Galaxy Watch8 Classic (Bluetooth, 46 mm)
SM-L500NZKAEUC
Скенирај го овој QR-код со твојот телефон и стави го објектот во твојот простор.
Карактеристики
Galaxy Watch Classic8



Galaxy Watch8 Classic одблиску. Сцената се менува. Galaxy Watch8 Classic свртен нанапред, при што ротирачката рамка се врти. Лицето на часовникот потсетува на традиционален часовник, а стрелките се движат надесно. Сцената се менува. Galaxy Watch8 Classic се одзумира и се прикажува целиот уред со прикачено ремче Hybrid Band на него.
Го претставуваме Galaxy Watch8 Classic, вистинско ремек-дело, усовршен за новото модерно време. Популарната ротирачка рамка и копчето за брз пристап нудат вонвременска софистицираност, додека пак надградениот Динамичен систем на дршки за ремчиња овозможува беспрекорно да ти стои.
Извонреден и одвнатре и однадвор, Galaxy Watch8 Classic сега доаѓа со препознатливиот дизајн со заштитни перничиња со што се отвораат нови можности. Откриј што сѐ можеш да направиш со AI на Galaxy Watch8 Classic. Дај ѝ ново значење на продуктивноста така што ќе извршуваш задачи преку различни апликации со едноставни наредби. Преземи контрола врз својата благосостојба со функциите за здравствена состојба овозможени со AI кои нудат персонализиран увид во твоето спиење, вежбање, твојата срцева активност и многу повеќе. Galaxy Watch8 Classic е твојот личен тренер за благосостојба кој е секогаш покрај тебе.
Запознај ги напредните иновации на Galaxy Watch8 Classic
Нов изглед со нови можности


Galaxy Watch8 Classic одблиску. Ротирачката рамка се врти. Страничен приказ на Galaxy Watch8 Classic, со фокус на копчето за брз пристап. Се кликнува копче и на екранот се појавува функцијата за следење на вежбањето.
Поголема моќност за лесно следење на здравствената состојба


Чипсет кој е малку над својата местоположба во внатрешноста на Galaxy Watch8 Classic. Чипсет кој се наоѓа на своето место, околу него свети светлина за да се истакне напредниот процесор.
Добиј моментална помош од твојот зглоб


Galaxy Watch8 Classic малку накосен. Текстуално поле што ја означува функцијата за гласовни команди на Google Gemini. Текст „Здраво Google, сумирај го мојот последен е-мејл“. Лицето на часовникот се менува во Google Gemini. Времето е на врвот, текстот „Прашај го Google Gemini“ е на средина.“
Изгради здрави навики со личен тренер


Два уреди Galaxy Watch8 Classic еден наспроти друг, на едниот на екранот е прикажано лице на часовник налик на традиционален, а на другиот екран е прикажана функцијата Тренер за трчање. На тој од левата страна се прикажува функцијата Упатство за време за спиење, горе се иконата за Samsung Health и текстот „Упатство за време за спиење, 21:00, обиди се вечерва да си легнеш помеѓу 23:00 и 23:30 часот“. На тој од десната страна е прикажана икона со знак за штиклирано и текстот „Завршено!“. На екранот има и конфети.
Онаму каде што се спојуваат иновациите и безвременскиот дизајн
Популарната ротирачка рамка е повторно тука. Препознатливата карактеристика на Classic, ротирачката рамка која на Galaxy Watch8 Classic му дава софистициран изглед, налик на елегантен часовник. Не само што убаво изгледа туку е и функционален — сврти ја ротирачката рамка и уживај во непреченото и интуитивно лизгање. Со ротирачката рамка и новиот дизајн со заштитни перничиња, Galaxy Watch8 Classic станува пример за паметен часовник.1


Galaxy Watch8 Classic одблиску со фокус на ротирачката рамка.
Моќен дизајн со заштитни перничиња
Отклучи ги врвните перформанси со дизајнот во кој се вклопени и формата и функционалноста. За првпат во Classic, со дизајнот со заштитни перничиња се добива еден иновативен, заоблен квадрат во кој се наоѓа најновата технологија на паметни часовници.

