Galaxy Watch Ultra (2025) (LTE, 47 mm)
SM-L705FZB2EUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики

Galaxy AI
Добре дојде во новата ера на подобро здравје овозможено со AI
Создаден за да ги поместува границите, Galaxy Watch Ultra издржува топлина до 55 °C, надморска височина од 9.000 m, подводен притисок од 10 ATM и непречено работи за време на сето тоа со помош на новиот, моќен процесор од 3 nm. Патувај уште подалеку со помош на батеријата што трае до 100 часа кога е во режим на штедење енергија. Новиот биоактивен сензор внимателно ја следи твојата состојба, а Galaxy AI ти дава податоци, помагајќи ти да ги поместиш своите граници. Сега достапен во титаниум сина — нијансата на издржливост и подготвеност за патување до посакуваното одредиште. , , , , , ,
Не пропуштај ги најважните моменти

-
Нашиот најмоќен процесор за паметен часовник
-
Дизајн од титан + заштитни перничиња
-
Стакло од сафирен кристал

-
Копче за брз пристап
-
Биоактивен сензор
-
GPS со двојна фреквенција
-
Cистем на дршки за ремчиња
Откриј нова ера на нијанси на титаниум
Galaxy Watch Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум сребрена, титаниум бела, а сега и во титаниум сина боја. Новата боја додава уште една опција во палетата на бои, а секоја од нив е неверојатна. Со разновидни ремчиња за комбинирање, сите четири бои се олицетворение на смелоста на Galaxy Watch Ultra.

Високо издржлива моќност на батерија
Без разлика на тоа дали планинариш или пешачиш со денови, поместувај ги личните граници без да се грижиш за полнење на батеријата. За миг промени го режимот — Користи го режимот на штедење енергија при вежбање за да го следиш вежбањето или режимот на штедење енергија за долгорочна употреба. Подготви се за сите возбудливи авантури. Со помош на надградената меморија од 64 GB, евидентирај уште повеќе податоци GPX и достигни нови височини. , , , ,
-
Режим на штедење енергија
До 100 ч. -
Режим на штедење енергија при вежбање
До 48 ч.


ч.
Твојот аларм за итна помош за безбедност
Ако си во опасност, притисни и задржи го копчето за брз пристап 5 секунди за да го активираш моќниот аларм за помош. Продорниот звук до 86-decibel се слуша на растојание до 180 метри, преку цела шума со дрвја. Кога не ти е доволен само GPS, часовникот Watch ти нуди СОС. Детектира паѓања, нуди СОС повик преку копчето за почетен екран и ти овозможува веднаш да пристапиш до информации за здравствената состојба. , , ,
-
До 86 dB
-
До 180 m

Притисни и држи
5 секунди
Создај сопствен пат
Скршни од зацртаниот пат и тргни по свој. Вози велосипед во неистражени кањони и создај лични маршрути на коишто ќе се навраќаш. Исполни ги авантурите со непредвидливи настани.


Лице вози велосипед на карпест предел и го снима пејзажот пред себе со помош на Galaxy Watch Ultra што го носи на рачниот зглоб. Друго лице вози велосипед пред него.
Не дозволувај мракот да ти ја засени авантурата
Остани на вистинскиот пат дури и кога не се гледа прст пред око. Кога ќе се стемни, екранот автоматски се префрла во ноќен режим, овозможувајќи ти полесно да гледаш во темницата. Продолжи ја ноќната авантура без да ја пропуштиш глетката од Млечниот пат. ,


Galaxy Watch Ultra е прикажан под сончева светлина. Како што се стемнува, екранот во ноќен режим свети на лицето на часовникот.

Следи ги Енергетските поени за ги достигнеш сите поставени цели
Откриј го потенцијалот на своето тело со помош на енергетските поени. Galaxy AI ги анализира клучните показатели за твојата општа здравствена состојба и ти обезбедува дневен резултат. Каков е твојот денешен резултат? Подготвен си да се предизвикаш? Доколку не, наштелувај си го спиењето, вежбањето и повеќе за да го доведеш телото во подобра форма за да издржи повеќе.


