Add Video Schema for page here

Твојот сеопфатен водич за големини на монитори

При избор на монитор, големината е еден од најважните фактори што можат да влијаат на твоето искуство. Без разлика дали ти треба за гејминг, професионална работа или општа употреба, многу е важно да разбереш како големината на мониторот влијае врз перформансите и твоето искуство.

Во овој сеопфатен водич, ќе навлеземе во најчестите големини на монитори, кои големини се идеални за разни потреби, па дури и некои алтернативи на конвенционалните големини на монитори.

Ајде да ги разгледаме овие теми за да бидеме сигурни дека ќе донесеш информирана одлука при бирањето на твојот следен Samsung монитор.

Стандардни големини на монитори

Иако големините на мониторите се разликуваат во голема мера, најпопуларните големини денес се помеѓу 22 и 32 инчи. За повеќето корисници, ова обезбедува соодветно ниво на големина на екранот, без да зафаќа премногу простор. Но, една големина не одговара на сите. Соодветната големина за тебе во голема мера зависи од тоа како планираш да го користиш мониторот.
Во зависност од твојата работна средина или поставката за гејминг, и поголемите и помалите екрани може да бидат посоодветни.

Модерен канцелариски простор со големина на монитор што се зголемува од 22 инчи на 57 инчи.

* Сликата на екранот е симулирана за илустрација.

За луѓето кои бараат монитор за општа секојдневна употреба (сурфање на интернет, онлајн-купување или полесна работа), најчесто барани се монитори од 22 до 26 инчи, кои се идеални за помали бироа и работни простори. Samsung нуди многу опции во овој опсег, со многу карактеристики и опции за оптимална работа.

Асортиманот со средна големина, од 27 и 32 инчи, е идеален за луѓе кои сакаат игри и да завршуваат професионални задачи, како уредување видеа или графички дизајн, без мониторот да им зафаќа многу простор на бирото.

За луѓето кои имаат повеќе простор - како големи гејмери или перфекционисти во работата, како графички дизајн и видео, поголемите монитори како ултра широките модели од 34 инчи или дури и моделите од 49 или 57 инчи, може да обезбедат панорамски приказ. Асортиманот на поголеми монитори на Samsung се комбинација од големина и перформанси за да го искористиш максимумот од нивната големина.

Која големина на монитор е најдобра за гејминг? или работа?

Најдобра големина на монитор за гејминг


Која е најдобрата големина за гејминг зависи од типот на игрите и од тоа колку реалистично искуство сакаш да имаш.

24 до 27 инчи: Добар за гејмери ​​кои сакаат да го гледаат целиот екран за да носат брзи и стратешки одлуки.
32 до 34 инчи: Нуди поопширен поглед, што е добро за жанрови како акциско-авантуристички игри и RPG игри, подобрувајќи го чувството за длабочина и детали.
43 до 57 инчи: Одлично за игри каде што периферниот вид е важен, како што се игрите со трки и игрите со пукање во прво лице, кои имаат корист од широки екрани, па дури и ултра широки екрани и екрани што го заобиколуваат твоето видно поле.

Најдобра големина на монитор за работа

За задачи како уредување видеа, кодирање или дури и мултитаскинг со неколку проекти одеднаш, идеалната големина на монитор може да се разликува во зависност од твоите потреби и од тоа колку простор имаш.

27 до 32 инчи: Обезбедува обемен екран за мултитаскинг и работа со повеќе отворени прозорци, без да зафаќа премногу простор на бирото.
34 до 49 инчи: Особено корисен за графички дизајн или уредување видеа, бидејќи нуди повеќе хоризонтален простор, со што нема потреба од повеќе екрани.

Дали пошироко значи и подобро? Дали ми треба ултра широк монитор?

Ултра широките монитори станаа многу популарни, нудејќи поширок приказ во споредба со традиционалните екрани од 16:9. Ултра широкиот сооднос на аспект (обично 21:9 или 32:9) обезбедува повеќе хоризонтален простор, што е корисно за задачи како уредување видеа, за кои ти треба да видиш поголем дел од видеото одеднаш.

