Почувствувај ја целосната моќ на вештачката интелигенција во 4K
Нашиот NQ4 AI Gen2 процесор создава неспоредливо искуство во 4K резолуција. Напојувана од 20 AI невронски мрежи, технологијата на скалирање ги оптимизира сликата и звукот во искуство во 4K резолуција кога стримаш OTT услуги, играш видео игри или гледаш спортови во живо. А со единствените технологии, како што се извонредното мапирање бои и подобрувачот на осветлување на OLED, гледај бескомпромисно осветлување, боја, контраст и детали.
Перформанси во споредба со 2024 QLED Q70D
* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. * 4K AI скалирањето може да не важи за поврзување со персонален компјутер и режим на игри.
OLED
Длабоки црни, чисти бели и живописни бои
Единствениот OLED на Samsung изразува длабоки црни, чисти бели и цела палета живописни бои. Со врвните самоосветлувачки пикесли, гледаш чиста, светла и прецизна слика како никогаш досега.
OLED HDR+
Моќно осветлување и подлабок контраст целосно овозможени во секој пиксел
Искуси моќно осветлување и подлабок спектар на контраст. Нашиот NQ4 AI Gen2 процесор ја анализира секоја сцена за да обезбеди максимално осветлување и контраст и секој пиксел со OLED HDR+ ги истакнува и најмалите детали.
* Опсегот на HDR осветленоста се заснова врз внатрешни стандарди на тестирање и подлежи на промена во согласност со условите на гледање или спецификациите.
Samsung Tizen OS (Само за ЕУ)
Скалирај ја забавата со Samsung Tizen OS
Искуси повеќе со твојот телевизор со најновите апликации и услуги на Samsung Tizen OS. Уживај во бесплатните телевизиски канали во живо и илјадниците филмови со Samsung TV Plus и беспрекорното гејмање на облак со Gaming Hub. Можеш да управуваш со секојдневните активности со Daily+ и да ги контролираш паметните уреди од твојот телевизор со SmartThings.
* Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. * Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub.* За некои содржини и услуги потребна е регистрација и претплата.* (Со исклучок на Кина, Турција, Израел) Потребна е корисничка сметка на Samsung за да е достапен целиот спектар карактеристики на Samsung Tizen OS, вклучувајќи ги карактеристиките и апликациите на паметниот телевизор. Ако одлучиш да не се најавиш, ќе можеш да се поврзеш само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди, на пр. преку HDMI. Можеби ќе треба да користиш посебен уред (на пр. компјутер или мобилен телефон) за да креираш корисничка сметка на Samsung.
Квалитет на слика
4K AI Upscaling
4K AI скалирање
Скалирај ја содржината во 4K искуство
Нашата 4K AI технологија на скалирање напојувана од 20 AI невронски мрежи ја трансформира содржината во речиси 4K резолуција.
* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот. * Скалирањето може да не важи за поврзување со персонален компјутер и режим на игри.
Потврдено од PANTONE
Уживај во автентични бои потврдени од PANTONE
Потврдено од PANTONE за прецизни прикази на 2.030 PANTONE бои и новододадени 110 нијанси на бојата на кожата. За да можеш да уживаш во соодветно и реалистично искуство при гледање, подобро од кога било досега.
Real Depth Enhancer
Длабочината е доловена исто како со човечкото око
Real Depth Enhancer сега го отсликува начинот на кој човечките очи ја обработуваат длабочината со зголемување на контрастот во преден план. Искуси подобрено чувство на реализам со ТВ што ја доловува длабочината исто како човечкото око.
* Доживувањето при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и форматот.
Режим EyeComfort
Режим EyeComfort
Интелигентна слика оптимизирана за твоите очи
Со уникатниот режим EyeComfort на Samsung автоматски приспособи ги осветлувањето и боите на твојот екран во согласност со условите. По зајдисонце, поставките на екранот се попријатни за очите.
* Услугите за автоматско претходно вчитување подлежат на промени без претходно известување и може да се разликуваат во зависност од регионот.
Гејминг искуство
Motion Xcelerator 144Hz
Искуси ја јасноста на движењата во содржината на твоите игрите кои ги сакаш до 4K 144 Hz
Motion Xcelerator 144 Hz обезбедува ултранепречена акција, без доцнење и заматување при движење. Можеш да уживаш во чисти слики и молскавични брзини за VRR игрите до 4K 144 Hz.
