Едноставен водич за
паметни монитори
Да се избере најдобриот екран за продуктивност и забава може да биде тешко. Традиционалните монитори се опремени за работа, додека телевизорите се дизајнирани за следење медиумски содржини - и секој си има свои ограничувања кога се користи надвор од предвидената намена.
Со комбинирање на предностите на двата - нудејќи работни алатки без PC, опции за поврзување, вградени апликации за стриминг и перформанси соодветни за гејминг - паметните монитори се одличен избор за секој кој сака еден екран на кој може да ги балансира работата и играта.
Во овој водич, одблиску ќе разгледаме што ги прави паметните монитори разновидна и сеопфатна опција за секојдневна употреба.
Содржина
Што е паметен монитор?¹
Паметен монитор претставува екран сѐ во едно на кој можеш да уживаш во забава и да бидеш продуктивен — сѐ на еден уред.
За разлика од конвенционалните монитори, паметните монитори се опремени со разни апликации за стриминг, гејминг и продуктивност. Samsung Smart Monitors, на пример, вклучуваат апликации за Samsung Smart TV, Gaming Hub и Workspace.
Покрај тоа, паметните монитори често содржат и карактеристики со кои гледањето, гејмингот и работата се поефикасин. На пример, мониторот Samsung Smart Monitor M9 со својот 4K QD-OLED екран овозможува неверојатен квалитет на сликата, додека неговата вградена камера со 4K поддржува видеоповици со висок квалитет. Некои модели дури имаат и вградени гласовни асистенти за практично управување без раце.
Без разлика дали средуваш презентација во Microsoft 3652, скокнуваш на брза сесија на игра на облак на Gaming Hub или се опуштат со омилените апликации за стриминг после работа — паметниот монитор беспрекорно се адаптира на твоите потреби, без да мора да менуваш повеќе уреди.
Надминувајќи ги конвенционалните PC монитори и паметни телевизори, Samsung Smart Monitors овозможуваат флексибилно сеопфатно решение за модерен животен стил — комбинирајќи работа, стриминг и гејминг во едно непречено искуство.
Која е разликата помеѓу
паметни телевизори и паметни монитори?¹
Иако на прв поглед паметните телевизори и паметните монитори се слични, паметните монитори нудат поголема разновидност со комбинирање функции за забава со алатки за зголемување на продуктивноста.
Прво, и телевизорите и мониторите поддржуваат гледање содржини, што ги прави соодветни за забава. Паметните телевизори нудат пристап до услуги за стриминг и преноси во живот, често преку вграден ТВ-тјунер. Вообичаено, паметните монитори не вклучуваат ТВ-тјунер, но сепак поддржуваат стриминг преку вградени апликации и услуги што нудат бесплатни канали во живо, како Samsung TV Plus.
Покрај тоа, и паметните телевизори и паметните монитори поддржуваат пресликување на екранот3 и контрола на повеќе уреди за споделување содржини низ повеќе уреди. Исто така, нудат и опции за поврзување, како Wi-Fi, Ethernet, HDMI и USB-порти за пристап до апликации за стриминг.
Кога станува збор за големина, паметните телевизори (32-инчни и поголеми) се идеални за гледање од поголемо растојание и за заеднички простории, како дневни соби, додека паметните монитори (обично меѓу 27 и 32 инчи) се соодветни за гледање одблиску, во лични простории, како спални спби, домашни канцеларии или соби во студентски домови.
Сепак, паметните монитори нудат многу повеќе од забава благодарение на функциите што поддржуваат продуктивност - нешто што вообичаено не се нуди на паметните телевизори. На пример, често вклучуваат пристап до алатки за работа, како Microsoft 365² и услуги на облак, олеснувајќи ја работата низ повеќе платформи без потреба од дополнителни кабли за надворешни уреди. Во однос на поврзување, вклучуваат дополнителни приклучоци, како DisplayPort и USB-C, кои поддржуваат пренос на податоци, полнење и непречено поставување повеќе уреди.
Да резимираме: паметните монитори комбинираат способности од паметен телевизор со традиционалните функции на монитор, вклучувајќи алатки за продуктивност и флексибилно поврзување уреди, за да понудат поразновидно искуство. Ова ги прави паметните монитори идеални и за работа и за гледање содржини, за разлика од паметните телевизори, кои се оптимизирани за забава и за гледање ТВ-содржини во живо.
