го и задржи го страничното копче за да започнеш и сподели го екранот со Google Gemini за да побараш совет. Можеш дури и да поставуваш прашања, да разговараш природно и да ги добиеш одговорите што ги бараш.
а 1
Лесен за носење. Изграден да си ја врши работата
Од неговата супертенка рамка до надградената осветленост, Dynamic AMOLED 2X екраните од 11,0 инчи на Galaxy Tab S11 овозможуваат неверојатно реалистично визуелно искуство, дури и на отворено, со зголемена осветленост во однос на Galaxy Tab S9. Од стриминг до гејминг, супериорниот екран ти овозможува да ја искусиш омилената забава како никогаш досега, и кога си дома и кога си во движење.4
Тенок. Лесен. Оптимизиран
Galaxy Tab S11 е уште потенок и полесен од Galaxy Tab S9. Префинетиот профил овозможува лесно да го држиш, да го носиш и да го спакуваш. Така што можеш да работиш и креираш кога и да ти дојде инспирација.
Надграден за повеќе агли
Уживај во пореалистичен приказ од секој агол благодарение на потенката рамка и надграденото осветлување на Galaxy Tab S11. Целосно впушти се во масивните екрани што испорачуваат неверојатни слики, дури и во светло дневно опкружување.
Паметни AI функции. Беспрекорни перформанси.
Надополни го секој миг со ултрабрзи перформанси, сега подобрени за AI. Надградениот процесор на Galaxy Tab S11 испорачува неверојатни графики, непречен мултитаскинг и зголемена брзина. Подобрените NPU, CPU и GPU овозможуваат да искусиш беспрекорно глатко лизгање и ултрамало доцнење кога се префрлаш од една на друга омилена карактеристика, апликација и содржина.5
Издржува онолку колку што можеш и ти
Овозможи си непречена работа и во најзафатените денови, со неверојатно брзото полнење и батеријата што издржува до 18 часа видеорепродукција.6
Отпорен на паѓања и прашина
Обвиткан во Armor Aluminum и IP68, Galaxy Tab S11 е изграден да издржи сѐ што ќе му приреди денот.7
Брз пристап до брзите Quick алатки
Инстантно пристапувај до менито за Quick алатките, директно со помош на S Pen пенкалото. Брзински ажурирај ги поставките како што се дебелината, бојата, омилените, Помош за белешки и многу повеќе.8
Брзи мисли. Големо влијание
Лесно прикачувај белешки во Samsung Notes датотеките со помош на S Pen пенкалото. Важните детали постојано нека ти бидат пред очи, каде што ти требаат.
Твои апликации. На твој начин
Galaxy Tab S11 доаѓа со однапред вградени апликации како што се GoodNotes, LumaFusion, Clip Studio Paint и Notion. Затоа можеш лесно да фаќаш белешки, да уредуваш, да црташ и да останеш организиран од старт. Исто така, ќе имаш пристап до оптимизирани апликации како што се Noteshelf 3, ArcSite, Sketchbook и Picsart, дизајнирани за беспрекорно работење и за подобрување на твоето креативно искуство.
Спореди Galaxy таблети
Често поставувани прашања
Galaxy Tab S11 е достапен во две бои: сива и сребрена 10
Galaxy Tab S11 е потенок и полесен, има дебелина од 5,5 mm, а сепак е помоќен од претходно. Рамките се потенки за да се добие пореалистичен екран од 11,0 инчи, а отворот за безжично полнење за S Pen пенкало е отстранет за поелегантен изглед. Исто така, доаѓа со ново шестоаголно S Pen пенкало кое е полесно за држење и носење, па така таблетот е уште попрактичен и со него можеш да си ја зголемиш креативноста.