Како што се зголемува вредноста на енергетските поени на екранот и запира на „94“, наоколу се појавуваат картички со различни мерења на здравствената состојба при спиење, чекорите и срцебиењето.
Подобри го возењето велосипед со персонализиран FTP
Максимизирај ја способноста да ги вртиш педалите и надмини се себеси. Ако твојот паметен телефон Samsung Galaxy smartphone е спарен со мерач на моќност, Galaxy AI брзо го проценува Functional Threshold Power врз основа на твојот пулс во првите 10 минути од возењето. Постави го интензитетот на вежбањето во согласност со твојот FTP и достигни врвни перформанси. ,


Диши лесно со детекторот на ризик од ноќна апнеа
Спиј мирно — и безбедно. Galaxy Watch Ultra ти ја следи состојбата додека спиеш и ти помага да детектираш можни проблеми со спиењето. За прв пат досега на Galaxy Watch се нуди функција за ноќна апнеа.
- *За функцијата за ноќна апнеа е потребно Galaxy Watch Ultra да биде спарен со паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со оперативен систем Android OS 9.0 или понова верзија и најновата верзија на апликацијата Samsung Health Monitor app.
- *Во моментот, функцијата за ноќна апнеа е достапна само во одредени земји. За функцијата Ноќна апнеа се потребни податоци од спиењето од најмалку 2 дена од последните 10 дена (двата дена не мора да се последователни, но мора се во рамки на тие 10 дена).
- *Не е наменето за откривање, дијагноза или лекување на каква било здравствена состојба. Резултатите од детекцијата на ноќна апнеа се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- *За функцијата за ноќна апнеа е потребно Galaxy Watch Ultra да биде спарен со паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со оперативен систем Android OS 9.0 или понова верзија и најновата верзија на апликацијата Samsung Health Monitor app.
- *Во моментот, функцијата за ноќна апнеа е достапна само во одредени земји. За функцијата Ноќна апнеа се потребни податоци од спиењето од најмалку 2 дена од последните 10 дена (двата дена не мора да се последователни, но мора се во рамки на тие 10 дена).
- *Не е наменето за откривање, дијагноза или лекување на каква било здравствена состојба. Резултатите од детекцијата на ноќна апнеа се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.

Сакаш да ја провериш здравствената состојба? Само погледни кон рачниот зглоб
Одржувај здрав начин на живот со брза проверка на рутината за вежбање — од проверка на крвниот притисок до Bioelectrical Impedance Analysis.
Одржувај здрав начин на живот со брза проверка на рутината за вежбање — од проверка на крвниот притисок до Bioelectrical Impedance Analysis. Ако детектира неправилен срцев ритам, направи ECG за подетално да ја испиташ ситуацијата директно преку часовникот на зглобот.


