Нова визија за уметноста

По пуштањето во продажба на The Frame во 2017 година, Samsung започна револуција во доживувањето на уметноста во домот. Ја збогативме нашата галерија на светски познати уметнички дела и сега нудиме ексклузивен пристап до престижни современи дела од Art Basel. Претвори го својот дом во динамична галерија и биди во тек со најновите трендови и популарни дела од светот на уметноста – директно на телевизорот Samsung.

Откриј зошто е уникатна Samsung Art Store

Автентична уметност,
светски познати галерии
и уметници

Нурни во префинета уметност, со печат на извонредност. Нашите официјални врски во повеќе од 70 престижни галерии и повеќе од 800 познати уметници ти даваат пристап до богата колекција од извонредни ремек-дела. Освен тоа, нашите Pantone бои го оживуваат секое уметничко дело со неверојатна живописност, за автентично доживување на делата, во сопствениот дом.

* Потврда за точност на бои на телевизор што ја прикажува истата боја под стандарден извор на светлина (врз основа на D65) со текстура на хартија. (Грешка во степен од ΔΕ ≤ 3,0 што значи дека човек не може да забележи разлика во боите)
* Потврдата Pantone ArtfulColor е достапна само за The Frame и The Frame Pro.

Внимателно избрани препораки
за лесно откривање

Со Curated Art Home, нашите експерти нудат внимателно избрана колекција според одредена тема или истакнат уметник, овозможувајќи пристап до разновидни дела од нашата библиотека со повеќе од 3.500 уметнички дела. Сега можеш да уживаш во нова уметност, без потреба да пребаруваш.

* Art Home UI може да се разликува во зависност од регионот и подлежи на промени без претходно известување.
* Иако избраните дела се ажурираат редовно, достапноста на одредени уметнички дела може да се разликува.

Телевизор Samsung прикажува страница Curated Art Home на Art Store. Прикажани се разни опции за уметници и галерии. Избрана е опцијата за Марк Денис.

Постојано додавање
нови уметнички дела

Уживај во динамична уметничка колекција што постојано се развива. Постојано ја ажурираме нашата збирка, додавајќи нови дела кон веќе достапните 3.500 уметнички дела во Art Store, со што се грижиме секогаш да имаш избор на живописни и возбудливи дела.

Мрежа од разни уметнички дела. Има празни места понекаде, што значи дека ќе се додаваат уште уметнички дела.

Целосен пристап
до повеќе од 370 бесплатни дела

Уживај во целосен пристап до квалитетни уметнички дела, бесплатно. Со Art Store Streams, добиваш внимателно избрана колекција од 30 уметнички дела од познати уметници и институти секој месец. Истражувај повеќе од 370 извонредни бесплатни дела годишно.

* Достапноста на Art Streams може да се разликува во зависност од земјата.
* Времето во кое секој месец се испорачуваат 30 уметнички дека може да се разликува во зависност од регионот.
* Времето и честотата на испорачување на тие 30 уметнички дела може да се разликува во зависност од регионот.
* Бројот на бесплатни уметнички дела што се испорачуваат подлежи на промени без претходно известување.

Најди ги омилените уметнички дела во Art Store

Збирка уметнички дела (повеќе од 3.500 дела)

* Описи на уметничките дела се достапни само на јазиците обезбедени од нашите партнери за да се осигуриме дека намерите на уметниците ќе бидат точно пренесени.

Сортирај според
Прегледај
Не се најдени резултати
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text
Alternative Text Alternative Text

Уживај во разните уметнички дела од Art Basel на телевизори Samsung

Art Basel е светски познат саем на современа уметност што се одржува секоја година во Хонгконг, Базел, Париз и Мајами Бич.
Со учество на најдобрите галерии, изборот на изложените дела ја одразува нивната кредибилност и уметничка извонредност. Како официјален партнер, Samsung нуди пристап до овие престижни дела преку Art Store.

Четири картички содржат основни информации за двата неодамнешни и двата претстојни саеми на Art Basel. 1. Мајами Бич, 6 – 8 декември 2024. 2. Хонгконг. 28 – 30 декември 2025. 3. Базел. 19 – 22 јуни 2025. 4. Париз. 24 – 26 октомври, 2025. Картичките за Мајами Бич и Хонгконг прикажуваат по едно уметничко дело – „Peito de pombo“ (2021) и „The Fall and Rise of Being“ (2024) – додека картичките за Базел и Париз прикажуваат заматено уметничко дело со натпис „Откријте го на Art Basel“. Промотивно видео со зборовите „Дали сте подготвени за нашата уметничка авантура за 2025?“ на заматена заднина, а може да се види и насловната. Зборовите „Истражете повеќе на artbasel.com“. Лого Art Basel.

Кој уметнички телевизор е вистинскиот за тебе?

  • * Сликата е симулирана за илустрација. Изгледот и спецификациите на производот подлежат на промена.
  • * Функциите може да се разликуваат во зависност од моделот. За детали, види ги спецификациите за секој модел
  • * Распоредот на настаните може да се промени без претходна најава, во зависност од околности поврзани со домаќинот