Се појавува квадратна форма со заоблени агли. Квадратот се трансформира во Galaxy Watch8 Classic. Се гледа силуета. Се појавува приказ на внатрешната конструкција. Уредот малку се накривува кон лево.
Преосмислен за да стои подобро




На екранот се појавува лицето на Galaxy Watch8 Classic во ноќен режим за да покаже дека екранот јасно се гледа ноќе. Се појавува останатиот дел од уредот, а ремчето од часовникот се прицврстува за да укаже на подобрениот Динамичен систем на дршки за ремчиња. Лицето на часовникот се менува и преминува во стандарден режим. Се појавува рачен зглоб на којшто може да се забележи Galaxy Watch8 Classic. Рачниот зглоб се врти за да го претстави надградениот динамичен систем на дршки за ремчиња.
Искуси го најудобниот Galaxy Watch Classic досега. Подобрениот Динамичен систем на дршки за ремче овозможува Galaxy Watch8 Classic да ти стои тамам на рачниот зглоб, а аглите на Galaxy Watch8 Classic се приспособени за да не се измрда од своето место. Подобрен е и Динамичниот систем на дршки за ремчиња со кој може да го смениш ремчето на часовникот за миг. 5,6
Класични бои кои го надополнуваат секој изглед
Galaxy Watch8 Classic е достапен во две безвременски бои, црна и бела. Длабоката, богата црна боја ја отсликува префинетоста и е погодна за секоја пригода, додека пак свежата, јасна бела боја дава минималистички, модерен изглед. Без разлика дали се дотеруваш за излегување или се потиш додека трчаш надвор, со Galaxy Watch8 Classic лесно ќе ја надополниш секоја модна комбинација за еден префинет и поинаков изглед. 1



Три различни прикази на Galaxy Watch8 Classic во црна боја. Делумен приказ на Galaxy Watch8 Classic одблиску. Целосен приказ на Galaxy Watch8 Classic од предната страна. Страничен приказ на Galaxy Watch8 Classic, истакнувајќи ја ротирачката рамка.



Три различни прикази на Galaxy Watch8 Classic во бела боја. Делумен приказ на Galaxy Watch8 Classic одблиску. Целосен приказ на Galaxy Watch8 Classic од предната страна. Страничен приказ на Galaxy Watch8 Classic, истакнувајќи ја ротирачката рамка.
Кои ремчиња најмногу одговараат за Galaxy Watch8 Classic?


Моќен и однатре и однадвор
Завршувај си ги задачите, сѐ од рачниот зглоб

Само побарај. И ќе добиеш
Биди максимално продуктивен со Galaxy Watch8 Classic дури и во движење. Google Gemini е твојот способен и разговорлив асистент со кого можеш нормално да зборуваш со помош на својот глас. Побарај од него наглас да ти напише порака за пријател бидејќи ти веќе доцниш некаде, или пак да ти ја резимира последната порака за е-пошта. Може да му кажеш на Gemini да запомни некои важни информации како на пример каде си се паркирал или пак кое шкафче си го користел – сѐ од твојот рачен зглоб. 2,3

Разбуди се и стани со овие анализи овозможени од AI

Енергетски поени
Започни го денот попаметно со персонализирани параметри
Заврши повеќе работи и чувствувај се одлично цел ден, секој ден со функцијата Енергетски поени. Со следење на податоците како што се просечното време на спиење, активноста во текот на претходниот ден и пулсот во текот на спиењето, Galaxy AI нуди приспособени анализи и проактивни совети за тоа како да си ја оптимизираш енергијата од моментот кога ќе станеш па сѐ додека не си легнеш. Биди силен, полн со енергија и заврши го денот на најдобар можен начин. 7,8


Galaxy Watch8 Classic со Енергетски поени на екранот. Енергетските поени почнуваат од 60, се зголемуваат на 92 а под нив е лентата за напредок. Денешниот резултат е 6 енергетски поени повеќе од вчера а нивото на енергија е „Одлично“. Се појавуваат три GUI со енергетски поени. Првиот се однесува на факторите за енергетските поени, секој со свое ниво. Просечното време на спиење е добро, конзистентноста на спиење е одлична, редовноста во однос на спиењето е одлична, времето на легнување е одлично, активноста во текот на претходниот ден е добра. Вториот GUI се однесува на активноста од претходниот ден и во соодветниот графикон покажува дека активното време претходниот ден било 40 минути. Третиот GUI се однесува на пулсот во текот на спиењето, со дијаграм на кој се прикажува вообичаениот опсег на корисникот од 62 bpm до 68 bpm заедно со неговиот пулс во текот на спиењето.

