Запознај се со Galaxy S21, S21+ и S21 Ultra пред почетокот на продажбата!
Испробај го Galaxy S21 5G, S21+ 5G и S21 Ultra 5G на некоја од бројните локации
Го претставуваме Galaxy S21 Ultra 5G. Дизајниран со уникатна „contour-cut“ камера за да создаде револуција во фотографијата — ти овозможува да создадеш 8K видео со филмски квалитет и да извадиш врвни фотографии, сè одеднаш. А со најбрзиот чип, најцврстото стакло, 5G и батеријата што трае цел ден, Ultra заслужено си го носи името.
Ова е најживописниот и најсветлиот екран на Galaxy телефон. Galaxy S21 Ultra 5G го дава најизвонредното искуство од 1500 нити, со 100 % јачина на боите за прецизни и реалистични бои — дури и на сончева светлина.
8K Видео е видео со највисока резолуција достапно на паметен телефон — тоа е четири пати повеќе пиксели од 4K. Снимај во 8K 24 fps и добиј изострена снимка која изгледа подобро од филм, потоа прикачи ја и гледај директно на YouTube.
Интелигентната батерија на Galaxy S21 Ultra 5G трае подолго од денот — дури и на 5G. Поместувајќи ја границата до високи 5000 mAh, ги комбинира новиот ефикасен дисплеј и процесор за да трае подолго од 24 часа.
Galaxy S21 Ultra 5G