Galaxy Tab S11 Ultra
SM-X930NZAREUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Истакнати карактеристики
Карактеристики
Нашиот сеопфатен таблет започнува овде
Ултра елегантен дизајн. Опремен со S Pen пенкало од следната генерација
Секој детаљ на Galaxy Tab S11 Ultra е оптимизиран да ти овозможи моќни перформанси во преубава и елегантна форма. Од подобрениот дизајн на камера, до отстранетиот отвор за безжично полнење и подобрената тенка рамка, секој агол е внимателно осмислен за непречено комбинирање на супериорни функции и елегантен дизајн. Можеш да избереш сива или сребрена боја, а таблетот ќе изгледа и ќе работи совршено.
Зборувај со Google Gemini за сѐ што гледаш
Сподели го екранот на Galaxy Tab S11 Ultra за да добиеш информации во реално време со Gemini Live. Притисни го и задржи го страничното копче за да започнеш и сподели го екранот со Google Gemini за да побараш совет. Можеш дури и да поставуваш прашања, да разговараш природно и да ги добиеш одговорите што ги бараш.
Реалистичен приказ. И одвнатре и однадвор
Од неговата супертенка рамка до надградената осветленост, Dynamic AMOLED 2X екраните од 14,6 инчи на Galaxy Tab S11 Ultra овозможуваат неверојатно реалистично визуелно искуство, дури и на отворено, со зголемена осветленост во однос на Galaxy Tab S10 Ultra. Од стриминг до гејминг, супериорниот екран ти овозможува да ја искусиш омилената забава како никогаш досега, и кога си дома и кога си во движење. 3
Тенок. Лесен. Оптимизиран
Со своите 5,1 mm, Galaxy Tab S11 Ultra е еден од нашите најтенки и најлесни таблети досега. Неговиот ултра елегантен профил е одмислен за лесно да го чуваш в рака или в торба, така што лесно можеш да работиш и креираш од каде било.
Надграден за повеќе агли
Уживај во пореалистичен приказ од секој агол благодарение на потенката рамка и надграденото осветлување на Galaxy Tab S11 Ultra. Целосно впушти се во масивните екрани што испорачуваат неверојатни слики, дури и во светло дневно опкружување.
Екстремна AI моќност. Сериозни перформанси
Надополни го секој миг со ултрабрзи перформанси, сега подобрени за AI. Надградениот процесор на Galaxy Tab S11 Ultra испорачува неверојатни графики, непречен мултитаскинг и зголемена брзина. Подобрените NPU, CPU и GPU овозможуваат да искусиш беспрекорно глатко лизгање и ултрамало доцнење кога се префрлаш од една на друга омилена карактеристика, апликација и содржина.4
Продуктивност како никогаш досега со Samsung DeX
Samsung DeX ти овозможува да ги прошириш екраните на Galaxy Tab S11 Ultra за да можеш да создадеш средина за непречено извршување повеќе задачи одеднаш, со најмногу четири работни простори. Поместувај ги апликациите слободно и лесно од еден на друг екран за работата да ти тече непречено и ефикасно. Зголеми ја својата продуктивност со работа на повеќе екрани, повлекувајќи и спуштајќи прозорци од еден на друг екран или, пак, уживај во содржините што ти се зачувани на Galaxy Tab S11 Ultra така што ќе ги пресликаш од екранот на мониторот дома и ќе создадеш амбиент на домашно кино.
Брз пристап до брзите Quick алатки
Инстантно пристапувај до менито за Quick алатки, директно со помош на S Pen пенкалото. Брзински ажурирај ги поставките како што се дебелината, бојата, омилените, Помош за белешки и многу повеќе.7
Брзи мисли. Големо влијание
Лесно прикачувај белешки во Samsung Notes датотеките со помош на S Pen пенкалото. Важните детали постојано нека ти бидат пред очи, каде што ти требаат.
Твои апликации. На твој начин
Galaxy Tab S11 Ultra доаѓа со однапред вградени апликации како што се GoodNotes, LumaFusion, Clip Studio Paint и Notion. Затоа можеш лесно да фаќаш белешки, да уредуваш, да црташ и да останеш организиран од старт. Исто така, ќе имаш пристап до оптимизирани апликации како што се Noteshelf 3, ArcSite, Sketchbook и Picsart, дизајнирани за беспрекорно работење и за подобрување на твоето креативно искуство.
Спореди Galaxy таблети
Често поставувани прашања
Galaxy Tab S11 Ultra е достапен во две бои: сива и сребрена 9
Galaxy Tab S11 Ultra е потенок и полесен, има дебелина од 5,1 mm, а сепак е помоќен од претходно. Рамките се потенки за да се добие пореалистичен екран од 14,6 инчи, а отворот за безжично полнење за S Pen пенкало е отстранет за поелегантен изглед. Исто така, доаѓа со ново шестоаголно S Pen пенкало кое е полесно за држење и носење, па така таблетот е уште попрактичен и со него можеш да си ја зголемиш креативноста.