Прикажан е графичкиот кориснички интерфејс на ECG мерењето, а времето и отчукувањата во минута се менуваат. Над мерењето, пулсот е претставен со подвижна линија и е прикажан текст „Забрзан пулс“ со знак за предупредување.
- *Тревогите за срцебиење се наменети само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување, следење или управување со каква било здравствена состојба или болест. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат медицински совет од лекар.
- *Не е наменето да дава известување за секој случај на неправилно чукање на срцето и за дијагностички цели или други срцеви заболувања. Не е наменето за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот без да се консултираат со квалификувано здравствено лице. Сензорот за PPG не е наменет да ги замени традиционалните методи за поставување дијагноза или лекување.
- *ECG апликацијата не е предвидена за корисници помлади од 22 години и не е наменета да ги замени традиционалните методи за поставување дијагноза или лекување. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице. Види на https://www.samsung.com/uk/apps/samsung-health-monitor/ за повеќе информации и новости за земјите каде што е одобрена услугата,.
- *Availability of Irregular Heart Rhythm Notification (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), функцијата работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). Не е предвидено да дава известување за секој случај на неправилен срцев ритам што укажува на атријална фибрилација (AFib), а неприкажувањето известување не посочува непостоење на заболување. Не е предвидено за корисници кои имаат други видови срцева аритмија, ниту за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице.
- *Се очекува функцијата IHRN да стане достапна во повеќе земји/региони во иднина, во согласност со регулаторниот процес на секоја земја/регион. Види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor/ за повеќе информации и новости за земјите каде што е одобрена услугата.
- *Достапноста на апликацијата ECG може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице.
Следи си го индексот AGE за повесел, поздрав живот
Внимавај на исхраната и извлечи го најдоброто од себе. Индексот за крајни производи на напредна гликација (AGE) е показател за метаболичкото здравје, врз кое влијаат исхраната и начинот на живот. Galaxy Watch Ultra ти го мери индексот AGE додека спиеш, овозможувајќи ти да ги провериш резултатите со само еден поглед кон рачниот зглоб. Следи колкаво количеството храна внесуваш, подобри го начинот на живот и одржувај ги врвните перформанси. , ,

Води сметка за здравјето на срцето при спиењето
Следи го здравјето на кардиоваскуларниот систем на едноставен начин и продолжи да ја истражуваш природата. Додека спиеш, функцијата Оптоварување на васкуларниот систем го следи оптоварувањето на кардиоваскуларниот систем, а ти ги добиваш резултатите следниот ден преку апликацијата Samsung Health App. Спореди ги резултатите со основното мерење и донесувај попаметни одлуки за повеќе сила и подобро здравје. , , ,


Видео: Сцени за да се илустрира функцијата поврзана со здравјето на кардиоваскуларниот систем и процесот на следење со помош на сензор на Galaxy Watch Ultra. Приказ одблиску од срце што чука, а потоа се намалува неговата големина. Срцето се преобразува во Galaxy Watch Ultra, а функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е прикажана на екранот. Во заднина има крвен сад низ кој течат црвени крвни клетки. На екранот е прикажана икона Labs во горниот дел, текст „Денес“, текст „Стабилно“ и графикон што посочува нормално оптоварување на васкуларниот систем и текст „Оптоварувањето на васкуларниот систем е непроменливо“.
Уживај во беспрекорното искуство со паметните телефони Android
Започни го доживувањето со Galaxy Wearable на паметниот телефон Android. Лесно спари ги Galaxy Watch, Buds и Ring со телефонот Android што го имаш. Треба само да ги преземеш апликациите Galaxy Wearable и Samsung Health преку Google Play и ништо повеќе. Може и да експериментираш со различни лица за часовник преку апликацијата Galaxy Wearable app—прави комбинации од разни карактеристики по сопствен вкус. , , , , , , , , ,
Само побарај. И ќе добиеш
Оствари максимална продуктивност со Galaxy Watch Ultra, дури и во движење. Одржувај контрола врз ситните задачи како што се проверка на текстуални пораки или останување во тек со најновите вести. Кога ги планираш обврските, Google Gemini може да ја прочита е-поштата и да го запише времето на состанокот. Ти требаат одговори веднаш? Прифати помош и остани во тек со настаните без да ти се наруши концентрацијата. Поради беспрекорната поддршка што ти е достапна на рачниот зглоб, ефикасното функционирање никогаш не било полесно. , ,