* 4K 144 hz е достапно само за игри поврзани со компјутер што поддржува такви спецификации (потребна е графичка картичка на компјутер). Перформансите може да се разликуваат.
FreeSync Premium
FreeSync Premium
Без кинење, сецкање и ниска латентност на HDR гејминг
Надоврзан на AMD FreeSync™ јадрената технологија за да го намали сецкањето и кочењето на сликата, FreeSync Premium нуди вистинско HDR гејминг искуство. Создава извонредни високо динамични слики додека одржува мало доцнење за беспрекорно играње.
* Искуството при гледање може да се разликува во зависност од видот на содржината и графичкиот процесор, како и од брзината на мрежното поврзување и пинг нивоата кога играте на облак.
Game Bar
Game Bar
Optimizacija tvog gejminga
Veći i širi TV ekrani sa odnosom slike 21 : 9 i 32 : 9 daju široku preglednost i gejming višeg nivoa. Optimizuj tok svoje igre uz Game Bar na kome imaš lakši pristup raznim postavkama igre.
* Super ultraširoki prikaz igre (21 : 9, 32 : 9) raspoloživ je za određene PC i konzolne igre koje podržavaju ultraširoke ekrane. Može biti neophodna promena rezolucije ekrana sa spoljašnjeg uređaja.* Neke igre možda ne podržavaju korišćenje ove funkcije. * Režim uveličavanja Game Bara nije podržan u nekim brzinama osvežavanja.* Korisnički interfejs Game Bara je podložan promenama bez prethodnog obaveštenja.
AI Auto Game Mode
AI Auto Game Mode
Искуси беспрекорно гејмање со автоматска оптимизација на поставките предводена од AI
Дозволи телевизорот автоматски да го препознае типот на игри што ги играш и да обезбеди поставувања за секој тип игра. Ослободи се од маката за поставување на игрите и едноставно само играј.
* AI Auto Game Mode е достапно само за одредени игри со конзола.* Достапноста може да се разликува во зависност од содржината на игрите и форматот.
Синхронизација на боите
Уживај во извонредно осветлување што се синхронизира со твоите искуства за гледање и играње
Нурни се во динамично приспособени средини создадени од паметни светла што автоматски се синхронизираат со секоја содржина на екранот.
* Паметните светла се продаваат одделно.* Само во одредени региони.* Потребна е корисничка сметка на Samsung. Потребни се дополнителна инсталација на апликацијата Philips Hue Sync и платена претплата.
Звук
Dolby Atmos®
Dolby Atmos®
Подобрено искуство со Dolby Atmos
Уживај во surround звучно искуство што ќе те вовлече во акцијата. Со Dolby Atmos, OLED продуцира повеќе-димензионално аудио за неверојатно реалистичен звук.
Q-simfonija
Q-Symphony
ТВ и Soundbar звучник во совршена хармонија
Опкружи се со звук од ТВ и soundbar звучник, споени во совршена хармонија. Q-Symphony технологијата им овозможува на ТВ и soundbar-звучниците да работат истовремено за да постигнат подобар сараунд звучен ефект, без да мора да се исклучат звучниците на ТВ.
OTS Lite
OTS Lite
Реалистичен виртуелен звук кој го следи дејството
3D surround-звукот со нашиот врвен виртуелен каналски звук ти овозможува да се задлабочиш во звучното доживување.
Active Voice Amplifier Pro
Подобрувањето на гласовите напојувано од AI, ти дозволува да го слушнеш дијалогот без одвлекување на вниманието
Подобрената технологија на звук поткрепен со вештачка интелигенција го прави дијалогот кристално јасен, така што ги анализира заднинските звуци, јасноста на гласот и амбиенталната бучава за да ги изолира гласовите од другите звуци. Уживај во неспоредливо звучно искуство со јасен дијалог, дури и во средини што ти го одвлекуваат вниманието.
* Оваа карактеристика може да се активира во менито на телевизорот > интелигентен режим > Active Voice Amplifier Pro. Стандардната поставка за Active Voice Amplifier Pro е исклучена.
Adaptive Sound Pro
Adaptive Sound Pro
Автентичен звук како што замислил уметникот, ремастериран со AI аудио обработка
Adaptive Sound Pro го оптимизира звукот така што ги зема предвид карактеристиките на собата и аудио содржината. Искуси подобрена јасност на гласови и живописен но балансиран звук баш онака како што замислиле креаторите, благодарение на AI обработувањето на аудиото, што ги одвојува и обработува звучните предмети.