Упатство за време за спиење
Стекни здрава рутина за легнување
Разбуди се, спремен да го зграпчиш денот со функцијата Упатство за време за спиење. Според податоците од спиењето кои ги има евидентирано твојот Galaxy Watch8 Classic, може да добиваш детални извештаи за твојата рутина на спиење за да знаеш колку одмор навистина ти треба и во колку часот е најдобро да си легнеш. Како што привршува денот, функцијата Упатство за време за спиење ќе те потсети дека треба да почнеш да се опушташ, за да можеш убаво да се наспиеш, да бидеш фокусиран и да имаш енергија во текот на целиот ден.4

Оди напред и победувај

Тренер за трчање
Трчај според сопственото темпо со личен тренер
Правилно напредувај со Тренерот за трчање. Започни да ги мериш своите способности за трчање за да добиеш личен тренинг наменет само за тебе. Со подобрената точност за GPS може да водиш евиденција за твоите најдобри времиња и за твоите маршрути — без разлика дали се движиш низ градски улици, по планински патеки или шумски патчиња. Следи си го напредокот и штиклирај го тој маратон од листата со Новогодишни одлуки. 7,14


Малку навален Galaxy Watch8 Classic е од едната страна со функција за тренинг за трчање на екранот. На задната страна, може да се види икона за трчање за да го покаже напредокот. Испратете текст Вашето ниво на трчање. Број 2. Екранот се скролува надолу, прикажувајќи две копчиња: Преглед на план за тренинг и Прикажи на телефон. Galaxy Watch8 Classic се врти свртен кон напред. На екранот, испратете текст Бета, тренер за трчање, испратете текст 1 Тренинг за рид, 40 минути, 4,31 километри. Тренингот од 1 до 4 е во позадина за да означи дека можете да го проверите вашето ниво на трчање низ 4 чекори. Galaxy Watch8 Classic прикажува 12:45, 5 минути 15 секунди, главно растојание 2,33, главен просек 5 минути 30 секунди, срцев ритам 165. Galaxy Watch8 Classic се навалува наназад и екранот се затемнува. Над уредот се икона со ознака за проверка и текст Помина!. Може да се видат конфети, што укажува дека корисникот достигнал пресвртница во вежбањето. Иконата број 3 што означува ниво на трчање 3 се појавува над Galaxy Watch8 Classic.
Оптоварување на васкуларниот систем
Води сметка за здравјето на срцето при спиењето
Управувај со нивото на оптоварување на васкуларниот систем во текот на ноќта со помош на Galaxy Watch8 Classic. Во текот на првите 3 ноќи, Galaxy Watch8 Classic ќе ги утврди основните мерења а потоа редовно ќе ти го следи оптоварувањето на васкуларниот систем и ќе го спореди со претходните податоци, со што со текот на времето ќе се добијат трендови. Води грижа за состојбата на срцето така што нивото на оптоварување на васкуларниот систем ќе го одржуваш ниско за да спречиш појава на срцеви болести. 7,20,21


Задната страна на Galaxy Watch8 Classic. Сензорот светнува за да укаже дека следењето е во тек. Galaxy Watch8 Classic исчезнува а светлото од сензорот се трансформира во линија која се поврзува со срце. Графикон за пулс околу срце што бие. Сцената се менува. Galaxy Watch8 Classic со прикачено ремче за часовник. На екранот се прикажува функцијата Оптоварување на васкуларниот систем, се прикажуваат текстот „Стабилно“ и соодветниот графикон и текст кој вели „Оптоварувањето на твојот васкуларен систем е конзистентно“.
Индекс на антиоксиданси
„Палецот нагоре“ за балансирана исхрана
Следи го Индексот на антиоксиданси и преземи контрола врз своето здравје за да си го зачуваш младешкиот изглед и во иднина. Притисни со палецот врз сензорот за да го измериш индексот на антиоксиданси, кој укажува на внесот на овошје и зеленчук во исхраната. Колку ти е повисок индексот на антиоксиданси толку ти е понутритивна исхраната. Следи го напредокот додека се трудиш да ги забавиш знаците на стареење. 7,27,28,29,30


