Galaxy Watch8 (Bluetooth, 40 mm)
SM-L320NDAAEUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Galaxy Watch8



Најтенкиот Samsung Galaxy Watch досега, Galaxy Watch8 е тука за да направи промена. Сега, храбро преосмислен ― од популарниот нов дизајн со заштитни перничиња до Динамичниот систем на дршки за ремчиња, што го прави пријатен и удобен за носење ― истовремено испорачувајќи моќни перформанси со помош на процесорот од 3 nm. Искуси проактивен тренинг за спиење, трчање и холистичко здравје, што ги обединува интелигенцијата и индивидуалноста. Извлечи го најдоброто со помош на Galaxy AI и целосно ново искуство со One UI.
Запознај ги напредните иновации на Galaxy Watch8
Иновација во комбинација со нашиот препознатлив дизајн со заштитни перничиња1


Еден раб на Galaxy Watch8 е зумиран, при што се истакнува дизајнот со заштитни перничиња. Уредот станува проѕирен и се гледаат внатрешните компоненти.
Стекни здрава рутина за легнување 2


На екранот на Galaxy Watch8 се појавува известување. Совети за спиење. Обиди се вечерва да си легнеш помеѓу 23:00 и 23:30 часот.
Трчај според сопственото темпо со личен тренер2


На Galaxy Watch8 е прикажан текстот „Тест за нивото на трчање“. Екранот се лизга до долу и се притиска копчето „Старт“. Сега, на екранот се прикажани броеви. Време. 12:45. Времетраењето се менува од 06:46 во 06:47. Растојанието се менува од 3.25 во 3.24. Темпо 06'39". Пулс 164. Глетката се менува. Текст што гласи „Твоето ниво на трчање“. 4. Честитки!
Секогаш светол. Дури и на сонце 2


Иако екранот на Galaxy Watch8 е изложен на светлина, содржината останува остра и јасна.
Иновација во комбинација со нашиот препознатлив дизајн со заштитни перничиња
Време е за промена — го претставуваме Galaxy Watch8 со нов смел изглед, дизајниран иновативно. Елегантните контури на лицето на часовникот и тенкиот дизајн изгледаат софистицирано, а популарниот дизајн со заштитни перничиња додава впечатливост, создавајќи изглед што остава долготраен впечаток. Достапен во големина од 40 mm и 44 mm, во графитна и сребрена боја. 1

Најтенкиот Galaxy Watch
Преосмислен во најкомпактна верзија, Galaxy Watch8 е најтенкиот Galaxy Watch досега. 11 % потенок од Galaxy Watch7, елегантниот профил на Galaxy Watch8 овозможува пријатност додека го носиш на зглобот ― подобрувајќи ги твојот стил и удобноста при носењето во текот на денот, за време на вежбање, а дури и додека спиеш.3




Страничен приказ од Galaxy Watch7, а потоа постепено се појавува страничен приказ од Galaxy Watch8 од горе надолу и се прави споредба меѓу дебелината на 2-та паметни часовници. Кога се појавува целосен страничен приказ од Galaxy Watch8, часовникот има бело ремче Sport Band, кое е заврзано во форма на круг. Потоа, Galaxy Watch8 благо се врти настрана и се прикажува лицето на часовникот.
Најудобниот Galaxy Watch досега


Рака на лице е испружена нанапред, а Galaxy Watch8 со бело ремче Sport Band нежно се прикачува на зглобот.
Разубави си го денот со дополнителна удобност. Со Динамичниот систем на дршки за ремчиња, Galaxy Watch8 поудобно стои на рачниот зглоб, оставајќи минимален простор меѓу него и кожата. Ваквиот софистициран дизајн ја подобрува стабилноста, правејќи го часовникот толку пријатен и удобен што нема ни да забележиш дека го носиш. Имај поубав ден со најудобниот Galaxy Watch досега. 3, 4
Моќен и однатре и однадвор
Бои за сечиј стил



Galaxy Watch8 во сребрена боја е прикажан од предната страна, од предната страна под делумен агол и странично, при што се гледаат копчињата Home и Back.