* Оваа карактеристика може да се активира во менито на телевизорот > интелигентен режим > Adaptive Sound Pro. Стандардната поставка за Adaptive Sound Pro е исклучена.
SmartThings
Вграден SmartThings Hub
Вграден SmartThings Hub
Беспрекорно поврзи ги паметните уреди со твојот телевизор
Со вградена SmartThings платформа на твојот телевизор можеш беспрекорно да ги поврзеш и контролираш паметните уреди компатибилни со Matter и HCA стандардите, без потреба од дополнителен уред. Можеш да добиваш и известувања во врска со статусот на твоите паметни уреди директно од екранот на телевизорот.
360 Audio Mode
Сепросторен 3D звук што обзема со Galaxy Buds
Audio 360 режимот спарен со Galaxy Buds продуцира пореалистични звуци од твојот телевизор од слушалките. Директниот систем на повеќе канали и подобрениот head tracking можат да ја утврдат насоката на звукот кога ја движиш главата, со што овозможуваат вистинско 3D реалистично искуство.
Твојот телевизор како центар за контрола на твојот дом и IoT уредите
Подобро управувај со твојот дом следејќи и контролирајќи ги домашните уреди и IoT уредите од 3D мапата на твојот дом. Лесно гледај и добивај известувања во врска со статусот на твоите паметни уреди од екранот на телевизорот.
* Сликата е симулирана и служи само за илустрација. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.
Multi View
Гледај сè на еден екран
Гледај го она што го има на телевизија и она од твојот мобилен на еден екран и тоа истовремено. Независно дали се спортски резултати во живо или видео водичи за игри, едноставно поврзи го телефонот и подели ги екраните како никогаш досега. Исто така може да уживаш во оптимизиран мултитаскинг и гледај содржина истовремено.
* Бројот на достапни прегледи и поддржани апликации/извори зависи од моделот на телевизор и може да се надгради без претходно известување. Потребна е корисничка сметка на Samsung.* Поддржува паметни телефони кои функционираат со Android OS и iOS во моделите Q70D↑.* Опцијата Multi View за телефонски уреди е достапна само на верзии со Android 4.2 или повисоки. За iOS уреди, опцијата AirPlay е поддржана на iOS 12.3 или понови верзии.* Вистинскиот интерфејс може да се разликува од прикажаниот на сликата.
Samsung Daily+
Samsung Daily+
Полесно управувај со секојдневните активности и животниот стил преку Samsung Tizen OS
Преку Samsung Tizen OS системот на отворени апликации, Daily+ ти овозможува со леснотија да управуваш со секојдневните активности и животен стил од удобноста на твојот телевизор. Daily+ вклучува апликации и услуги како што се SmartThings и Workspace.
* Samsung не е одговорна за ниту една услуга од трета страна и не е одговорна за какви било штети или загуби предизвикани од какви било услуги од трети страни.* Достапните услуги и корисничкиот интерфејс подлежат на промени без претходно известување.
SmartThings
Паметно работење со SmartThings!
Оптимизирај ги твоите домашни уреди во паметен стил на живеење, приспособен на твоите потреби. Подобрено со нашиот вграден SmartThings центар, можеш да уживаш во приспособен паметен дом со различни уреди компатибилни со SmartThings што ќе го направат полесен секојдневниот живот.
* Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. * Потребно е поврзување со Wi-Fi, Bluetooth или други безжични мрежи и најава на корисничката сметка на Samsung. * Поврзаните уреди се продаваат одделно.* За употреба на мирна технологија (анг. calm technology) потребна е согласност и со известувањето за приватност на SmartThings и со регистрираниот уред.* Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.
Дизајн
LaserSlim dizajn
LaserSlim дизајн
Елегантен и тенок профил налик ласерски зрак
Елегантниот и модерен дизајн на OLED ги комбинира уникатната убавина со неговата силна функционалност. Со револуционерниот тенок облик и минималистичката рамка, твојот телевизор беспрекорно се вклопува во секој ентериер.
Безбедност и одржливос
Samsung Knox obezbeđenje
Твојата приватност. Обезбедена.