Задната страна на Galaxy Watch8 Classic. Сензорот светнува за да укаже дека следењето е во тек. Палецот се става врз сензорот за да се евидентира Индексот на антиоксиданси. Уредот се врти, прикажувајќи ги резултатите, со иконата за Labs, време „17:35“, текст што гласи „Соодветен, 92“. На екранот се и лентата за графикон и копчето „Измери“.
Сосема нов One UI 8 Watch
Откриј го целиот потенцијал на One UI 8 Watch со неговиот смел и едноставен редизајн. Веднаш пристапи до информациите кои ти се најважни со помош на плочката мулти-инфо и поедноставените известувања. Лесно отворај ги омилените апликации од горниот дел на листата со апликации а активните апликации види ги во Now bar — од следење на вежбањето до тајмери, снимки и друго. Остани информиран со One UI 8 Watch 7,36


Galaxy Watch8 Classic се наоѓа во средината а во Now bar е прикажан режимот за трчање. Од двете страни на Watch, се прикажани различни помошни програми: Спиење, енергетски поени, временска прогноза, календар, ниво на батерија, музика, Bluetooth. Сите укажуваат на едноставниот нов изглед на One UI и неговата надградена употребливост.
Приспособи го својот Watch за секоја пригода
Смени ги лицето од часовникот и ремчето за да ти одговараат за секаков настан. Со едноставна промена, приспособи го својот Galaxy Watch8 Classic за деловни состаноци, формални настани, забави на отворено и друго. Избери од петте премиум ремчиња кои лесно се менуваат за префинет стил и персонализирај го лицето на часовникот за да одговара на комбинацијата што ќе ја избереш. Осмисли си личен класичен, безвременски изглед. 37,38

- Сива
- Кафеава
- Црна
- Бела
- Сина

- Розова
- Ментол зелена
- Графитна
- Бела
- Сина

- Црвена
- Ментол зелена
- Графитна
- Бела
- Сина

- Светло зелена
- Зелена
- Графитна
- Бела
- Сина
Подобрено искуство со Galaxy Wearable
Почни да го користиш твојот Galaxy Watch на твојот паметен телефон со Android™. Едноставно, преземи ги апликациите Galaxy Wearable и Samsung Health од Google Play за да го поврзеш телефонот со Android со твојот Galaxy Watch. Сега можеш да го искусиш најновиот уред Galaxy Wearable — Galaxy Watch8 Classic. Уживај во функциите, од следење на здравствената состојба до тренерот за спиење, кои се интегрирани во тенкиот дизајн со заштитни перничиња. 39,40,41,42,43,44,45