Galaxy Watch8 во графитна боја е прикажан од предната страна, од предната страна под делумен агол и странично, при што се гледаат копчињата Home и Back.
Избери ремче што прилега на денот1


Изгради здрави навики за спиење со Galaxy AI

Совети за спиење
Стекни здрава рутина за легнување
Изгради здрави навики за спиење со помош на Совети за спиење. Galaxy Watch8 користи податоци за спиењето во период од три дена за да го открие оптималното време за легнување, што е првиот чекор кон подобар сон. Добивај паметни потсетувања за идеалното време за легнување и одмори се како човек. Разбуди се освежен, со енергија и поголема подготвеност за справување со предизвиците што ги носи денот — сето тоа со помош на персонализиран распоред за спиење. 2,5


Приказ од благо накривена предна страна на Galaxy Watch8, а лицето на часовникот ги покажува времето и датумот. Белата стрелка за минути и портокаловата стрелка за секунди се поместуваат. Штом стигне до дваесет и еден часот, на лицето на Galaxy Watch8 се прикажуваат иконата на Samsung Health и Совети за спиење со известување што гласи „Обиди се вечерва да си легнеш помеѓу 23:00 и 23:30 часот“.

Енергетски поени
Дознај си го нивото на енергија. Доминирај со денот
Разбери како ти функционира телото и започни го денот на попаметен начин. Galaxy Watch8 ги анализира твоите вежбања, навиките на спиење и отчукувањето на срцето во текот на ноќта за да ти обезбеди предвидување за денот ― твоите Енергетски поени. Проверувај ги увидите од Galaxy AI и прави детален преглед на секој индекс. Испланирај го денот за да го извадиш максимумот од секој момент. 2,6


На лицето на Galaxy Watch8 е прикажан екранот Енергетски поени со вредност „92“ и зборот „Одлично“. Galaxy Watch8 исчезнува и се појавува Samsung Galaxy smartphone на кој е прикажан екранот Енергетски поени со список од факторите што влијаат врз енергетските поени.

Најди го темпото и тркај се на свој начин

Тренер за трчање
Трчај според сопственото темпо со личен тренер
Кога целосно ќе се одмориш од квалитетниот сон, време е за акција. Започни со тест за да го откриеш нивото на трчање од 1 до 10. Постави си цели и работи на тоа да ги надминеш со тренинг по сопствена мерка. Без разлика на тоа дали си почетник или тренираш за маратон, програмата од тренерот за трчање што трае 3-5 седмици и е приспособена на твојот капацитет за трчање ќе ти дава насоки и ќе те мотивира да ја достигнеш секоја зацртана цел, помагајќи ти да ги надминеш пречките. 2,12


На Galaxy Watch8 е прикажан екранот Тренер за трчање со текстот „2“. Повторувања. 1,80 km, 05'40". Екранот се менува. Вежба 2. Повторувања. 1,80 km. 05,40". 22:12. Пиктограф што трча е прикажан во заднината. По допирање на копчето „Старт“, пиктографот стигнува до финишот, а на екранот се прикажува статусот. На екранот се прикажуваат икона со знак за штиклирање и текстот „Завршено!“.

Оптоварување на васкуларниот систем
Води сметка за здравјето на срцето при спиењето
Управувај со оптоварувањето на васкуларниот систем додека спиеш. Носи го Galaxy Watch8 најмалку 4 часа секоја вечер во период од 3 ноќи за процена на основната вредност и следи ги мерењата повремено. Кога вредностите ќе се зголемат, ќе добиеш корисни препораки – можеби треба да јадеш посвежа храна, да стекнеш поздрави навики на спиење или да управуваш со стресот на дневно ниво. Биди во тек со срцевото здравје и денес донесувај одлуки што ќе направат да се чувствуваш подобро утре. 2,18,19


Оптички сензор на Galaxy Watch8 го мери оптоварувањето на васкуларниот систем. Потоа се прикажуваат Galaxy Watch8 со текстот „Денес“ и „Стабилно“ на екранот и вага со индикатор. Во долниот дел стои пораката „Оптоварувањето на твојот васкуларен систем е конзистентно“.
Индекс на антиоксиданси
Воведи рамнотежа во исхраната
Дознај дали старееш на правилниот начин со Galaxy Watch8, првиот паметен часовник во светот што го мери нивото на антиоксиданси. Постави го палецот на сензорот за да го измериш нивото на каротеноид во кожата и дознај колку се здрави твојата исхрана и начинот на живот. Провери го индексот на антиоксиданси за поголема благосостојба и помал ризик од болести. 2,25,26,27,28


Палец на некое лице е поставено на сензорот што се наоѓа на задниот дел на Galaxy Watch8, а на екранот се прикажува Индексот на антиоксиданси како „Соодветен“ со резултат „92“. Во долниот дел е прикажано копчето „Измери“.
Опушти се

Mindfulness
Направи пауза. Одмори го мозокот
Одвој време за чувство на спокој секој ден. Galaxy Watch8 ти нуди алатки што бавно те насочуваат кон целосвесност — од управување со стресот до живеење во моментот. Истражувај различни техники и откриј која најмногу ти помага за менталната благосостојба. Води дневник и опушти се со вежби за дишење и медитација. Постојано следи го напредокот во сопственото патешествие за да пронајдеш мир.


