Сè што треба да знаеш за стапките на освежување на мониторот

Кога бираш нов монитор, една клучна спецификација на која ќе наидеш е стапката на освежување. Без разлика дали играш, работиш или уживаш во забава, како гледање видеа, стапката на освежување на мониторот игра важна улога во непреченото работење и реактивноста на екранот. Овој водич ќе ти помогне да разбереш што е стапка на освежување, како функционира и зошто е важна за различни корисници и активности.

Што е стапка на освежување на монитор?

Стапката на освежување се однесува на тоа колку пати мониторот може да ја ажурира сликата во една секунда. Игра голема улога во непреченото и течно движење на сликата, што е особено важно за активностите како гејминг, уредување видеа или гледање динамични видеа.

Како се мери стапката на освежување?

Стапката на освежување се мери во херци (Hz), што означува колку пати во секунда екранот ја освежува сликата. На пример, монитор од 120 HZ ја освежува сликата 120 пати во секунда. Вообичаени стапки на освежување се 60 Hz, 120 Hz, 144 Hz, 240 Hz и 360 Hz. Поголемиот број значи понепречени транзиции и помалку заматување, особено кога се прикажуваа подинамични содржини.

 

Три идентички автомобили се тркаат во 240 Hz, 144 Hz и 60 Hz. Автомобилот се движи потечно во 240 Hz, додека автомобилите во 144 Hz и 60 Hz се движат бавно со треперење и доцнење.

Избери ја соодветната стапка на освежување за твоите потреби

• 144 Hz и повисоки:
Иако повисоките стапки на освежување во овој опсег се главно од корист за гејмери, тие може да им бидат од користи и на монтажерите на видеа и аниматорите, нудејќи им непречени прегледи и потенцијално намалувајќи го напрегањето на очите при подолга употреба.

• Од 75 Hz до 120 Hz:
Мониторите во овој опсег нудат понепречено движење и можат да бидат корисни за задачи како графички дизајн и репродукција на видеа, особено за содржини преполни со акција. Подобрената стапка на освежување може да придонесе за пореактивни интеракции.

• 60 Hz:
Ова е стандардната стапка на освежување кај повеќето монитори, соодветна за секојдневни задачи, како прелистување на интернет, е-пошта, уредување документи и стримување видеа. Обезбедува адекватни перформанси за општа употреба.

 

Која е добра стапка на освежување за гејминг?

Како стапката на освежување влијае врз гејмингот?

Две идентични сцени од борба на 60 HZ и 144 Hz. Кај сцената на 60 Hz се забележува доцнење што води до пораз на гејмерот, додека сцената на 144 Hz е потечна и му помага на гејмерот да победи.

* Видеото е симулирано за илустрација.

Потечно движење со висока стапки на освежување

За гејмери, високата стапка на освежување може да значи многу. Мониторите со повисоки стапки на освежување овозможуваат потечно движење и пореалистична гра, особено во жанровите како трки и борби, како и кај игрите со симулација чија цел е точно да имитираат ситуации од реалниот свет. Повисока стапка на освежување го намалување заматувањето при движење и обезбедува потечно искуство, што на гејмерите им овозможува пореалистично искуство при играње и предност пред непријателите.

 

Подобрување на реактивноста на играта

Покрај подобриот визуелен приказ, повисоките стапки на освежување ја подобруваат и реактивноста на играта, што е многу важно кај игрите каде брзите реакции се пресудни. Ова е особено важно за оние гејмери кои се натпреваруваат, играјќи наслови кај кои е важна и милисекундата. Жанровите како пукање во прво лице (FPS), спорт и борби се потпираат на брзите реакции на играчите. Монитор со стапка на освежување од 144 Hz или повисока почесто го освежуваат екранот, што ти овозможува побрзо и појасно да ја следиш акцијата. Така, можеш да реагирап побрзо, а и инпутот што го правиш се одвива побрзо.

 

Препорачани стапки на освежување за различни гејмери

Рекреативни гејмери со ограничен буџет

На монитор од 100 Hz e прикажана полесна игра. На монитор од 100 Hz e прикажана полесна игра.

Монитор од 100 Hz и 120 Hz може да се справи со едноставни и полесни игри, нудејќи задоволителни перформанси за оние кои играат повремено или сакаат полесни наслови. Оваа опција е соодветна ако сакаш пониски трошоци, а сепак да уживаш во играњето.