Galaxy Tab S11 има Dynamic AMOLED 2X екран од 11,0 инчи што ги подобрува визуелната јасност и осветленоста. Една од најголемите надградби е подобреното врвно осветлување кое сега достига до 1.600 нити, а режимот на висока осветленост, High Brightness Mode, испорачува 1.000 нити, овозможувајќи полесно да гледаш дури и при силна дневна светлина. Екранот испорачува стапка на освежување од 120 Hz за течно лизгање, реактивен допир и реалистично искуство при гледање. 11
Galaxy Tab S11 воведува моќен пакет со AI функции осмислени да ти го поедностават денот и да ти ја зголемат креативноста. Веднаш разбери што има на екранот, резимирај комплексни содржини, толкувај слики или преземај паметни активности низ апликациите. Без разлика дали пишуваш, скицираш или вршиш мултитаскинг, AI интелигентно го дотерува текстот, ги претвора грубите скици во исполирани слики и ти помага да останеш организиран. 12
Од 11 јули 2025 година, функциите Call Assist на Galaxy AI (на пр. Превод во живо), Помош за белешки, Помош за пребарување, Преведувач и Transcript Assist во моментов поддржуваат 20 јазици, а Writing Assist поддржува 39 јазици, како што е наведено подолу. Јазици поддржани на Call Assist (на пр. Превод во живо), Помош за белешки, Помош за пребарување, Преведувач и Transcript Assist: корејски, англиски, шпански, француски, германски, италијански, португалски, кинески, јапонски, полски, хинди, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, руски, турски, холандски, шведски и романски.
Writing Assist поддржува 39 јазици, како што е наведено подолу. Writing Assist ги поддржува следниве јазици: англиски, португалски, шпански, француски, корејски, германски, италијански, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, хинди, полски, тајландски, виетнамски, арапски, руски, индонезиски, турски, холандски, шведски, романски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгалски и свахили. 13
Да, Galaxy Tab S11 е разновиден таблет, дизајниран за работење, за учење и за забава. Доаѓа со S Pen пенкало за фаќање белешки, скицирање или решавање математички проблеми со леснотија. Големиот екран од 11,0 инчи овозможува пријатен приказ за читање, за следење онлајн предавања или за гледање содржини. Тој е лесен и пренослив, со димензии од 253,8 × 165,3 × 5,5 mm и тежи околу 469 g (Wi-Fi), 471 g (5G), затоа лесно можеш да го носиш секаде. Благодарение на долгото траење на батеријата и непречените перформанси, тој е совршен избор за секојдневни задачи и опуштање.
Да, Galaxy Tab S11 поддржува и S Pen пенкало и тастатура Book Cover Slim. S Pen пенкалото е вклучено во кутијата и овозможува прецизно пишување, скицирање и фаќање белешки. Спари го Galaxy Tab со тастатурата Book Cover Slim која го претвора во сетап подготвен за работа. А за дополнителна разновидност и заштита, можеш да ја користиш футролата Book Cover која нуди флексибилни агли на гледање и заштита за екран со антирефлексија која помага да се намали отсјајот. 14
Galaxy Tab S11 има моќна батерија од 8.400 mAh која овозможува до 18 часа време на репродуцирање видео, така што можеш да гледаш, да пребаруваш или да работиш без често полнење. А кога ќе треба да се наполни, супербрзото полнење од 45 W може да ја наполни батеријата од 0 % до 100 % за приближно 88 минути, така што ќе можеш да му се вратиш на таблетот без да треба да чекаш долго време. 15
Galaxy Tab S11 е изграден со подобрен Armor Aluminum за подобрена издржливост и има оценка IP68 за отпорност на вода и прашина. Вклученото S Pen пенкало исто така има оценка IP68, така што може да ја издржи секојдневната употреба без разлика дали си во затворен простор или во движење. 16
Да, брзо и лесно можеш да ги префрлиш податоците од iOS на Galaxy Tab S11 со помош на Smart Switch. Smart Switch е алатка што го поедноставува префрлањето на податоците од еден уред на друг, овозможувајќи ти непречено да ги префрлиш контактите, фотографиите, видеата, белешките, настаните од календарот и многу повеќе. Новиот Galaxy Tab S11 можеш да го поврзеш со стариот уред со помош на кабел или безжично преку апликацијата Smart Switch. 17
Galaxy Tab S11 нуди две опции за меморија: меморија од 12 GB + простор за складирање од 512 GB или меморија од 12 GB + простор за складирање од 256 GB или, пак, меморија од 12 GB + 128 GB простор за складирање. Да, ако ти треба повеќе простор, лесно можеш да ја прошириш меморијата до 2 TB со microSD картичка (се продава одделно). Ова ти дава доволно простор за апликации, белешки од предавања, видеа и креативни проекти, без да се грижиш дека ќе ти снема простор. 18
Ако сакаш да го искусиш најмоќниот Galaxy таблет со AI вградена за реална продуктивност, тогаш треба да го избереш Galaxy Tab S11. Забележително тенкиот дизајн комбинира напредни перформанси и масивен екран, а сепак е лесен за носење. Galaxy AI ти помага во секојдневието со мултимодална интелигенција, помагајќи ти да ја разбереш содржината, да останеш организираш и да креираш побрзо низ апликациите. Покрај тоа, подобрениот Samsung DeX овозможува поинтуитивно искуство за мултитаскинг, така што можеш да работиш попаметно, секаде и секогаш.