Монитор со ултра широк сооднос на аспект од 16:9 покажува цел екран со апликација за уредување видеа. Соодносот се зголемува на 32:9 и како што се зголемува, на екранот може да се видат повеќе содржини.

* Сликата на екранот е симулирана за илустрација.

За гејминг, ултра широк монитор може да понуди пореалистично искуство со проширување на твоето периферно видно поле. Неговиот поширок работен простор може да биде од огромна корист за да видиш повеќе работи на екранот одеднаш, со помалку прелистување. Повеќе екрани можат да го постигнат истиот ефект, но ќе има прекини во визуелното искуство и може да биде сложено за поставување.

Што е подобро - голем ултра широк монитор или двоен монитор?

Кога размислуваш за најдобрата големина на монитор за твоите потреби, можеби помислуваш на поставување двоен монитор. Секако, поголем екран може да помогне за зголемена продуктивност или реалистично искуство - особено за професионалнци и гејмери. Сепак, иако сетапот со два монитора е популарно решение, ултрашироките монитори го подигнуваат искуството на ново ниво со побезбен и поефикасен сетап.

Со ултра широкиот монитор добиваш голем екран, без прекинувањата од рамките што го делат приказот. Непречениот, континуиран работен простор на ултра широките монитор е совршен за управување со повеќе апликации и проекти истовремено, со што се подобрува продуктивноста. Сетапот со еден монитор дури и го поедноставува управувањето со каблите, со што се создава почиста и поорганизирана работна средина.

За гејмери, ултраширокиот монитор нуди пореалистично искуство така што го проширува видното поле и го подобрува периферното видно поле во игрите, создавајќи постимулирачка средина. Пошироката перспектива може да им даде предност на гејмерите и да им го подобри целокупното искуство.

Избери монитор со соодветна големина за твоите потреби

Како да се измери големината на мониторот

Кога станува збор за мерење на големината на мониторот, клучниот аспект што треба да се знае е дијагоналата на екранот. Големината на мониторите обично е наведена во инчи и се однесува на дијагоналната должина од едниот агол на екранот до спротивниот агол. Ова е стандардниот метод на мерење кај сите производители на монитори, во целата индустрија, исто како што се мерат големините на телевизорите. Тоа кажува колкава е областа на приказ, но не ја зема предвид рамката на мониторот (рамката околу екранот), која може да се разликува кај различни модели.

За да ја добиеш вистинската големина на мониторот, ќе треба да ја земеш предвид рамката, а можеби ќе треба да го земеш предвид и соодносот на аспект на мониторот, кој ја одредува висината и ширината на екранот. Повеќе за ова ќе разговараме во следниот дел. Повеќето модерни монитори имаат сооднос на аспект од 16:9, но ултра широките монитори може да имаат соодноси од 21:9 или 32:9, што овозможува многу различно визуелно искуство.

Стрелка насочена дијагонално на екранот на мониторот покажува дека екранот е 32 инчи. Стрелка насочена дијагонално на екранот на мониторот покажува дека екранот е 32 инчи.

Разбирање на димензиите на мониторот

Ширината и висината на мониторот се клучни карактеристики што ја одредуваат неговата вкупна големина. Вистинската висина и ширина на мониторот се одредуваат според соодносот на аспект. Соодносот на аспект обично се опишува како односот помеѓу ширината и висината на екранот и се прикажува во формат ширина:висина. Веројатно веќе ти е познат стандардниот сооднос на аспект од 16:9.

Исто како и големината на мониторот, ова обично не ја зема предвид рамката или целосната големина на мониторот. На пример, монитор од 27 инчи со сооднос на аспект од 16:9 е обично широк 23,5 инчи и висок 13,2 инчи. Иако дијагоналата ја покажува вкупната големина, важно е да ги знаеш вистинските димензии, особено кога се обидуваш да го поставиш мониторот на биро или држач.

Помогни ми да изберам
монитор