Повеќето гејмери

На монитор од 144 Hz e прикажана графичка игра со тројца витези кои се борат со змеј. На монитор од 144 Hz e прикажана графичка игра со тројца витези кои се борат со змеј.

За задоволително искуство при играње, препорачуваме монитор со стапки на освежување помеѓу 144 Hz и 200 Hz. Овој опсег обезбедува потечна и пореактивна игра, подобрувајќи го целокупното искуство низ голем избор на жанрови.

Искусни гејмери и гејмери кои се натпреваруваат

На монитор од 240 Hz e прикажана FPS игра. На монитор од 240 Hz e прикажана FPS игра.

За гејмери кои бараат највисоки перформанси, мониторите со стапки на освежување од 240 Hz, па и кои достигнуваат до 360 Hz може да обезбедат сосема ново искуство. Овие ултра високи стапки на освежување обезбедуваат неверојатно течна и реалистична акција, во комбинација со речиси инстантна реактивност. Жанровите како пукање во прво лице, кралски битки и наслови од е-спорт имаат најголема корист од оваа стапка на освежување која ти дава значителна предност пред конкуренцијата.

Многу важно нешто да се напомене е тоа дека ако твојот сетап не може континуирано да го произведува неопходниот FPS за да одговара на стапката на освежување на мониторот, нема да забележиш видливо подобрување. Затоа, важно е да го процениш целиот систем пред да преминеш на монитор со повисока стапка на освежување.

Која е добра стапка на освежување за други намени?

За други задачи освен гејминг, идеалната стапка на освежување зависи од тоа за што го користиш мониторот:

Уредување видеа и создавање содржини
Лицата кои професионално се занимаваат со уредување видеа и создавање содржини може да имаат корист од повисоки стапки на освежување (100 Hz или повисоки) бидејќи потечната репродукција ја подобрува прецизноста за време на преглед на видеа и ја подобрува градацијата на боите.

Канцелариска и секојдневна употреба
60 Hz главно е доволно за општа канцелариска работа, прелистување на интернет и гледање видеа. Меѓутоа, кога прелистува веб-страници или документи или го движиш глувчето, монитор со стапка на освежување од 100 Hz или повисока ќе обезбеди потечно движење, поголема реактивност и почисти слики и текст.

Како да ја провериш и промениш стапката на освежување на мониторот

Приспособувањето на стапката на освежување на мониторот е едноставно. Во зависност од оперативниот систем, може да ги следиш следниве чекори:

  1. На Windows: Кликни со десниот клик на десктопот, избери „Display Settings“, па оди во „Advanced Display Settings“. Тука, може да ја видиш и да ја промениш стапката на освежување на мониторот.
  2. На macOS: Оди во „System Settings“, избери „Displays“, па кликни на паѓачкото мени „Refresh Rate“ и избери ја посакуваната стапка на освежување.

Пред да направиш каква било промена во стапката на освежување на мониторот, провери дали хардверот - вклучувајќи ги PC, GPU и мониторот - ја поддржуваат посакуваната стапка на освежување. Ако тековниот хардвер не може да поднесе повисока стапка на освежување, размисли за надградба за да имаш потечни визуелни прикази и оптимални перформанси.

G-Sync и FreeSync: Најновите трендови во технологијата за стапка на освежување

Технологија на променлива стапка на освежување (VRR)

Едно од највозбудливите напредоци во технологијата на стапка на освежување е променливата стапка на освежување (VRR). Технологиите како G-Sync (на NVIDIA) и FreeSync (на AMD) динамично ја приспособуваат стапката на освежување на мониторот за да одговара на FPS што ги овозможува GPU. Ова помага да се елиминира кинењето и сецкањето на екранот, што резултира со потечна игра.

 

Зошто е важна VRR

VRR е особено корисна кога брзината на кадри на содржините варира, дали поради променливиот GPU резултат во игрите или поради разликите во брзината на кадрите во видеото. Со усогласување на стапката на освежување на мониторот и брзината на кадрите на содржината што се прикажува, VRR обезбедува непречено визуелно искуство без визуелните артефакти, како кинење или сецкање на екранот.

 

Две идентични сцени што прикажуваат тркачки автомобил како се трка на патеки. Sync OFF прикажува сецкање на екранот, додека Sync ON прикажува непречени визуелни прикази.

* Видеото е симулирано за илустрација.

Помогни ми да изберам
монитор

* Сликите на екранот се симулирани за илустрација.