Кога ќе купиш од Samsung.com, ќе добиеш пристап до ексклузивни поволности, вклучувајќи ја опцијата за откуп и Samsung Care+. Ако го купиш Galaxy Tab S11 од нас, можеш да добиеш попуст за новиот паметен телефон, кога ќе направиш откуп со кој било уред, како на пример паметен телефон, носив уред или таблет. Samsung Care+ е покритие за твојот нов уред кое опфаќа многу повеќе од само стандардната гаранција, а коешто нуди заштита од случајно оштетување и им овозможува на нашите корисници да бидат спокојни. 19
Ова S Pen пенкало е дизајнирано исклучиво за серијата Galaxy Tab S11 и е компатибилно со моделите Galaxy Tab S11 и Galaxy Tab S11 Ultra.
Спецификации
-
CPU-брзина
3.73GHz, 3.3GHz, 2.4GHz
-
CPU-тип
Осмојадрен
-
Големина (Главен Дисплеј)
11.0" (278.1mm)
-
Големина (Главен_Дисплеј)
278.1mm (11.0" полн правоаголник) / 276.2mm (10.9" со заоблени краеви)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
2560 x 1600 (WQXGA)
-
Технологија (Главен дисплеј)
Dynamic AMOLED 2X
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Да
-
Задна камера - Резолуција
13.0 MP
-
Задна камера - Автоматски фокус
Да
-
Предна камера - Резолуција
12.0 MP
-
Задна камера - Блиц
Да
-
Резолуција на видеоснимање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Меморија_(GB)
12
-
Склад (GB)
256
-
Достапен склад (GB)
224.4
-
Надворешен складишен простор
MicroSD (До 2TB)
-
USB-верзија
USB 3.2 Gen 1
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo, QZSS
-
Слушалки
USB Тип-C
-
MHL
Не
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n/ac/ax 2.4GHz+5GHz+6GHz, HE160, MIMO, 1024-QAM
-
Директен Wi-Fi
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.4
-
NFC
Не
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, DI, HAP, HFP, HID, HOGP, HSP, OPP, PAN, PBAP, PBP, TMAP
-
PC Sync.
Smart Switch (PC version)
-
Android
-
Боја
Сива
-
Фактор на форма
Таблет
-
Aкцелерометар, Сензор за отпечатоци, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Сензор за светло
-
Димензии (ВxШxД, mm)
165.3 x 253.8 x 5.5
-
Тежина (g)
469
-
Време нa репродуцирање видео (часови, безжично)
До 18
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
8400
-
Отстранлива
Не
-
Класа на енергетска ефикасност
G
-
Минимална издржливост на батеријата во циклуси
1200
-
Формат на видеорепродуцирање
MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
-
Резолуција на видеорепродуцирање
UHD 8K (7680 x 4320)@60fps
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA
-
Рециклирана содржина (%)
8.9
-
Тежина на критична суровина - кобалт (g)
20 ≤
-
Тежина на критична суровина - тантал (g)
< 0.01
-
Тежина на критична суровина - неодимиум (g)
1 ≤
-
Тежина на критична суровина - злато (g)
0.02 ≤ < 0.1
-
Рециклирање (%)
10.3
-
Gear Support
Galaxy Buds Core, Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds+, Galaxy Buds3, Galaxy Buds2, Galaxy Buds, Galaxy Buds3 FE, Galaxy Buds FE
-
Мобилен TV
Не
-
SmartThings Support
Да
-
Период на безбедносно ажурирање (важи до)
30 септември 2032
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Решенија и совети
- Кој тип на полнач го поддржува мојот Galaxy уред?