На екранот на Galaxy Watch8 е прикажано известување за проверка на расположението со текстот „Како се чувствуваш?“. Се допира на копчето „Проверка“ подолу и се избира опцијата „Одлично“. Се допира на копчето „Следно“. Се појавува текстот. „Супер! Како се чувствуваш? Среќно, ентузијастично, гордо.“
Само побарај. И ќе добиеш
Подигни го зглобот и говори — Google Gemini ќе ти помогне. Galaxy Watch8 со вграден Gemini ти помага да брзо да ги завршиш обврските дури и кога си најзафатен. Само побарај да добиеш одговори и идеи, завршувај разни задачи во различни апликации и веднаш пристапи до потребните информации. Добиј сè што ти треба, токму од часовникот на зглобот. 37,38

Сосема нов One UI 8 Watch
Нов Watch, нов One UI. Улови ги најважните информации со плочката мулти-инфо, која ги собира клучните информации од апликациите кои ќе ги избереш. Биди во тек со само еден поглед со поедноставените известувања и лесно пристапувај до омилените апликации од горниот дел на листата со апликации. Сега со Now bar може да прегледуваш информации во реално време, од повици до времето на трчање и тајмери, сѐ на едно место. 39


На Galaxy Watch8 се прикажуваат различни екрани од One UI 8, меѓу кои и Now bar, трчање, временска прогноза, функцијата Следење на вежбањето и други.

Направи си го по свој терк, од лице до ремче
Смени го ремчето за миг и биди спремен за што и да е следно. Избери го ремчето Sport Band додека вежбаш или пак, мекото ремче Fabric Band за непречена удобност во текот на ноќта. Плус, може и да си го приспособиш лицето на часовникот во апликацијата Galaxy Wearable app каде што има најразлични опции, од бои до компоненти. 40,41

- Розова
- Бела
- Графитна
- Сина
- Ментол зелена

- Црвена
- Бела
- Графитна
- Сина
- Ментол зелена

- Црна
- Бела
- Кафеава
- Сива
- Сина

- Зелена
- Светло зелена
- Бела
- Сина
- Графитна
Подобрено искуство со Galaxy Wearable
Почни да го користиш твојот Galaxy Watch на твојот паметен телефон со Android™. Едноставно, преземи ги апликациите Galaxy Wearable и Samsung Health од Google Play за да го поврзеш телефонот со Android со твојот Galaxy Watch. Сега можеш да го искусиш најновиот уред Galaxy Wearable — Galaxy Watch8. Уживај во функциите, од следење на здравствената состојба до тренерот за спиење, кои се интегрирани во тенкиот дизајн со заштитни перничиња. 42,43,44,45,46,47,48

Најди го часовникот што најмногу ти прилега
Дознај повеќе
Спореди Watch
Пронајди го најдобриот Galaxy