Спореди Watch
Пронајди го најдобриот Galaxy

Боја
Најнови продукти
Previous Products

Боја
Најнови продукти
Previous Products

Боја
Главни спецификации
-
Материјал
Титаниум од 4 степен -
Материјал
Алуминиумски Armor -
Материјал
Титаниум од 2 степен
-
Процесор
Процесор од 3 nm,
5 јадрен -
Процесор
Процесор од 3 nm,
5 јадрен -
Процесор
Процесор од 5 nm,
2 јадрен
-
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција -
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција -
GPS
L1 GPS
-
Поврзување
Bluetooth + LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE
-
Меморија / Склад
2 GB / 64 GB -
Меморија / Склад
2 GB / 32 GB -
Меморија / Склад
1.5 GB / 16 GB
-
Осветлување на екранот
До
3000 нита -
Осветлување на екранот
До
3000 нита -
Осветлување на екранот
До
1000 нита
-
Издржливост
10ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H
-
Батерија
590 mAh
До 60 часа(*AOD вклучен)До 100 часа
(*Вклучен режим за штедење енергија) енергија) -
Батерија
325 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен) -
Батерија
590 mAh
-
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад
-
Здравје
Енергетски резултат - Водич пред спиење Предупредување за висок стрес Тренер за трчање Персонализирана зона на срцеви отчукувања Персонализирана Functional Threshold моќност AGEs индекс Васкуларно оптоварување Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам Антиоксиданс Состав на телото Следење на циклусот -
Здравје
Енергетски резултат - Водич пред спиење Предупредување за висок стрес Тренер за трчање Персонализирана зона на срцеви отчукувања Персонализирана Functional Threshold моќност AGEs индекс Васкуларно оптоварување Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам Антиоксиданс Состав на телото Следење на циклусот -
Здравје
Енергетски резултат - Водич пред спиење -Недостапно -Недостапно Персонализирана зона на срцеви отчукувања -Недостапно -Недостапно -Недостапно Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам -Недостапно Состав на телото Следење на циклусот
-
Google Gemini
Oдостапно -
Google Gemini
Oдостапно -
Google Gemini
-Недостапно
- Galaxy Watch Ultra издржува на температури од -20 °C до 55 °C додека се носи на рачниот зглоб, според интерни лабораториски тестирања спроведени од Samsung. Вистинските перформанси може да се разликуваат во зависност од средината во којашто се користи. При многу високи или ниски температури, може да биде блокирана можноста за полнење, одредени функции може автоматски да бидат прекинати или недостапни или часовникот може автоматски да се исклучи како безбедносна мерка. Исто така, ниските температури може неповолно да влијаат врз перформансите на батеријата.
- Кога е во режим на штедење енергија, некои карактеристики, како што се Wi-Fi поврзување, движења за активирање и други, може да станат недостапни. Може да има ограничувања на брзината на CPU, на употребата на интернет во заднина, како и на услугите за локација.
- Во нормалниот режим на батеријата, кога се исклучени режимот на штедење енергија или режимот на штедење енергија при вежбање, батеријата може да трае до 60 часа со овозможена опција Always On Display или до 80 часа со оневозможена опција Always On Display.
- Траењето на батеријата се заснова врз резултати од тестирања во интерни лаборатории, спроведени од Samsung, со сценарија на типични начини на користење. Вистинското траење на батеријата може да се разликува во зависност од различните начини на користење, моделот на уредот или производителот на батеријата.
- Galaxy Watch Ultra е водоотпорен 10 минути во вода длабока 100 метри во согласност со ISO22810 стандардот. Тестирањето e спроведено во раствор од 5 % солена вода и 4 ppm вода со хлор. Galaxy Watch Ultra има IP68 оценка за водоотпорност којашто се темели на лабораториски услови за тестирање за потопување во слатка вода длабока најмногу 1,5 метри во временски период до 30 минути. Не е соодветен за активности во вода со висок притисок. Може да се користи при активности во плитка вода, како пливање во базен или во океан. Водоотпорноста не е трајна и може да исчезне со текот на времето. За повеќе информации, погледнете во упатството за корисници, како и во упатствата за грижа/употреба.