Дали паметен монитор може да се користи како телевизор?
Да, паметните монитори може да се користат на слични начини како телевизор, особено бидејќи имаат вградени апликации за стриминг и звучници, што ти овозможуваат да уживаш во содржини и чист звук без посебен уред. Меѓутоа, ако сакаш паметниот монитор да го користиш како телевизор, треба да имаш на ум неколку работи.
Паметните монитори не можат да емитуваат канали во живо, бидејќи им недостасува ТВ-тјунер кој го имаат телевизорите. Сепак, сѐ уште може да уживаш во содржини по барање или да пресликуваш содржини од мобилниот телефон, користејќи функции како Smart View и AirPlay4, или да се вклучиш на Samsung TV Plus, што нуди бесплатни ТВ-канали во живо.
Големината на екранот е уште еден фактор што треба да се земе предвид. Паметните монитори се типично од 27 до 32 инчи — иако Samsung Smart Monitor асортиманот вклучува и 43-инчен модел. Ова ги прави соодветни за помали простори или за употреба како втор телевизор.
Да резимираме – паметните монитори се способни да овозможат искуство како со телевизор, а покрај тоа и да ја поедностават работата со други алатки за продуктивност. Сепак, можеби сѐ уште ќе сакаш да размислиш и за телевизор ако гледате многу содржини во живо, претпочиташ поголем екран или важно ти е да имаш квалитетен звук.
Дали вреди да се купи паметен монитор?
Паметните монитори се привлечна опција за корисници кои бараат екран сѐ во едно и за работа и за игра. Тие се особено вреден избор за корисници на кои им е важен стриминг, продуктивност и гејминг.
Да резимираме - вреди да се размисли за паметни монитори ако бараш разновиден екран сѐ во едно, што спојуваат забава, продуктивност и гејминг во еден екран.
Дали паметен монитор е добар за канцелариска работа?
Да, паметните монитори нудат опции што ги прават доста соодветни за канцелариска работа.
Со вградено Wi-Fi и пристап до апликации на облак, како Microsoft 3652, може да прелистуваш на интернет и да работиш од далечина без PC. Тие се поврзуваат со таблети и телефони и може да ви овозможат да управувате со сѐ со една тастатура и глувче.
Исто така, паметните монитори ги подобруваат карактеристиките на конвенционалните монитори, што ги прави уште поефикасни за канцелариски задачи. Конкретно, мониторот Samsung Smart Monitor M9 има 4K QD-OLED екран и стапка на освежување од 165 Hz6, што го прави мултитаскингот полесен, а долгите часови работа полесни за очите. Заедно со моделот M8, опремен е и со висококвалитетни камери - совршени за конференциски повици.
Затоа, ако сакаш разновиден екран што ќе ти ја поедностави работата, паметните монитори се одличен избор.
Дали паметен монитор е добар за гледање телевизија?
Иако паметните монитори не можат целосно да ги заменат телевизорите, Samsung Smart Monitors доаѓаат опремени со популарни услуги за стриминг и бесплатни ТВ-канали од Samsung TV Plus. Исто така, тие имаат разни приклучоци — вклучувајќи HDMI, USB-C и DisplayPort — и поддржуваат безжично пресликување на екранот3, така што можеш да се поврзуваш и да гледаш директно од твоите други уреди.
Бидејќи паметните монитори генерално се помали од телевизорите, искуството при гледање може да не биде толку реалистично. Сепак, паметните монитори се одлични за помали простори - како студио апартматни, соби во студентски домови или домашни канцеларии - бидејќи нудат поудобно и пофокусирно искуство при гледање. А ако барате искуство како со телевизор, Samsung нуди модели од 40 инчи или поголеми.
Дали паметен монитор е добар за гејминг?
Паметните монитори се добар избор за гејминг благодарение на вградените апликации за гејминг што обезбедуваат лесен пристап до популарни наслови. На пример, Samsung Smart Monitors имаат Gaming Hub, платформа на облак, што ти овозможува да ги играш омилените игри без потреба да се поврзуваш на конзола или на PC.
Покрај можноста за пристап до апликации за гејминг, за извонредно гејминг искуство се многу важни и исклучителнатна реактивност и течното движење. Поконкретно, асортиманот Samsung Odyssey — познат по високите стапки на освежување и ниското време на реакција — е одлична опција ако сакаш предност пред конкурентите во брзите игри. Сепак, ако бараш паметен монитор што може да ти овозможи и реактивна игра и поедноставена продуктивност, мониторот Smart Monitor M9 е конкуренција за серијата Odyssey, нудејќи стапка на освежување од 165 Hz6 и време на реакција од 0,03 ms7.