Боја
Latest Products
Previous Products

Боја
Latest Products
Previous Products

Боја
Главни спецификации
-
Материјал
Алуминиумски Armor -
Материјал
Алуминиумски Armor -
Материјал
Алуминиумски Armor
-
Процесор
Процесор од 3 nm,
5 јадрен -
Процесор
Процесор од 5 nm,
2 јадрен -
Процесор
Процесор од 5 nm,
2 јадрен
-
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција -
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција -
GPS
L1 GPS
-
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE
-
Меморија / Склад
2 GB / 32 GB -
Меморија / Склад
2 GB / 32 GB -
Меморија / Склад
2 GB / 16 GB
-
Осветлување на екран
До
3000 нита -
Осветлување на екран
До
1000 нита -
Осветлување на екран
До
2000 нита
-
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H
-
Батерија
325 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен) -
Батерија
300 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен) -
Батерија
300 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен)
-
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад
-
Здравје
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење Предупредување за висок стрес Тренер за трчање Персонализирана зона на срцевиот ритам Персонализирана Functional Threshold моќност AGEs индекс Васкуларно оптоварување Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам Антиоксиданс Состав на телото Следење на циклусот -
Здравје
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење -недостапно -недостапно Персонализирана зона на срцевиот ритам -недостапно -недостапно -недостапно Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам -недостапно Состав на телото Следење на циклусот -
Здравје
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење -недостапно -недостапно Персонализирана зона на срцевиот ритам -недостапно -недостапно -недостапно Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам -недостапно Состав на телото Следење на циклусот
-
Google Gemini
Oavailable -
Google Gemini
-недостапно -
Google Gemini
-недостапно
Често поставувани прашања
-
-
Galaxy Watch8 доаѓа со светол екран од 3.000 нити што овозможува јасна видливост дури и кога е светло — што го прави подобен за активности на отворено. Со процесор од 3 nm, нуди беспрекорно корисничко искуство, од следење на здравствената состојба до мултитаскинг во различни апликации.
-
Galaxy Watch8 е достапен во сребрена и графитна боја. Достапен е во две големини, мал (40 mm) и голем (44 mm). 1
-
Да, Galaxy Watch8 може да ти го следи нивото на стрес. Може да го поставиш Galaxy Watch8 автоматски да ти го следи нивото на стрес во текот на денот. При секое зголемено ниво на стрес, ќе добиеш известување по што можеш да практикуваш вежби за дишење за да ја намалиш напнатоста. Можеш и рачно да го следиш нивото на стрес секогаш кога ќе посакаш да имаш увид во твојата ментална благосостојба. 10
-
Траењето на батеријата на Galaxy Watch8 зависи од употребата. Моделот од 40 mm има батерија од 325 mAh а моделот од 44 mm има батерија од 435 mAh. И со двете батерии часовникот може да се користи до 30 часа со вклучен режим Always on Display (AOD).
-
Galaxy Watch8 е достапен и со модел со LTE и со модел со Bluetooth, што им нуди флексибилност на корисниците во зависност од стилот на живеење и од опкружувањето. Со верзијата со LTE, може да телефонираш, да испраќаш пораки, да пушташ музика и да добиваш известувања без да мора телефонот да биде до тебе. Одличен е ако сакаш да останеш поврзан додека си во движење. Верзијата со Bluetooth ти овозможува да го користиш часовникот независно во познати мрежи особено кога си дома, на работа или каде било каде што има Wi-Fi. И двете опции нудат високо ниво на самостојно функционирање, при што ќе останеш поврзан на начинот на којшто ти одговара - без разлика дали си во движење или си поврзан на мрежа.
-
Galaxy Watch8 работи со Samsung Galaxy паметни телефони со Android 12 или понова верзија. 17
-
-
Galaxy Watch8 може да го полниш со безжичниот полнач кој го доби со него. Само стави го часовникот врз полначот за едноставно и безжично полнење.
- Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- Секвенците се скратени и симулирани. Резултатите се само за илустрација.
- Во споредба со претходни Galaxy Watch series.
- Според резултати од интерно тестирање на Samsung. Тестирани се 7 различни положби на рачните зглобови кај вкупно 100 лица. Тестирањето е спроведено со Galaxy Watch7 (голем), Galaxy Watch8 (голем) и Galaxy Watch6 Classic (голем), како и со Galaxy Watch8 Classic.
- Функцијата Совети за спиење е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Функцијата Совети за спиење се заснова на 3-дневна анализа од спиењето на корисникот, неговиот циркадијален ритам и неговиот притисок во текот на спиењето. Наменетa e само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Мерењата се само за лична употреба. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба или нарушување на спиењето. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Функцијата Енергетски поени е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.27 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, регионот и јазикот. За да ги провериш Енергетските поени, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за пулсот за време на спиењето. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Функциите за следење на спиењето се наменети само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба или нарушување на спиењето. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- За функцијата Следење на спиењето потребни се податоци за спиењето од најмалку 7 дена (вклучувајќи 1 работен ден и 1 неработен ден).