- Galaxy Watch Ultra е тестиран според стандардот MIL-STD-810H: Висока/ниска температура, надморска височина, влажност, потопување, солена магла, прашина, вибрации, падови итн. MIL-STD-810H е стандардизиран начин на тестирање создаден од Војската на САД за точна процена на ограничувањата на уредот. Употребата во реалноста може да се разликува во зависност од конкретните услови кои се применети при тестирањето. Не е загарантирано работењето во екстремни услови.
- *Титан со степен на чистота 4 е делумно нанесен во регионот на предната и задната обвивка на металната рамка, со исклучок на екранот и физичките копчиња. Останатите делови на рамката се составени од мешавина од пластика и титан со степен на чистота 2.
- Во споредба со претходни Galaxy Watch series.
- Типична вредност тестирана во лабораториски услови на трети страни. Типична вредност е проценетата просечна вредност, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960. Типичниот капацитет изнесува 590 mAh. Реалното времетраење на батеријата може да се разликува во зависност од мрежната средина, начинот на употреба и други фактори.
- Кога е во режим на штедење енергија при вежбање, некои карактеристики, како што се поврзување со мрежа/Bluetooth, IoT контрола и други, може да станат недостапни.
- Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Trail pемчето се продава одделно.
- Обезбедено кога датотеката за маршрута во формат GPX е увезена за планинарење и возење велосипед и маршрутата е поставена како цел во поставките за Samsung Health.
- За да ја користиш функцијата Враќање назад, мора да биде овозможена пред секое планинарење или возење велосипед во поставките на Samsung Health.
- Алармот репродуцира звук до 86-decibel и може да се слушне да растојание до најмногу 180 метри. Јачината и досегот на звукот може да се разликуваат во зависност од средината.
- Времетраењето на алармот може да се разликува во зависност од траењето на батеријата.
- За известување на контактот за итни случаи, потребно е мрежно поврзување. На прецизноста на GPS може да влијаат пречки на сателитскиот сигнал, како што се градби.
- Galaxy Watch Ultra има оценка за отпорност на прашина IP68 којашто се заснова на лабораториски услови за тестирање на трета страна: 2 kg талк во прав (максимален пречник од 0,05 mm) на кубен метар беа дувани во комора за тестирање во која уредот се наоѓа 2 часа (воздушниот притисок во уредот се одржува под оној на околниот воздух). Отпорноста на прашина може да се разликува во зависност од реалните услови на употреба.
- Функцијата Трка е достапна само за трчање и возење велосипед во надворешни средини. За споредбени мерења, потребно е да трчаш по истиот пат којшто е генериран однапред. Корисникот може да споредува така што ќе избере еден од зачуваните резултати кои се стари до 14 денови.
- Споредбата на резултати со помош на функцијата Трка е достапна само кога почнуваш да вежбаш на истото место каде што си започнал претходниот пат. Автоматски ќе се префрли на режим за трчање ако почетната точка е различна.
- Овозможена е персонализација на зоната за срцебиење кога ќе се избере трчање во надворешна средина. Потребно е континуирано да трчаш подолго од 10 минути со брзина од 4 km/h или побрзо.
- Ноќниот режим е достапен само кај часовници со одредени лица на часовникот.
- Ремчето PeakForm Band се продава одделно.
- Точноста на GPS може да се разликува во зависност од мрежната средина и други фактори.
- Функцијата Енергетски поени е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на Samsung account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. За да ги провериш Енергетските поени, здравствените податоци кои ги следи часовникот Samsung Galaxy Watch или прстенот Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за пулсот за време на спиењето. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- За да го измери персонализираниот FTP (праг на издржливост), паметниот телефон Samsung Galaxy smartphone мора да биде поврзан со мерач на моќност. За попрецизно да го пресмета FTP, потребно е Galaxy Watch да биде поврзан со паметен телефон. Прагот на издржливост FTP се пресметува автоматски додека трае возењето велосипед со среден или висок интензитет подолго од 4 минути и со прикачен мерач на моќноста на возењето на велосипедот. Поради тоа што користи машинско учење, колку подолго и непрекинато возите, толку попрецизни и посоодветно персонализирани вредности на FTP ќе се пресметаат. Мерачот на моќноста на возењето се продава одделно.