Galaxy Tab S11 Ultra има Dynamic AMOLED 2X екран од 14,6 инчи што ги подобрува визуелната јасност и осветленоста. Една од најголемите надградби е подобреното врвно осветлување кое сега достига до 1.600 нити, а режимот на висока осветленост, High Brightness Mode, испорачува 1.000 нити, овозможувајќи полесно да гледаш дури и при силна дневна светлина. Екранот испорачува стапка на освежување од 120 Hz за течно лизгање, реактивен допир и реалистично искуство при гледање. 10
Galaxy Tab S11 Ultra воведува моќен пакет со AI функции осмислени да ти го поедностават денот и да ти ја зголемат креативноста. Веднаш разбери што има на екранот, резимирај комплексни содржини, толкувај слики или преземај паметни активности низ апликациите. Без разлика дали пишуваш, скицираш или вршиш мултитаскинг, AI интелигентно го дотерува текстот, ги претвора грубите скици во исполирани слики и ти помага да останеш организиран. 11
Од 11 јули 2025 година, функциите Call Assist на Galaxy AI (на пр. Превод во живо), Помош за белешки, Помош за пребарување, Преведувач и Transcript Assist во моментов поддржуваат 20 јазици, а Writing Assist поддржува 39 јазици, како што е наведено подолу. Јазици поддржани на Call Assist (на пр. Превод во живо), Помош за белешки, Помош за пребарување, Преведувач и Transcript Assist: корејски, англиски, шпански, француски, германски, италијански, португалски, кинески, јапонски, полски, хинди, тајландски, виетнамски, арапски, индонезиски, руски, турски, холандски, шведски и романски.
Writing Assist поддржува 39 јазици, како што е наведено подолу. Writing Assist ги поддржува следниве јазици: англиски, португалски, шпански, француски, корејски, германски, италијански, кинески (поедноставен, традиционален), јапонски, хинди, полски, тајландски, виетнамски, арапски, руски, индонезиски, турски, холандски, шведски, романски, чешки, дански, фински, унгарски, украински, хебрејски, грчки, српски, бугарски, хрватски, норвешки, словачки, литвански, словенечки, латвиски, естонски, бенгалски и свахили. 12
Да, Galaxy Tab S11 Ultra е разновиден таблет, дизајниран за работење, за учење и за забава. Доаѓа со S Pen пенкало за фаќање белешки, скицирање или решавање математички проблеми со леснотија. Големиот екран од 14,6 инчи овозможува пријатен приказ за читање, за следење онлајн предавања или за гледање содржини. Тој е лесен и пренослив, со димензии од 326,3 × 208,5 × 5,1 mm и тежи околу 692 g (Wi-Fi), 695 g (5G), затоа лесно можеш да го носиш секаде. Благодарение на долгото траење на батеријата и непречените перформанси, тој е совршен избор за секојдневни задачи и опуштање.
Да, Galaxy Tab S11 Ultra поддржува и S Pen пенкало и тастатура Book Cover Slim. S Pen пенкалото е вклучено во кутијата и овозможува прецизно пишување, скицирање и фаќање белешки. Спари го Galaxy Tab со тастатурата Book Cover Slim која го претвора во сетап подготвен за работа. А за дополнителна разновидност и заштита, можеш да ја користиш футролата Book Cover која нуди флексибилни агли на гледање и заштита за екран со антирефлексија која помага да се намали отсјајот. 13
Galaxy Tab S11 Ultra има моќна батерија од 11.600 mAh која овозможува до 23 часа време на репродуцирање видео, така што можеш да гледаш, да пребаруваш или да работиш без често полнење. А кога ќе треба да се наполни, супербрзото полнење од 45 W може да ја наполни батеријата од 0 % до 100 % за приближно 96 минути, така што ќе можеш да му се вратиш на таблетот без да треба да чекаш долго време. 14
Galaxy Tab S11 Ultra е изграден со подобрен Armor Aluminum за подобрена издржливост и има оценка IP68 за отпорност на вода и прашина. Вклученото S Pen пенкало исто така има оценка IP68, така што може да ја издржи секојдневната употреба без разлика дали си во затворен простор или во движење. 15