Затоа, паметните монитори се идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во реалистичен гејминг и непречена продуктивност — сѐ на еден екран.
Дали паметен монитор е добар за работа со дизајн?
Паметните монитори се добар избор за работа со дизајн, често нудејќи 2K (1440p) или 4K резолуција — слики во висока резолуција идеална за графички дизајн, уредување фотографии и видеопроекти. Многу модели, како Samsung Smart Monitors, исто така поддржуваат и HDR (висок динамички опсег), што го подобрува контрастот и осветленоста за попрецизна градација на боите.
Со опциите за HDMI, USB-C и DisplayPort, паметните монитори лесно се поврзуваат со периферни уреди, како таблети, и овозможуваат течни видеа и пренос на податоци. Некои модели, особено Samsung Smart Monitors, исто така имаат и ергономски карактеристики, како наклон, ротација и приспособување на висината, што ти помага да ти биде удобно при долга работа пред мониторот. Меѓутоа, ако покрај паметни функции, ти треба напредна прецизност на боите или калибрација на храдверот, Samsung ViewFinity S9 може да биде подобар избор.
Накратко, паметните монитори се компатибилни за работа со дизајн, спојувајќи остра резолуција, чиста слика и разновидни опции за поврзување за да поддржат професионални задачи за дизајн.
ЧПП
-
Дали за паметни монитори е потребна одделна CPU?Не, за паметни монитори не е потребна одделна CPU. За разлика од конвенционалните монитори, тие се опремени со вградени способности за процесирање што овозможуваат независно и безжично работење без да има потреба од поврзување со PC.
Samsung Smart Monitors работат со Tizen OS, кој нуди опции за поврзување со Wi-Fi и Bluetooth. Овие карактеристики ти овозможуваат да стримаш содржини, да пребаруваш на иинтернет и да користиш алатки за продуктивност засновани на облак, директно на мониторот. Исто така, може да поврзеш и други уреди за интегрирано работење. -
Може ли да играм игри на паметен монитор?Да, може да играш игри на паметен монитор, бидејќи некои модели поддржуваат платформи за гејминг на облак или вградени апликации што овозможуваат брз пристап до популарни наслови. Конкретно, Samsung Smart Monitors обезбедуваат пристап до Gaming Hub, за да можеш да ги играш омилените игри без потреба да се поврзуваш на конзола или на PC.
Покрај тоа, повеќето модели може да се поврзуваат со надворешни уреди, како конзоли за гејминг, лаптопи или PC преку HDMI или USB-C приклучоци, овозможувајќи ти да играш со подобрен сетап за гејминг.
Иако паметните монитори се соодветни за рекреативен гејминг, гејминг на облак и општа забава, моделите како Samsung Smart Monitor M9 се дизајнирани да бидат извонредни во брзи игри со натпреварување, кога се спарени со PC или конзола. M9 нуди напредни функции, како стапка на освежување од 165 Hz6, време на реакција од 0,03 ms (GtG)7 и компатибилност со G-Sync — минимизирајќи го доцнењето и сецкањето, додека истовремено испорачува возбудлива игра со врвна брзина и тек. -
Дали паметните монитори имаат вградени звучници?Да, повеќето паметни монитори имаат вградени звучници, овозможувајќи ти да уживаш во омилените филмови и серии и да разгледуваш видеа, без потреба од поврзување надворешна аудиоопрема. Вака добиваш почиста и попрактична средина за содржини за гледање.
Ако сакаш да го подобриш звукот, може да поврзеш надворешни звучници на паметниот монитор преку Bluetooth или жичено.
Samsung Smart Monitors доаѓаат со вградени звучници и поддржуваат подобрувања на звукот преку Bluetooth и други опции за поврзување, додавајќи длабочина на содржините. -
Можам ли да пребарувам на интернет директно на паметниот монитор?Да, со Wi-Fi поврзување, може да го користиш паметниот монитор да прелистуваш веб-сајтови, да си ја проверуваш е-поштата и да гледаш онлајн содржини директно на екранот.