- Потребна е апликацијата Samsung Health application version 6.24 или понова верзија.
- Galaxy Watch Ultra мора да е спарен со паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со оперативен систем Android 11.
- Функциите за следење на спиењето се наменети само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба или нарушување на спиењето. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- На тренерот за спиење му се потребни податоци за спиењето од најмалку 7 дена, вклучувајќи ги и 2-та дена за викенд.
- За точно отчитување на крвниот притисок, потребно е да се калибрира на секои 4 седмици со монитор и манжетна за крвен притисок. Потребен е паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со оперативен систем Android 9.0 или понова верзија.
- Достапноста на апликацијата за мерење крвен притисок може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата за мерење крвен притисок работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за лица помлади од 22 години.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како и со обичен апарат и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат алкохол. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета за дијагностицирање хипертензија или други срцеви заболувања или за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи за поставување дијагноза или лекување.
- Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа во апликацијата Samsung Health Monitor app на спарен паметен телефон.
- Не е наменета за откривање, поставување дијагноза или лекување. Наменетa e само за следење на општата благосостојба и физичките активности.
- Функцијата Телесен состав е поддржана само на уреди од серијата Samsung Galaxy Watch4 series и на поновите модели на Galaxy Watch. Функцијата Телесен состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или пак, ако сте бремена. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Постои можност резултатите од мерењето да не се точни кај лица помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Компатибилните паметни телефони и достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- Сликата е симулирана за илустрација. Вистинскиот UX/UI може да се разликува.
- Функцијата Препорачани одговори е достапна само на Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra. За часовникот е потребно инсталирање на најновата верзија на Wear OS и спарување со Galaxy Z Flip6 со One UI 6.1.1 или понова верзија, почнувајќи од јули 2024 година.
- Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот и апликацијата. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Функцијата „Штипни двапати“ е исклучена според стандардните фабрички поставки. За да ја користите функцијата, таа мора да биде овозможена на Watch или на апликацијата Samsung Galaxy Wearable app.
- Galaxy Watch Ultra мора да е спарен со паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со One UI 6.1.1 или понова верзија.
- Ремчињата Trail и PeakForm ремче се продаваат одделно.
- За да ја контролираш функцијата Multisport со помош на копчето за брза промена, мора да ја конфигурираш функцијата во поставките за копчето за брза промена.
- За да се измери FTP, потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.27 или понова верзија).
- За мерење на крајните производи на напредна гликација (AGE), потребно е да се најавите на Samsung Account и да ја инсталирате апликацијата Samsung Health App, v6.27 или понова верзија. Достапна на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Функцијата AGE е поддржана само на Samsung Galaxy Watch7 и поновите модели на Samsung Galaxy Watch.
- Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Индексот AGE е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Часовникот Galaxy Watch Ultra користи оптички биосигнален сензор што функционира според ограничувањата поставени со безбедносните прописи од IEC 62471.
- Galaxy Watch7, Galaxy Watch Ultra и Galaxy Ring мора да се спарени со паметен телефон со оперативен систем Android 11.0 или понова верзија и со меморија од најмалку 1,5 GB.
- Galaxy Buds може да се поврзат како Bluetooth звук без разлика на OS, но за да се конфигурираат напредните поставки преку апликацијата Galaxy Wearable app, Galaxy Buds мора да се спарени со паметен телефон со оперативен систем Android 10.0 или понова верзија и со меморија од најмалку 1,5 GB.