Најди го часовникот што ти прилега
Дознај повеќе
Спореди Watch
Пронајди го најдобриот Galaxy
Боја
Latest Products
Previous Products
Боја
Latest Products
Previous Products
Боја
Главни спецификации
-
Материјал
Нерѓосувачки челик -
Материјал
Нерѓосувачки челик -
Материјал
Алуминиумски Armor
-
Процесор
Процесор од 3 nm,
5 јадрен -
Процесор
Процесор од 5 nm,
2 јадрен -
Процесор
Процесор од 5 nm,
2 јадрен
-
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција -
GPS
L1 GPS -
GPS
L1+L5 Dual-
GPS фреквенција
-
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE -
Поврзување
Bluetooth / Bluetooth
+ LTE
-
Меморија / Склад
2 GB / 64 GB -
Меморија / Склад
2 GB / 16 GB -
>Меморија / Склад
2 GB / 32 GB
-
Осветлување на екранот
До
3000 нита -
Осветлување на екранот
До
2000 нита -
Осветлување на екранот
До
3000 нита
-
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H -
Издржливост
5ATM + IP68 / MIL-
STD-810H
-
Батерија
445 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен) -
Батерија
425 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен) -
Батерија
435 mAh
До 30 часа (*AOD вклучен)
-
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад -
Безбедност и итни случаи
СОС / Детекција на пад
-
Здравје TEST TEST TEST
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење Предупредување за висок стрес Тренер за трчање Персонализирана зона на срцеви отчукувања Персонализирана Functional Threshold моќност AGEs индкес Васкуларно оптоварување Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам Антиоксиданс Состав на телото Следење на циклусот -
Zdravlje
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење -недостапно -недостапно Персонализирана зона на срцеви отчукувања -недостапно -недостапно -недостапно Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам -недостапно Состав на телото Следење на циклусот -
Здравје
Енергетски резултат Апнеја при спиење Водич пред спиење Предупредување за висок стрес Тренер за трчање Персонализирана зона на срцев ритам Персонализирана Functional Threshold моќност AGEs индекс Васкуларно оптоварување Крвен притисок Функција за ЕКГ мониторинг Известување за неправилен срцев ритам Антиоксиданс Состав на телото Следење на циклусот
-
Google Gemini
Oдостапно -
Google Gemini
-недостапно -
Google Gemini
Oдостапно
Често поставувани прашања
-
-
Galaxy Watch8 Classic има фантастичен, кристално-јасен екран со осветленост од 3.000 нити со што екранот е јасно видлив дури и кога е директно изложен на сонце. Со подобрениот процесор од 3 nm, може истовремено да користиш различни функции, од следење на вежбањето до надгледување на здравствената состојба, на многу помоќен и поефикасен начин.
-
Galaxy Watch8 Classic е достапен во црна и бела боја. Достапен е во една големина од 46 mm. 1 1
-
Да, Galaxy Watch8 Classic може да ти го следи нивото на стрес. Може да го поставиш Galaxy Watch8 Classic автоматски да ти го следи нивото на стрес во текот на денот. При секое зголемено ниво на стрес, ќе добиеш известување по што можеш да практикуваш вежби за дишење за да ја намалиш напнатоста. Можеш и рачно да го следиш нивото на стрес секогаш кога ќе посакаш да имаш увид во твојата ментална благосостојба.
-
Траењето на батеријата на Galaxy Watch8 Classic зависи од употребата. Со батерија од 445 mAh, часовникот може да се користи до 30 часа со вклучен режим Always on Display (AOD).
-
Galaxy Watch8 Classic е достапен и со модели со LTE и со Bluetooth, што им нуди флексибилност на корисниците во зависност од стилот на живеење и од опкружувањето. Со верзијата со LTE, може да телефонираш, да испраќаш пораки, да пушташ музика и да добиваш известувања без да мора телефонот да биде до тебе. Одличен е ако сакаш да останеш поврзан додека си во движење. Моделот со Bluetooth ти овозможува да го користиш часовникот независно во познати мрежи особено кога си дома, на работа или каде било каде што има Wi-Fi. И двете опции нудат високо ниво на самостојно функционирање, при што ќе останеш поврзан на начинот на којшто ти одговара - без разлика дали си во движење или си поврзан на мрежа.
-
Galaxy Watch8 Classic работи со паметни телефони што работат со Android 12 или понова верзија. 19
-
-
Galaxy Watch8 Classic може да го полниш со безжичниот полнач кој го доби со него. Само стави го часовникот врз полначот за едноставно и безжично полнење.
- Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
- За функцијата Поврзано дејство низ повеќе апликации е потребно поврзување на интернет и сметка на Google. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот или моделот на уредот. Работи со компатибилни апликации. Функциите може да се разликуваат во зависност од претплатата и резултатите може да се разликуваат. Може да е потребно поставување за одредени функции или апликации. Точноста на резултатите не е загарантирана.