Твојата приватност е сега обезбедена на телевизорите на Samsung. Чувствителните податоци како што се пин-кодови и лозинки се заштитени од повеќе слоеви на софтвер и хардвер. Исто така, Samsung Knox Security ги заштитува домашните IoT уреди поврзани со твојот телевизор и автоматски блокира стартување на неовластени злонамерни апликации или пристап до фишинг сајтови. На крај, посветениот тим за безбедност на Samsung помага твојот телевизор да биде безбеден со редовни ажурирања.
* Samsung Knox важи за Samsung телевизори што имаат Tizen®, објавен од 2015 г.* Сигурносното ажурирање на софтверот е гарантирано најмалку три години од пуштањето на телевизорот во продажба.* Потребно е најновото ажурирање на софтверот.
AI Energy režim
AI Energy Mode
Благодарение на интелигентната анализа заштедува енергија
Штедењето енергија е лесно со SmartThings. Со вклучување AI Energy Mode, твојот телевизор автоматски ги препознава нивоата на опкружувачкото осветлување и ги анализира навиките на користење да го приспособи осветлувањето, што помага во намалување на вкупната потрошувачка на енергија. Исто така, ја анализира телевизиската содржина кадар по кадар за дискретно да го приспособи осветлувањето каде е можно, за да се намали потрошувачката на енергија.
Стапката на заштеда на енергија може да се разликува во зависност од регионите, моделите, големините, условите на гледање или видовите на содржина. *Производите испорачани во Eco режимот имаат некои од карактеристиките на AI Energy Mode, стандардно овозможени, па може да се намалат нивоата за заштеда на енергија во споредба со стандардниот режим со вклучување на AI Energy Mode.* AI Energy Mode не функционира со режимот за игри.* Заштедата на енергија е врз основа на резултатите од интерното тестирање и може да се разликува во зависност од содржината што се прикажува и нивоата на опкружувачкото осветлување.
SolarCell Remote
Далечински управувач направен од рециклирани материјали што се полни на сончева светлина или внатрешно осветлување
Благодарение на соларниот панел на задниот дел што може да го користиш за полнење, веќе не мора да користиш батерии за еднократна употреба, за SolarCell Remote бидејќи тие не се баш најдобри за животната средина.
* За да го наполните далечинскиот управувач преку соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Поставете го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставите во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина.* Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полните со USB-C кабел. За да го проверите преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледнете го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач).* Изгледот на дизајнот и копчето на SolarCell далечинското може да се разликува во зависност од регионот.* Далечинскиот управувач SolarCell Remote во моделите на телевизори од 2024 г. содржат најмалку 24 % рециклирана пластика (врз основа на тежината на вкупната пластика)
Sound Wow together
Premium Soundbar звучник од Q-серија
Заврши го неверојатно театарско искуство
Ултратенок soundbar звучник
Неверојатно тенок, а сепак моќен
Неопходен Soundbar звучник од B-серија
Подобри го звукот што го збогатува искуството на гледање телевизија
Купи директно. Добиј повеќе.
Спецификации
OLED
9
Големина на екран
65"
Резолуција
4K (3,840 x 2,160)
Стапка на освежување
100Hz (До 144Hz)
Анти-рефлексија
Да
Picture Engine
NQ4 AI Gen2 процесор
HDR (High Dynamic Range)
OLED HDR+
HDR 10+
Да(адаптивен/ гејминг)
HLG (Hybrid Log Gamma)
Да
Контраст
Самоосветлени пиксели
Боја
Перцептивно мапирање на бои
Агол на гледање
Ултра широк агол на гледање
Подобрувач на контрастот
Real Depth Enhancer
Motion Technology
Motion Xcelerator 144Hz
Филмски режим
Да
Smart Calibration
Основно
AI Upscale
4K AI Upscaling
Filmmaker Mode (FMM)
Да
Dolby Atmos
Да
Звук кој го следи објектот
OTS Lite
Dolby Digital Plus
MS12 2CH
Q-Symphony
Да
Опис за предизбор на аудио
Да
Излез за звук (RMS)
40W
Тип звучник
2.1CH
Multiroom Link
Не
Blutooth Аудио
Да
Active Voice Amplifier
Да
Адаптивен звук
Адаптивен звук Pro
Оперативен систем
Tizen™ Smart TV
Bixby
Да
Гласовна интеракција на далечното поле
Да
Samsung TV Plus
Да(GB, FR, DE, IT, ES, CH, AT, NL, SE, NO, DK, FI, PT, IE, BE, LU)