Водич за монитори за домашна канцеларија
Многу луѓе работат од дома, а вистинскиот монитор може драматично да влијае на продуктивноста и целокупното работно искуство за луѓето со домашни канцеларии. Сепак, има многу работи што треба да се земат предвид кога купуваш опрема за домашна канцеларија - особено мониторот, кој го гледаш поголемиот дел од работниот ден.
Тука, ќе ти помогнеме да ги разбереш сите фактори што треба да ги земеш предвид при изборот на монитор за да ја трансформираш твојата домашна канцеларија во центар на ефикасност и удобност.
Која големина на монитор најмногу одговара на моето биро и стил на работа?
Изборот на вистинската големина на мониторот зависи од два клучни фактори: достапниот простор на твоето работно биро и природата на твојата работа. Долколку е поголем мониторот - мерено дијагонално преку екранот - ќе ти овозможи да гледаш повеќе, но исто така ќе зафаќа повеќе простор.
* Сликата на екранот е симулирана за илустрација.
Ако работиш во визуелни области, како уредување видеа или графички дизајн или, пак, треба да гледаш многу информации во исто време, поголем монитор може да ти значи многу.
Еве некои од најчестите големини на монитор и кога би можеле да бидат вистинските за тебе.
24-27 инчи
Големина за фокус
Добра за компактни простори и фокусирана работа. Ако просторот на твоето работно биро е ограничен, овие големини можат да го одржат просторот минимален, но сепак да ти дадат повеќе простор отколку типичен екран на лаптоп. Овие големини се совршени за секојдневни задачи како што се е-пошта, сурфање на интернет и уредување документи.
32-34 инчи
Балансирана големина
Одличен за мултитаскинг и креативна работа. За оние кои често работат со повеќе отворени прозорци истовремено или работата им е креативна, како графички дизајн или уредување видеа, 32-34 инчен монитор нуди поширок простор за работа. Овој опсег на големини ти овозможуваа да имаш повеќе отворени апликации еднадодруга, со што ти се зголемува продуктивноста.
37 инчи и поголеми
Создај си совршен простор за работа
Идеален избор за голема продуктивност. Ако имаш поголем простор на бирото и сакаш голем монитор, 37 инчен монитор или поголем, па дури и ултра широк монитор, би бил идеален. Со панорамски прикази може да ставиш сѐ во еден приказ и да нема потреба да се движиш меѓу повеќе прозорци. Ултра широките монитори, како оние од 49 инчи, се особено корисни за задачи што вклучуваат работа со табели, кодирање или уредување видеа.
Која резолуција ќе ја оживее мојата работа?
Резолуцијата на мониторот се однесува на бројот на пиксели прикажани на екранот и директно влијае врз чистотата на сликата и нивото на детали што се гледаат на екранот. Често, резолуцијата се запишува како бројот на пиксели на екранот, што може да се зголемува како што се зголемува мониторот, на пример 1920 х 1080.
Повисока резолуција значи повеќе пиксели, што ти овозможува да видиш повеќе и резултира со поголем работен простор што во исто време има и поизострена и подетална слика.
Full HD, FHD или 1090P (1920x1080)
За секојдневна работа
Соодветна за секојдневни задачи што вклучуваат прелистување на интернет, е-пошта и канцелариски апликации. Нема да обезбеди многу детали, но оваа резолуција често се користи во поставување повеќе монитору за да се создаде поголем работен простор кога има потреба од тоа. Оваа резолуција може да биде добра и за забава, ако не ти треба неверојатна деталност на сликата. Ако не мора да гледаш многу детали во твојата работа или, пак, ако немаш голем буџет, ова е добра опција.
Quad HD, QHD или 1440P (2560x1440)
Поизострена слика, одлична за креативци
QHD нуди поизострени слики и текст од пониските резолуции, правејќи ја одлична за графички дизајн, уредување слики и видеоконференции. Овозможува повеќе простор на екранот за мултитаскин и ги подобрува детали при графички дизајн и уредување слики. Одличен баланс помеѓу чиста слика и перформанси. Се нарекува Quad HD бидејќи има 4 пати повеќе пиксели од стандардната HD резолуција. Quad HD е златната средина меѓу Full HD и 4K UHD.