- Мобилната апликација Gemini е достапна на одредени уреди, јазици и земји. Компатибилен часовник Wear OS треба да се поврзе со компатибилен уред. Точноста на одговорите треба да се провери. Може да се потребни поврзување на интернет и поставување. Резултатите се само за илустрација и може да се разликуваат. Google и Gemini се трговски марки на Google LLC.
- Функцијата Упатство за време за спиење е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Функцијата Упатство за време за спиење се заснова на 3-дневна анализа од спиењето на корисникот, неговиот циркадијален ритам и неговиот притисок во текот на спиењето. Наменетa e само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Мерењата се само за лична употреба. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба или нарушување на спиењето. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Во споредба со претходни Galaxy Watch series.
- Според резултати од интерно тестирање на Samsung. Тестирани се 7 различни положби на рачните зглобови кај вкупно 100 лица. Тестирањето е спроведено со Galaxy Watch7 (голем), Galaxy Watch8 (голем) и Galaxy Watch6 Classic (голем), како и со Galaxy Watch8 Classic.
- Скратени и симулирани секвенци. Резултатите се само за илустративни цели.
- Функцијата Енергетски поени е достапна на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.27 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung Account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, регионот и јазикот. За да ги провериш Енергетските поени, здравствените податоци што ги следи Samsung Galaxy Watch мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за пулсот за време на спиењето. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Функциите за следење на спиењето се наменети само за општа благосостојба и фитнес цели. Не се наменети за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на каква било медицинска состојба или нарушување на спиењето. Мерењата се само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицински професионалец за совет.
- Коучингот за спиење бара податоци за спиење од најмалку 7 дена (вклучувајќи 1 работен ден и 1 слободен ден).
- Достапно на апликацијата Samsung Health верзија 6.24 или понова и мора да биде спарена со паметни телефони Samsung Galaxy со Android OS 11 и понова верзија. Потребно е најавување на сметката на Samsung.
- Наменето само за општа благосостојба и фитнес цели.
- Не е наменето за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на каква било медицинска состојба или болест. Ве молиме консултирајте се со медицински професионалец за совет.
- Функцијата за апнеја при спиење бара Galaxy Watch8 Classic со Wear OS 5.0 или понова верзија да биде поврзана со паметен телефон Samsung Galaxy со Android OS 12.0 или понова верзија и најновата верзија на апликацијата Samsung Health Monitor.
- Функцијата за апнеја при спиење моментално е достапна само во некои одбрани земји. Функцијата за апнеја при спиење бара најмалку 2 дена податоци за спиење во рок од 10 дена (двата дена не мора нужно да бидат последователни, но мора да се евидентираат во тие 10 дена).
- Не е наменето за употреба при откривање, дијагностицирање или лекување на која било медицинска состојба. Резултатот од откривањето на апнеја при спиење е само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицински професионалец за совет.
- Програмата Тренер за трчање е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account. Услугата е достапна само на Galaxy Watch8 Series или понови модели на Galaxy Watch Series. За да ја користи програмата Тренер за трчање, корисникот мора да направи тест за нивото на трчање за да му биде одредено ниво пред да започне со програмата.
- Овозможена е персонализирана зона за срцебиење кога ќе се избере трчање надвор. Потребно е континуирано да трчаш подолго од 10 минути со брзина од 4 km/h или побрзо.
- Компатибилните паметни телефони и достапните функции може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.
- Автоматското откривање на тренинзи мора да биде вклучено во Поставки. Автоматското откривање не е достапно за сите тренинзи.
- Точноста на GPS може да варира во зависност од мрежната околина и други фактори.