- Достапно со апликацијата Samsung Health App v.6.24 или понова верзија, што мора да се спари со Samsung Galaxy паметни телефони со оперативен систем Android OS 11 или понова верзија. Потребна е најава на Samsung account. Потребни се податоци за спиењето од најмалку 7 дена (вклучувајќи 1 работен ден и 1 неработен ден).
- Наменетa e само за следење на општата благосостојба и физичките активности.
- Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување каква било медицинска состојба или болест. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- За функцијата Ноќна апнеа, Galaxy Watch8 треба да биде спарен со паметен телефон Samsung Galaxy smartphone со оперативен систем Android OS 12 или понова верзија и на кој е инсталирана најновата верзија на апликацијата Samsung Health Monitor app.
- Функцијата Ноќна апнеа во моментов е достапна само во одредени земји. За функцијата Ноќна апнеа се потребни податоци од спиењето од најмалку 2 дена од последните 10 дена (двата дена не мора да се последователни, но мора се во рамки на тие 10 дена).
- Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување каква било медицинска состојба или болест. Резултатите од детекцијата на ноќна апнеа се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Програмата Тренер за трчање е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account. Услугата е достапна само на Galaxy Watch8 Series или понови модели на Galaxy Watch Series. За да ја користи програмата Тренер за трчање, корисникот мора да направи тест за нивото на трчање за да му биде одредено ниво пред да започне со програмата.
- Овозможена е персонализирана зона за срцебиење кога ќе се избере трчање надвор. Потребно е континуирано да трчаш подолго од 10 минути со брзина од 4 km/h или побрзо.
- Компатибилните паметни телефони и достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- Автоматската детекција на вежби мора да се вклучи во Поставки. Автоматската детекција не е достапна за сите видови вежби.
- Точноста на GPS може да се разликува во зависност од мрежната средина и други фактори.
- За функцијата GPS е потребно мрежно поврзување. Може да се користи на моделите LTE без спарен паметен телефон. Моделите што не се LTE треба преку Bluetooth да се поврзат со спарениот паметен телефон.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account. За да се измери оптоварувањето на васкуларниот систем, треба да се носи Galaxy Watch (Galaxy Watch Ultra, Watch8 или понови Galaxy Watch series) во текот на спиењето најмалку 3 дена од последните 14 дена.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е наменета само за следење на физичките активности и општата благосостојба. Ако имате кардиоваскуларно заболување или закрепнувате од операција, треба да се придржувате до терапијата пропишана од лекарот. Оваа функција на Labs може да ја прегледаш пред официјално да се пушти во употреба. Ако не сакаш да ја користиш оваа експериментална функција, може да ја исклучиш во поставките на Samsung Health.
- За точно отчитување на крвниот притисок, потребно е да се калибрира на секои 4 седмици со монитор и манжетна за крвен притисок. Потребен е паметен телефон Galaxy со Android 10.0 или понова верзија.
- Достапноста на апликацијата за мерење крвен притисок може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата за мерење крвен притисок работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за лица помлади од 22 години.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како и со обичен апарат и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат алкохол. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета за дијагностицирање хипертензија или други срцеви заболувања или за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи за поставување дијагноза или лекување.
- Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа во апликацијата Samsung Health Monitor app на спарен паметен телефон.
- Достапноста на функцијата ECG и на Irregular Heart Rhythm Notification (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице.
- Функцијата Индекс на антиоксиданси е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account.
- За да го измериш, стави го средишниот дел од прстот врз сензорот кој се наоѓа на задниот дел од Watch и задржи го 5 секунди. И покрај тоа што индексот на антиоксиданси може да се измери со кој било прст, за најточни резултати се препорачува да се користи палецот.
- Повтореното мерење поради рапава кожа може да доведе до неточни резултати.
- 31. Функцијата Индекс на антиоксиданси е наменета само за следење на физичките активности и општата благосостојба. Не е наменета за откривање, дијагноза или лекување на каква било здравствена состојба. Ако те загрижува нивото на антиоксиданси, консултирај се со медицинско лице. Оваа функција на Labs може да ја прегледаш пред официјално да се пушти во употреба. Ако не сакаш да ја користиш оваа експериментална функција, може да ја исклучиш во поставките на Samsung Health.