- Како да активирате и деактивирате режим на одржување
- Како да направите софтверско ресетирање на својот Samsung паметен
- Отклучете го Samsung Galaxy со претходен начин на заклучување на екранот
- Како да го ажурирате телефонот или таблетот Samsung Galaxy
Неодамна прегледано
- *Сите спецификации и описи дадени тука може да се разликуваат од вистинските спецификации и описи на производот. Samsung го задржува правото да прави промени во овој документ и производот опишан во него, во секое време, без обврска да известува за таквите промени. Сите функционалности, карактеристики, спецификации, графички кориснички интерфејс и други информации за производот содржани во овој документ вклучувајќи, но не ограничено на придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот, подлежат на промена без известување или обврска. Содржината на екранот се симулирани слики и служат само за пример.*Може да биде потребна најава на Samsung Account за користење одредени AI функции.*Samsung не дава никакви ветувања, уверувања или гаранции во однос на точноста, комплетноста или веродостојноста на резултатите добиени со AI функциите.*Достапноста на Galaxy AI функциите може да се разликува во зависност од регионот/земјата, верзијата на OS/One UI, моделот на уредот и телефонскиот оператор.*Galaxy AI функциите ќе бидат достапни бесплатно до крајот на 2025 година на поддржани уреди Samsung Galaxy. За AI функции обезбедени од трети лица може да важат други услови.*Услугата Galaxy AI може да е ограничена за малолетни лица во одредени региони со ограничувања на возраста во однос на употребата на AI.
- *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
- *Достапноста на бои и модели може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
- *Провери ги деталите подолу во врска со користењето на апликациите Galaxy Spotlight.*Достапноста на апликацијата и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.*Потребно е членство за Clip Studio Paint. Апликацијата Clip Studio Paint е однапред инсталирана на одредени пазари. Апликацијата може да се преземе од Galaxy Store и првите 6 месеци е бесплатна за оние кои ја користат првпат. Откако ќе заврши бесплатниот пробен период, потребна е претплата на месечно или годишно ниво за понатамошно користење. За прва претплата има попуст од 20 %.*Апликацијата GoodNotes треба да се преземе одделно од Galaxy Store и доаѓа со 1-годишна бесплатна целосна верзија. Откако ќе заврши периодот на бесплатната целосна верзија, треба да се плати за понатамошно користење. Достапноста на апликациите и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.*Апликацијата LumaFusion е инсталирана само делумно и корисниците треба да кликнат на иконата за да го завршат купувањето од Galaxy Store. Сите корисници на уреди Galaxy може да добијат попуст од 66 % кога купуваат од Galaxy Store и добиваат 1 месец бесплатна претплата на Creator Pass. Промоцијата на попуст од 66 % е ограничена и трае до 30 ноември 2026 година.*Апликацијата Notion треба да се преземе одделно од Galaxy Store и доаѓа со 1-месечна бесплатна верзија на Notion Plus со AI за еден новосоздаден работен простор на Notion. Достапноста на апликациите и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.*Апликацијата Noteshelf3 треба да се купи одделно за надградба на пакетот Premium. Достапен е попуст од 30 % на надградбата само преку Galaxy Store.*Апликацијата ArcSite треба да се преземе одделно од Galaxy Store и доаѓа со 1-месечна бесплатна верзија за корисници што ја користат првпат. Откако ќе заврши бесплатниот пробен период, потребна е претплата на месечно или годишно ниво за понатамошно користење. За првата месечна претплата има попуст од
- 1. *Gemini е трговска марка на компанијата Google LLC. Резултатите се за илустрација. За функцијата Gemini Live е потребно поврзување на мрежа и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата, а резултатите може да варираат. Компатибилно со одредени функции и одредени сметки. Во моментов, може да користиш лична Google Account со која управуваш ти или, пак, сметка од работното место или од училиште, а за која администраторот овозможил пристап до Gemini. Мора да бидеш на возраст од 13 години (или соодветната возраст во твојата земја) или постар/а за да ја користиш опцијата Gemini со лична или училишна Google Account; или да бидеш на возраст од 18 години или постар/а за да ја користиш опцијата Gemini со деловна сметка. Go to feature