- Потребна е интернет-врска за да се зголеми точноста на GPS или за да се видат резултатите од вежбањето на отворено заедно со мапата на рутата. GPS функцијата може да се користи на LTE модели без спарен паметен телефон. Моделите кои не се LTE бараат Bluetooth-врска со спарен паметен телефон. За да ја подобрите точноста на GPS, одете во Поставки > Локација > Точност на локацијата > Подобрете ја точноста на локацијата.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е достапна на телефони со Android (Android 10 или понова верзија) и потребно е да се инсталира апликацијата Samsung Health App (v6.30.2 или понова верзија). Потребна е најава на Samsung account. За да се измери оптоварувањето на васкуларниот систем, треба да се носи Galaxy Watch (Galaxy Watch Ultra, Watch8 или понови Galaxy Watch series) во текот на спиењето најмалку 3 дена од последните 14 дена.
- Функцијата Оптоварување на васкуларниот систем е наменета само за следење на физичките активности и општата благосостојба. Ако имате кардиоваскуларно заболување или закрепнувате од операција, треба да се придржувате до терапијата пропишана од лекарот. Оваа функција на Labs може да ја прегледаш пред официјално да се пушти во употреба. Ако не сакаш да ја користиш оваа експериментална функција, може да ја исклучиш во поставките на Samsung Health.
- За точно отчитување на крвниот притисок, потребно е да се калибрира на секои 4 седмици со монитор и манжетна за крвен притисок. Потребен е паметен телефон Galaxy со Android 10.0 или понова верзија.
- Достапноста на апликацијата за мерење крвен притисок може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата за мерење крвен притисок работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за лица помлади од 22 години.
- Корисниците треба да го мерат крвниот притисок кога се во мирување, исто како и со обичен апарат и да не го мерат притисокот додека вежбаат, пушат цигари или пијат алкохол. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета за дијагностицирање хипертензија или други срцеви заболувања или за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице. Апликацијата за мерење крвен притисок не е наменета да ги замени традиционалните методи за поставување дијагноза или лекување.
- Историјата на мерења на крвниот притисок може да се прегледа во апликацијата Samsung Health Monitor app на спарен паметен телефон.
- Достапноста на функцијата ECG и на Известување за неправилен срцев ритам (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што таа не е одобрена). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://www.samsung.com/apps/samsung-health-monitor. Не е наменета за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите од уредот или да преземаат клинички мерки според нив без да се консултираат со квалификувано здравствено лице.
- Индексот на антиоксиданси е достапен на Android телефони (Android 10 или понова верзија) и бара апликација Samsung Health (v6.30.2 или понова верзија). Потребно е најавување на сметката на Samsung.
- За мерење, поставете го центарот на прстот на сензорот на задната страна од часовникот и држете го 5 секунди. Иако индексот на антиоксиданси може да се мери со кој било прст, се препорачува палецот за најточен резултат.
- Повтореното мерење поради нерамна текстура на кожата може да доведе до различни резултати.
- Индексот на антиоксиданси е само за фитнес и благосостојба. Не е наменет за употреба при откривање, дијагностицирање или лекување на која било медицинска состојба. Ве молиме консултирајте се со медицински професионалец за совет ако сте загрижени за вашето ниво на антиоксиданси. Ова е функција на Labs што можете да ја прегледате пред нејзиното официјално лансирање. Ако не сакате да ја користите оваа експериментална функција, можете да ја исклучите во поставките на Samsung Health.
- Не е наменета за откривање, поставување дијагноза или лекување. Наменетa e само за следење на општата благосостојба и физичките активности.
- Функцијата Samsung Health Medications моментално е достапна само во САД, Индија и Кореја. Наменета е да им помогне на корисниците да управуваат со нивниот список и распоред на лекови. Обезбедените информации се содржина базирана на докази лиценцирана од Elsevier, глобален лидер во информациите и аналитиката. Потребен е паметен телефон со Android 8.0 или понова верзија и апликација Samsung Health верзија 6.26 или понова. Достапноста на функциите може да варира во зависност од уредот.
- Функцијата за потсетување бара претходно додавање лекови за да се добиваат навремени известувања.