- Напредните поставки што се достапни преку апликацијата Galaxy Wearable app опфаќаат Контрола на бучава, Adaptive EQ, Контрола преку „штипнување“ и ажурирање на софтверот.
- Некои функции се достапни само на одредени Samsung Galaxy паметни телефони.
- Апликацијата Galaxy Wearable app не е поддржана на iOS.
- Апликацијата Samsung Health Monitor app е достапна само на Samsung Galaxy паметни телефони.
- Функциите Gesture и Find My Ring се достапни само на одредени Samsung Galaxy паметни телефони.
- Функцијата Препорачани одговори на Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra е достапна само на is Samsung Galaxy паметни телефони.
- Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Android е трговска марка на компанијата Google LLC.
- За функцијата Поврзано дејство низ повеќе апликации се потребни поврзување со интернет и најава на сметката на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Работи со компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Може да е потребно поставување за одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Мобилната апликација Gemini е достапна на одредени уреди, јазици и земји. Компатибилен часовник Wear OS треба да се поврзе со компатибилен уред. Точноста на одговорите треба да се провери. Може да се потребни поврзување на интернет и поставување. Резултатите се само за илустрација и може да се разликуваат. Google и Gemini се трговски марки на Google LLC.
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустрација.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account. За да се измери оптоварувањето на васкуларниот систем, треба да се носи Galaxy Watch (Galaxy Watch Ultra, Watch8 или понови Galaxy Watch series) во текот на спиењето најмалку 3 дена од последните 14 дена.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е наменета само за следење на физичките активности и општата благосостојба. Ако имате кардиоваскуларно заболување или закрепнувате од операција, треба да се придржувате до терапијата пропишана од лекарот. Оваа функција на Labs може да ја прегледаш пред официјално да се пушти во употреба. Ако не сакаш да ја користиш оваа експериментална функција, може да ја исклучиш во поставките на Samsung Health.
Спецификации
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.5" (37.3mm)
-
Тежина на тело (g)
60.5
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
Сензори
Aкцелерометар, Барометар, Сензор за анализа на биоелектрична импеданса, Електричен сензор за срцето, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Инфрацрвен сензор за температура, Сензор за светло, Оптички сензор за пулсот на срцето
-
Склад (GB)
64
-
Процесор
1.6GHz, 1.5GHz
-
NFC
Да
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
47.4 x 47.1 x 12.1
-
Големина на SIM-картичка
Embedded-SIM
-
Инфра
3G WCDMA, 4G LTE FDD, 4G LTE TDD
-
3G UMTS
B1(2100), B2(1900), B4(AWS), B5(850), B8(900)
-
4G FDD LTE
B1(2100), B2(1900), B3(1800), B4(AWS), B5(850), B7(2600), B8(900), B12(700), B13(700), B14(700), B18(800), B19(800), B20(800), B25(1900), B26(850), B28(700), B66(AWS-3), B71(600)
-
4G TDD LTE
B40(2300)
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n 2.4GHz+5GHz
-
NFC
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
-
Wear OS Powered by Samsung
-
Технологија (Главен дисплеј)
Super AMOLED
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.5" (37.3mm)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
480 x 480
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
CPU-брзина
1.6GHz, 1.5GHz
-
CPU-тип
Петојадрен
-
Меморија (GB)
2
-
Склад (GB)
64
-
Достапен склад (GB)
50.0
-
Aкцелерометар, Барометар, Сензор за анализа на биоелектрична импеданса, Електричен сензор за срцето, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Инфрацрвен сензор за температура, Сензор за светло, Оптички сензор за пулсот на срцето
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
47.4 x 47.1 x 12.1
-
Тежина на тело (g)
60.5
-
Трајност
10 ATM
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
590
-
Отстранлива
Не
-
Време на користење (часови, AOD исклучено)
До 80
-
Време на користење (часови, вклучено AOD)
До 60
-
Вообичаено време на употреба (во режим за заштеда на енергија,часови)
До 100
-
Тренинг на отворено GPS (во режим на заштеда на енергија за вежбање. часови)
До 48
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Често поставувани прашања
Неодамна прегледано