Особено, Samsung Smart Monitors поддржува основно прелистување на интернет без потреба од дополнителни уреди, благодарение на Tizen OS.
Меѓутоа, ако бараш перформанси како на компјутерска работна површина за напредни задачи, ако го поврзеш паметниот монитор со PC или лаптоп ќе можеш да пребаруваш поубаво. -
Како да го вклучам паметниот монитор?Паметниот монитор може да го вклучиш преку физичкото копче за вклучување или со далечински управувач. Далечинскиот управувач е вклучен за да овозможи искуство како со телевизор. Сепак, прво провери го упатството за конкретни инструкции за моделот, бидејќи достапните начини може да се разликуваат во зависност од производителот, моделот или регионот.
Samsung Smart Monitors исто така вклучуваат и далечински управувач и нудат практични опции за вклучување, како апликацијата SmartThings5 и функцијата за автоматско вклучување, што го вклучува мониторот кога некој поврзан уред ќе стане активен.
Ако мониторот е во режим на мирување, притисни на кое било копче на далечинскиот управувач или префрли го на друг влезен извор за да продолжиш со користење. -
Дали паметните монитори може да се користат безжично?Иако за паметните монитори е потребен кабел за струја, тие се дизајнирани да работат самостојно без жично поврзување со PC. Повеќето модели поддржуваат безжично поврзување, вклучувајќи Wi-Fi за пристап до интернет и Bluetooth за спарување со безжични периферни уреди, како тастатури, глувчиња или мобилни уреди. Овие безжични опции за поврзување ти овозможуваат да стримаш содржина, да пребаруваш на интернет или да контролираш повеќе уреди, со што се обезбедува уреден и практичен сетап.
Samsung Smart Monitors обезбедуваат подобрена безжична функционалност што поддржува AirPlay4, Smart View и други безжични платформи. Ова овозможува беспрекорно поврзување со мобилни уреди, таблети, па дури и некои лаптопи, со што се создава безжично и интегрирано искуство за гледање. Сепак, безжичните можности за поврзување може да се разликуваат во зависност од моделот и регионот, затоа провери ги деталните спецификации на производот. -
Како да го поврзам паметниот монитор на интернет?Повеќето паметни монитори поддржуваат поврзување со интернет преку вграден Wi-Fi, што ти овозможува да стримаш содржина, да пребаруваш на интернет и да користиш алатки за продуктивност без да се поврзуваш со посебен PC.
Во некои случаи каде што безжичниот сигнал е слаб или нестабилен, одредени модели поддржуваат и жична интернет-врска преку USB-во-LAN адаптер, кој се продава одделно.
Samsung Smart Monitors поддржуваат и безжично и жично поврзување со интернет. Откако ќе се поврзеш, ќе можеш да пристапиш до низа паметни функции, вклучувајќи пребарување на интернет, стриминг на видеа и далечински функции на PC, директно од мониторот.
Еве како да го поврзеш вашиот паметниот монитор со Wi-Fi:
1. Отвори го менито за поставки користејќи го далечинскиот управувач или копчињата на уредот.
2. Оди до поставките за мрежа или за Wi-Fi.
3. Овозможи Wi-Fi, избери ја твојата безжична мрежа и внеси ја лозинката. -
Како да поврзам надворешни уреди на паметниот монитор?Паметните монитори можат да се поврзат со надворешни уреди на неколку начини, во зависност од моделот и неговите достапни функции.
1. Жично поврзување
- Пронајди ја соодветната влезна порта на мониторот, како што се HDMI, DisplayPort или приклучок за USB-C, кои се достапни на поддржаните модели.
- Користи компатибилен кабел за да го поврзеш лаптопот, PC-то или конзолата за гејминг.
- Провери ја листата на поврзани уреди што се појавува на Home екранот на мониторот и избери го уредот со кој сакаш да се поврзеш.
2. Безжично поврзување
- За да користиш пресликување на екранот3 без кабел, поврзи го мониторот на истата Wi-Fi мрежа на кој е поврзан твојот мобилен уред.
- На мобилниот уред отвори ја опцијата за пресликување на екранот3 или опцијата за емитување, како што Се AirPlay4, Smart View
- Избери го твојот монитор за да започнеш со споделување на екранот на мобилниот уред.
Имаш прашања за монитори? Погледни ги нашите статии со кратки совети подолу за да добиеш одговор:
1. Сликата на екранот е симулирана за илустрација.