- Функцијата Телесен состав е поддржана само на уреди од серијата Samsung Galaxy Watch4 series и на поновите модели на Galaxy Watch. Функцијата Телесен состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или пак, ако сте бремена. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Постои можност резултатите од мерењето да не се точни кај лица помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- За мерење на Индексот на крајните производи на напредна гликација (AGE), потребно е да се најавите на Samsung Account и да ја инсталирате апликацијата Samsung Health App, верзија 6.27 или понова верзија. Достапна на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. Потребно е да се носи Galaxy Watch за време на спиењето. Не е наменета за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Индексот AGE е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
- Апликациите кои се поддржани од Now bar може да се разликуваат во зависност од верзијата на софтверот, моделот на уредот, регионот итн.
- Дополнителните ремчиња за Watch се продаваат одделно.
- Достапноста на ремчиња може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Galaxy Watch8 Classic мора да е спарен со паметен телефон со оперативен систем Android 12.0 или понова верзија и со меморија од најмалку 1,5 GB.
- Напредните поставки што се достапни преку апликацијата Galaxy Wearable app опфаќаат Контрола преку „штипнување“ и ажурирање на софтверот.
- Некои функции се достапни само на одредени Samsung Galaxy паметни телефони.
- Апликацијата Galaxy Wearable app не е поддржана на iOS.
- Апликацијата Samsung Health Monitor app е достапна само на Samsung Galaxy паметни телефони.
- Достапноста и поддржаните функции може да се разликуваат во зависност од земјата, регионот или операторот.
- Android и Google Play се трговски марки на Google LLC.
- За да можете да ја искористите опцијата за откуп, вашиот уред мора да ги исполнува сите барања од Програмата за откуп, кои вклучуваат, но не се ограничени на: уредот треба да се вклучува, да може да се полни и да не се исклучува ненадејно; да има функционален екран; екранот да не биде напукнат или скршен (освен кога станува збор за понуди за напукнат екран); да не е скршена или напукната футролата; да нема оштетувања предизвикани од течност (без разлика дали се видливи или не); да нема други дефекти, освен стандардното абење; да не е на црната листа; да има верификуван FCC ID; да е ресетиран на фабрички поставки; сите лични информации да се избришани; сите заклучувања на софтверот да се оневозможени и да е во ваша сопственост (не се прифаќаат изнајмени уреди).
Спецификации
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.3" (34mm)
-
Тежина на тело (g)
63.5
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
Сензори
Aкцелерометар, Барометар, Сензор за анализа на биоелектрична импеданса, Електричен сензор за срцето, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Инфрацрвен сензор за температура, Сензор за светло, Оптички сензор за пулсот на срцето
-
Склад (GB)
64
-
CPU-брзина
1.6GHz, 1.5GHz
-
NFC
Да
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
46.0 x 46.4 x 10.6
-
Инфра
Само Wi-Fi, Само Bluetooth
-
Формат на аудиорепродуцирање
MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB
-
Технологија на локација
GPS, Glonass, Beidou, Galileo
-
Wi-Fi
802.11a/b/g/n 2.4GHz+5GHz
-
NFC
Да
-
Верзија Bluetooth
Bluetooth v5.3
-
Профили Bluetooth
A2DP, AVRCP, HFP, HSP
-
Wear OS Powered by Samsung
-
Технологија (Главен дисплеј)
Super AMOLED
-
Големина (Главен Дисплеј)
1.3" (34mm)
-
Резолуција (Главен дисплеј)
438 x 438
-
Длабочина на боја (Главен дисплеј)
16M
-
CPU-брзина
1.6GHz, 1.5GHz
-
CPU-тип
Петојадрен
-
Меморија (GB)
2
-
Склад (GB)
64
-
Достапен склад (GB)
49.0
-
Aкцелерометар, Барометар, Сензор за анализа на биоелектрична импеданса, Електричен сензор за срцето, Гиро сензор, Геомагнетски Сензор, Hall Сензор, Инфрацрвен сензор за температура, Сензор за светло, Оптички сензор за пулсот на срцето
-
Димензии на тело (ВхШхД,мм)
46.0 x 46.4 x 10.6
-
Тежина на тело (g)
63.5
-
Трајност
5 ATM
-
Капацитет на батерија (mAh, типичен)
445
-
Отстранлива
Не
-
Време на користење (часови, AOD исклучено)
До 40
-
Време на користење (часови, вклучено AOD)
До 30
Прирачник за корисниците и содржина за преземање
Решенија и совети
- Како да го прикачите ремчето на Вашиот Galaxy Watch8 и Watch8 Classic
- Како да ја користите персонализираната функција Трен. за трч. на Вашиот Galaxy Watch8 и Watch8 Classic
- Како да поврзете Galaxy Watch со паметен телефон
- Како да наполните Samsung Galaxy Watch со или без полнач
- Како да извршам плаќање со мојот Galaxy Watch?
Неодамна прегледано
*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.
*Расположливата корисничка меморија е помала од вкупната корисничка меморија на уредот поради простор кој го одземаат оперативниот систем и програмите неопходни за нормално функционирање на производот.
*Достапната количина на меморија на корисникот може да варира во зависност од мобилниот оператор и може да се промени по ажурирањето на софтверот.