Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Потполно уживај во нештата што ги сакаш во својот дом
Реални бои, родени во чиста состојба со фин кристал
Динамични кристални боиПотони во сликата која има милијарда нијанси на бои. Динамичните кристални бои даваат реални варијации за да можеш да ја видиш секоја суптилност.
Почувствувај ги реалните нијанси на боите, онака како што е наменето, во моќен 4K
Кристален процесор 4K
Моќното скалирање 4K се грижи секогаш да имаш 4K резолуција за содржината која ја сакаш. Ќе доживееш и пореални изрази на боите благодарение на софистицираната технологија на мапирање бои.
Види ги темните и светлите моменти во секоја сцена
HDR
Високиот динамички опсег го зголемува опсегот на светлосните нивоа на твојот телевизор, така што може да уживаш во огромен спектар на бои и сите визуелни детали дури и во најмрачните сцени.1
Направи го гејмингот подинамичен
Да ги видиме најновите технологии за гејминг дизајнирани да ти помогнат да извојуваш повеќе победи.
Подобри ја јасноста на движењата во содржината на игрите кои ги сакаш
Motion Xcelerator TurboСега подобри ја јасноста на движењата во содржината на игрите кои ги сакаш. Со технологијата на Samsung за динамичко освежување, Motion Xcelerator Turbo дава диференциран перформанс на движењето со модели од 60 Hz за да поддржи VRR игри и содржини од 120 Hz.
Сцени кои целосно ги менуваат правилата на играта
Super Ultrawide GameView и Game Bar
Соодносот на екран од 21:9 и 32:9 ти го овозможуваат дополнителниот простор за гледање што ти треба за силна игра—и за победа. Оптимизирај ја играта со Game Bar—мени на екранот преку кое можеш да правиш приспособувања на соодносот на екран, проверка на доцнењето на влезниот извор, FPS, HDR, поставките на безжичните слушалки и многу повеќе, и тоа во реално време.2
Веднаш реагира на твоите команди
Auto Low Latency Mode
Влези побрзо во играта со помош на Auto Low Latency Mode (ALLM) кој го оптимизира екранот за да имаш поголема контрола со речиси незабележливо доцнење на сликата. Доживеј го глаткото играње во својот најимпресивен облик без заматување на движењето и без вибрации.3
Реалистичен звук кој го следи дејството
Object Tracking Sound Lite (OTS Lite)3D surround-звукот со нашиот врвен виртуелен каналски звук ти овозможува целосно да се задлабочиш во звучното доживување.
ТВ и soundbar-звучник во совршена хармонија
Q-Symphony
Опкружи со се звук од ТВ и soundbar-звучник, споени во совршена хармонија. Q-Symphony им овозможува на ТВ и soundbar-звучниците да работат истовремено за да постигнат подобар сараунд ефект, без да мора да се исклучат звучниците на ТВ.
Поелегантен и потенок од кога било досега
AirSlimCrystal UHD се одликува со ултратенок профил, овозможувајќи телевизорот лесно да се вклопи во твојот ентериер за да добиеш минималистички изглед кој елегантно се истакнува.
Избери го оној гласовен асистент на кој си навикнат
Повеќе гласовни асистенти
Избери го омилениот гласовен асистент; Bixby, Amazon Alexa или Google Assistant. За прв пат, сите се вградени во твојот Samsung телевизор со цел да овозможат оптимално доживување на забавата и подобрена контрола врз твојот поврзан дом.5