- 2. *За функцијата Drawing Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. *Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. *Точноста и веродостојноста на генерираниот резултат не се загарантирани. Go to feature
- 3. *За опцијата Writing Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. *Мора да се исполнат условите за должина за да се активира карактеристиката. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. *Точноста на резултатите не е загарантирана. Go to feature
- 4. *Достапноста на моделот може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.*Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab S11 е 11,0 инчи како цел правоаголник и 10,9 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера.*Galaxy Tab S11 има максимална осветленост од 1600 нити и осветленост на отворено од 1000 нити во режим на висока осветленост High Brightness Mode. Go to feature
- 5. *Бројките за подобрените перформанси се базираат на споредба меѓу Galaxy Tab S11 и Galaxy Tab S9.*Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката средина, условите и инсталираните софтвер и апликации. Go to feature
- 6. *Типичната вредност е тестирана во услови на лабораторија на трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 8.160 mAh за Galaxy Tab S11.*Врз основа на тестирање во услови на интерна лабораторија на Samsung на претпродажна верзија на даден модел поврзан на слушалки преку Bluetooth со стандардни поставки преку LTE. Проценето во однос на капацитетот на батеријата и измерената струја во споредба со потрошувачката на енергија од батеријата при репродукција на видео (резолуција на видеодатотеката 720 p, зачувана на уредот). Вистинското време за репродукција на видео може да варира во зависност од мрежното поврзување, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други Go to feature
- 7. *Galaxy Tab S11 и вклученото S Pen пенкало се оценети со IP68 според IEC-стандардот 60529. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути (IP68). Не се препорачува употреба на плажа или во базен. Отпорноста на уредот на вода и прав не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење. *Отпорноста на прашина е тестирана во лабораториски услови на друг производител: 2 kg талк во прав (максимален пречник од 0,05 mm) на кубен метар беа дувани во комора за тестирање во која уредот се наоѓа 2 часа (воздушниот притисок во уредот се одржува под оној на околниот воздух). Има оценка IP6X. Отпорноста на прав може да се разликува во зависност од реалните услови на употреба. Go to feature
- 8. *Quick алатките се достапни во Samsung Notes и PENUP. UI/UX може да се разликува во зависност од апликацијата. Go to feature
- 9. *Артиклите во кутијата може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или давателот на услуги.*Податочниот кабел е достапен само во бела боја.*Адаптерот за патување НЕ е вклучен. Go to feature
- 10. *Достапноста на боите може да се разликува во зависност од земјата или операторот. Go to feature
- 11. *Достапноста на моделот може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.*Измерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy Tab S11 е 11,0 инчи како цел правоаголник и 10,9 инчи кога се сметаат заоблените агли. Вистинската површина што се гледа е помала поради заоблените агли и отворот за камера.*Galaxy Tab S11 има максимална осветленост од 1600 нити и осветленост на отворено од 1000 нити во режим на висока осветленост High Brightness Mode. Go to feature
- 12. *Gemini е трговска марка на компанијата Google LLC. Резултатите се за илустрација. За функцијата Gemini Live е потребно поврзување на мрежа и најава на Google Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уред. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата, а резултатите може да варираат. Компатибилно со одредени функции и одредени сметки. Во моментов, може да користиш лична Google Account со која управуваш ти или, пак, сметка од работното место или од училиште, а за која администраторот овозможил пристап до Gemini. Мора да бидеш на возраст од 13 години (или соодветната возраст во твојата земја) или постар/а за да ја користиш опцијата Gemini со лична или училишна Google Account; или да бидеш на возраст од 18 години или постар/а за да ја користиш опцијата Gemini со деловна сметка.*За карактеристиките Drawing Assist и Writing Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. *Видлив воден жиг е ставен на слика по зачувување за да се означи дека сликата е генерирана од AI. Go to feature