- За мерење на Индексот на крајните производи на напредна гликација (AGE), потребно е да се најавите на Samsung Account и да ја инсталирате апликацијата Samsung Health App, верзија 6.27 или понова верзија. Достапна на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Потребно е да се носи Galaxy Watch за време на спиењето. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Индексот AGE е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Функцијата Телесен состав е поддржана само на уреди од серијата Samsung Galaxy Watch4 series и на поновите модели на Galaxy Watch. Функцијата Телесен состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или пак, ако сте бремена. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Постои можност резултатите од мерењето да не се точни кај лица помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Функцијата Samsung Health Medications за сега е достапна само во САД, Индија и Кореја. Наменета е да им помогне на корисниците да управуваат со списокот за нивните лекови и распореди. Наведените информации претставуваат содржини базирани на докази и лиценцирани од Elsevier, глобален водач во индустријата за информации и аналитика. Потребен е паметен телефон со оперативен систем Android 8.0 или понова верзија и со инсталирана апликација Samsung Health app version 6.26 или понова верзија. Достапноста на функциите може да се разликува во зависност од уредот.
- За функцијата Потсетник треба однапред да се внесат лековите за да се добиваат навремени известувања.
- Функцијата Mindfulness е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (Samsung Health App за мобилни телефони v6.29 или понова верзија, апликацијата Samsung Health App за Galaxy Watch v6.30 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account.
- Mindfulness е наменета само за следење на општата благосостојба. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба.
- Следењето е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со стручно лице.
- Функцијата Следење на циклусот е достапна за предвидување датуми на менструалниот циклус и други циклуси, а е овозможена од Natural Cycles. Функцијата Следење на циклусот која се базира на температурата на кожата функционира на телефони и часовници купени во земјите во кои е моментално достапна оваа услуга. НЕ Е НАМЕНЕТА ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА. Ако во моментов користиш хормонска контрацепција или примаш хормонска терапија што инхибира овулација, оваа услуга нема да биде корисна за следење на овулацијата. Прикажаните мерења се само за лична употреба. За да се подобри точноста на предвидувањата, се препорачува да го носиш Galaxy Watch најмалку 4 часа ноќе при спиење, 5 пати седмично. Предвидувањата може да се разликуваат во зависност од правилното користење на часовникот, влезните податоци, условите во опкружувањето, итн. Наменето е за корисници на возраст над 18 години. Корисниците не треба да ги толкуваат предвидувањата или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице.
- За функцијата Поврзано дејство низ повеќе апликации е потребно поврзување на интернет и сметка на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Работи со компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Може да е потребно поставување за одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Мобилната апликација Gemini е достапна на одредени уреди, јазици и земји. Компатибилен часовник Wear OS треба да се поврзе со компатибилен уред. Точноста на одговорите треба да се провери. Може да се потребни поврзување на интернет и поставување. Резултатите се само за илустрација и може да се разликуваат. Google и Gemini се трговски марки на Google LLC.
- Апликациите кои се поддржани од Now bar може да се разликуваат во зависност од верзијата на софтверот, моделот на уредот, регионот итн.
- Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Достапноста на ремчиња може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Galaxy Watch8 мора да е спарен со паметен телефон со оперативен систем Android 12.0 или понова верзија и со меморија од најмалку 1,5 GB.
- Напредните поставки што се достапни преку апликацијата Galaxy Wearable app опфаќаат Контрола преку „штипнување“ и ажурирање на софтверот.
- Некои функции се достапни само на одредени Samsung Galaxy паметни телефони.
- Апликацијата Galaxy Wearable app не е поддржана на iOS.
- Апликацијата Samsung Health Monitor app е достапна само на Samsung Galaxy паметни телефони.
- Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Android и Google Play се трговски марки на Google LLC.
- За да можете да ја искористите опцијата за откуп, вашиот уред мора да ги исполнува сите барања од Програмата за откуп, кои вклучуваат, но не се ограничени на: уредот треба да се вклучува, да може да се полни и да не се исклучува ненадејно; да има функционален екран; екранот да не биде напукнат или скршен (освен кога станува збор за понуди за напукнат екран); да не е скршена или напукната футролата; да нема оштетувања предизвикани од течност (без разлика дали се видливи или не); да нема други дефекти, освен стандардното абење; да не е на црната листа; да има верификуван FCC ID; да е ресетиран на фабрички поставки; сите лични информации да се избришани; сите заклучувања на софтверот да се оневозможени и да е во ваша сопственост (не се прифаќаат изнајмени уреди).
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Често поставувани прашања
- Како да ја користите персонализираната функција Трен. за трч. на Вашиот Galaxy Watch8 и Watch8 Classic
- Како да го прикачите ремчето на Вашиот Galaxy Watch8 и Watch8 Classic
- Како да поврзете Galaxy Watch со паметен телефон
- Како да наполните Samsung Galaxy Watch со или без полнач
- Како да извршам плаќање со мојот Galaxy Watch?
Неодамна прегледано