Galaxy Tab S11 Ultra ги исполнува условите за до 7 генерации на наградби на Android OS, заедно со 7 години безбедносни ажурирања од датумот на глобално пуштање во употреба. Оваа долгорочна софтверска поддршка помага таблетот да остане безбеден, ажурен и компатибилен со најновите карактеристики со текот на времето. 16
Да, брзо и лесно можеш да ги префрлиш податоците од iOS на Galaxy Tab S11 Ultra со помош на Smart Switch. Smart Switch е алатка што го поедноставува префрлањето на податоците од еден уред на друг, овозможувајќи ти непречено да ги префрлиш контактите, фотографиите, видеата, белешките, настаните од календарот и многу повеќе. Новиот Galaxy Tab S11 Ultra можеш да го поврзеш со стариот уред со помош на кабел или безжично преку апликацијата Smart Switch. 17
Galaxy Tab S11 Ultra нуди две опции за меморија: меморија од 16 GB + простор за складирање од 1 TB или меморија од 12 GB + простор за складирање од 512 GB или, пак, меморија од 12 GB + 256 GB простор за складирање. Да, ако ти треба повеќе простор, лесно можеш да ја прошириш меморијата до 2 TB со microSD картичка (се продава одделно). Ова ти дава доволно простор за апликации, белешки од предавања, видеа и креативни проекти, без да се грижиш дека ќе ти снема простор. 18
Кога ќе купиш од Samsung.com, ќе добиеш пристап до ексклузивни поволности, вклучувајќи ја опцијата за откуп и Samsung Care+. Ако го купиш Galaxy Tab S11 Ultra од нас, можеш да добиеш попуст за новиот паметен телефон, кога ќе направиш откуп со кој било уред, како на пример паметен телефон, носив уред или таблет. Samsung Care+ е покритие за твојот нов уред кое опфаќа многу повеќе од само стандардната гаранција, а коешто нуди заштита од случајно оштетување и им овозможува на нашите корисници да бидат спокојни. 19
Ова S Pen пенкало е дизајнирано исклучиво за серијата Galaxy Tab S11 и е компатибилно со моделите Galaxy Tab S11 и Galaxy Tab S11 Ultra.
Спецификации
-
Процесор
3.73GHz, 3.3GHz, 2.4GHz
-
Дисплеј
14.6" (369.9mm)
-
Задна камера - Резолуција
13.0 MP + 8.0 MP
-
Тежина (g)
692
-
CPU-брзина
3.73GHz, 3.3GHz, 2.4GHz
-
CPU-тип
Осмојадрен
-
Големина (Главен Дисплеј)
14.6" (369.9mm)
-
Големина (Главен_Дисплеј)
369.9mm (14.6" полн правоаголник) / 367.2mm (14.5" со заоблени краеви)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
2960 x 1848 (WQXGA+)
-
Технологија (Главен дисплеј)
Dynamic AMOLED 2X
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
Да
-
Задна камера - Резолуција
13.0 MP + 8.0 MP
-
Задна камера - Автоматски фокус
Да
-
Предна камера - Резолуција
12.0 MP
-
Задна камера - Блиц
Да
-
Резолуција на видеоснимање
UHD 4K (3840 x 2160)@30fps
-
Меморија_(GB)
12
-
Склад (GB)
256
-
Достапен склад (GB)
227.9
-
Надворешен складишен простор
MicroSD (До 2TB)
-
USB-верзија
USB 3.2 Gen 1
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo, QZSS
-
Слушалки
USB Тип-C
-
MHL
Не
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n/ac/ax/be 2.4GHz+5GHz+6GHz, EHT320, MIMO, 4096-QAM
-
Директен Wi-Fi
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.4
-
NFC
Не
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, DI, HAP, HFP, HID, HOGP, HSP, OPP, PAN, PBAP, PBP, TMAP
-
PC Sync.
Smart Switch (PC version)
-
Android
-
Боја
Сива
-
Фактор на форма
Таблет
-
Aкцелерометар, Сензор за отпечатоци, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Сензор за светло
-
Димензии (ВxШxД, mm)
208.5 x 326.3 x 5.1
-
Тежина (g)
692
-
Време нa репродуцирање видео (часови, безжично)
До 23
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
11600
-
Отстранлива
Не
-
Формат на видеорепродуцирање
MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
-
Резолуција на видеорепродуцирање
UHD 8K (7680 x 4320)@60fps
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA
-
Gear Support
Galaxy Buds Core, Galaxy Buds3 Pro, Galaxy Buds2 Pro, Galaxy Buds Pro, Galaxy Buds Live, Galaxy Buds+, Galaxy Buds3, Galaxy Buds2, Galaxy Buds, Galaxy Buds3 FE, Galaxy Buds FE
-
Мобилен TV
Не
-
SmartThings Support
Да
-
Период на безбедносно ажурирање (важи до)
30 септември 2032
Неодамна прегледано