- 13. *За опцијата Writing Assist е потребно поврзување на мрежа и најава на Samsung Account. *Мора да се исполнат условите за должина за да се активира карактеристиката. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот. *Точноста на резултатите не е загарантирана. Go to feature
- 14. *Дополнителната опрема се продава одделно.*Достапноста и продажбата на дополнителната опрема може да се разликува во зависност од земјата или регионот.*Карактеристиките и изгледот на тастатурата може да се разликуваат во зависност од моделот или типот на јазик. Go to feature
- 15. *Типичната вредност е тестирана во услови на лабораторија на трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Номиналниот (минимален) капацитет е 8.160 mAh за Galaxy Tab S11.*Врз основа на тестирање во услови на интерна лабораторија на Samsung на претпродажна верзија на даден модел поврзан на слушалки преку Bluetooth со стандардни поставки преку LTE. Проценето во однос на капацитетот на батеријата и измерената струја во споредба со потрошувачката на енергија од батеријата при репродукција на видео (резолуција на видеодатотеката 720 p, зачувана на уредот). Вистинското време за репродукција на видео може да варира во зависност од мрежното поврзување, поставките, форматот на датотеката, осветленоста на екранот, состојбата на батеријата и многу други фактори.*Брзината на супербрзото полнење може да се разликува во зависност од условите на полнење и други фактори.*Се препорачува да се користи оригинален Samsung податочен кабел. Go to feature
- 16. *Galaxy Tab S11, Tab S11 Ultra и вклученото S Pen пенкало се оценети со IP68 според IEC-стандардот 60529. Според лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метар во временски период до 30 минути (IP68). Не се препорачува употреба на плажа или во базен. Отпорноста на уредот на вода и прав не е трајна и може да се намали со тек на време поради нормалното абење.*Отпорноста на прашина е тестирана во лабораториски услови на друг производител: 2 kg талк во прав (максимален пречник од 0,05 mm) на кубен метар беа дувани во комора за тестирање во која уредот се наоѓа 2 часа (воздушниот притисок во уредот се одржува под оној на околниот воздух). Има оценка IP6X. Отпорноста на прав може да се разликува во зависност од реалните услови на употреба. Go to feature
- 17. *За жичени преноси од iOS уреди потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Преносите може да се завршат без кабел преку безжично поврзување или преку iCloud. За безжични поврзувања, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 12 или понова верзија. За преноси преку iCloud, потребно е уредот што прима да има Android™ 5.0 или понова верзија и уредот што праќа да има iOS 5 или понова верзија. Отворете ја Smart Switch Mobile во „Settings“ на уредот Galaxy што прима или преземете ја апликацијата Smart Switch Mobile од Galaxy Store. За безжични преноси, преземете ја Smart Switch за iOS од App Store на вашиот iPhone или iPad. Податоците, содржината и апликациите достапни за пренос може да се разликуваат во зависност од начинот на пренесување. Контактите, галеријата, видеата, календарите и потсетниците може безжично да се пренесат од iOS уред. Go to feature
- 18. *Опциите за меморија може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот.*Достапноста на меморијата може да се разликува во зависност од софтверот кој е претходно инсталиран.*MicroSD картичката се продава одделно. Сите модели поддржуваат microSD картички со меморија до 2 TB. Надворешната меморија може да се користи за зачувување медиумски датотеки (фотографии, видеа и музички датотеки). Достапноста може да се разликува во зависност од земјата и производителот. Go to feature
- 19. *За да ги исполнувате условите за откуп, вашиот уред мора да ги исполнува сите барања од програмата за подобност. За детални информации, посетете ја www.samsung.com/mk/trade in/.*Важат Условите за употреба. Покритието за Samsung Care+, видот на услугата и деталите на промоцијата може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот и може да важат одбитоци (надомест за услуга). За квалификување за промотивната придобивка Samsung Care+, може да биде потребна регистрација. Подетални информации за Samsung Care+ може да се најдат на https://www.samsung.com/samsung-care-plus/. Go to feature
Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.