4K (3840x2160) и 5K (5120x2880)
Каде што се истакнува работата фокусирана на детали
Со екстремно високото ниво на детали, 4K и 5K се врвните резолуции за работа. Тие ја подобруваат јасноста на текстот, обезбедуваат повеќе простор за работа и ги подобруваат сликите за сите типови работа, што ги прави совршени за уредување видеа, 3D моделирање и други визуелни задачи. Ако имаш буџет и простор за 4K или 5K, тоа може да биде револуционерна алатка за продуктивност и фокус на детали.
Заоблени монитори
Заобленоста на мониторот може да го намали напрегањето на очите, бидејќи заобленоста го имитира обликот на човечкото око, со што гледањето на целиот екран е помалку заморно при подолга употреба.
Ултра широки монитори
Зголеми си ја продуктивноста така што ќе отвориш повеќе прозорци еднододруго и нема да имаш потреба од постојано движење од еден на друг прозорец. Исто така, тие се одлични и за гејминг и забава.
Како можам да ја направам канцеларијата поудобна и ергономска?
Кога поминуваш долго време работејќи на проект, многу е важно да ти биде удобно. Ергономијата има голема улога во удобноста и здравјето. Таа не е само столици и тастатури што поддржуваат ергономски начин на работа, туку тука спаѓа и мониторот. Еве некои карактеристики што можат да ти помогнат подобро да го држиш телото и да ти биде удобно и кога работиш долго време без да се движиш.
Намали си го физичкиот напор
Постави го мониторот на правилна висина бидејќи тоа е клучно за намалување на напрегањето на вратот и грбот. Држач со приспособлива висина може да ти помогне да ти биде поудобно така што мониторот ќе биде поставен на идеално ниво што е соодветно и за очите. Екран што може да се наведнува, исто така може да ти помогне да го поставиш точниот агол за твојата висина. Некои екрани исто така може да се вртат за да бидат повисоки наместо пошироки, што ти овозможува да ја најдеш идеалната висина и да прелистуваш подолги документи со помалку работа.
Заштити ги очите од замор
Карактеристики за заштита на очите: Удобноста не се постигнува само со држењето на телото. Заморот на очите може да го влоши работењето, дури и ако на телото му е удобно. Намалувањето на сината светлина и екраните што го намалуваат трепкањето може да помогнат да се намали заморот на очите при долга работа пред екранот. Ако поминуваш долги часови работејќи пред мониторот, добро би било да провериш дали твојот нов монитор има карактеристики за заштита на очите.
Какви други алатки за соработка и дополнителна опрема ми се потребни?
Соработката е многу важен дел при работата од дома. Кога комуницираш со колега, понекогаш е потребно да имаш одделна веб-камера за видеоконференции, но некои монитори веќе ги имаат сите потребни алатки што ти требаат за виртуелна соработка.
Веб-камера
За важни видеоповици, висококвалитетните камери можат да направат голема разлика. Наместо да купуваш и поставуваш посебна веб-камера, сигурно е полесно да избереш монитор кој или веќе доаѓа со веб-камера или дури има камера вградена во екранот. Тоа ќе ти помогне да имаш подобро искуство и да соработуваш преку видео брзо и лесно.
Звучници
Звучниците можат да зафатат многу простор на бирото, а ако имаш ограничен простор, ќе ти треба монитор со вградени звучници. Не само што се добри за соработка туку и за друго аудио поврзано со работата, музика или забава.
Далечински пристап
Некои поставки за работа од дома ти овозможуваат дури да се поврзеш на компјутери и сервери во канцеларијата. Ова го олеснува поврзувањето помеѓу канцеларијата и домот, без влечење и носење опрема од едно место на друго. Ако бараш висока безбедност и лесен пристап до работни документи што се наоѓаат на други уреди, ова е клучна карактеристика.
Што можам да правам на мојот монитор кога ќе завршам со работа?
Може да го користиш мониторот и за други нешта освен работа. Сите карактеристики набројани погоре може да го збогатат твоето искуство и при гледање на омилените серии и филмови, па дури и при гејминг.
Апликациите за паметна забава можат да ти помогнат да го извлечеш најдоброто од твојот монитор и да се префрлаш со леснотија од работа на забава со само неколку клика.
Изборот на вистинскиот монитор е инвестиција во твојата продуктивност, удобност и целокупната добросостојба.
Што и да ти треба за домашната канцеларија, постои монитор кој може да прави сѐ.
Помогни ми да изберам
монитор