Локални вести

Откријте го светот со моделите Galaxy Z Fold3 5G i Galaxy Z Flip3 5G

Нова ера во иновациите на мобилните телефони. Благодарение на моќните премиум паметни телефони на преклоп, Samsung поставува нови стандарди за корисниците

Скопје, 11. август  2021. година – Компанијата Samsung Electronics  на виртуелниот настан Galaxy Unpacked 2021: Get Ready to Unfold, создава нова ера кај паметните телефони на преклоп, со два најнови премиум модели - Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G. Двата уреди се супериорно изработени и се карактеризираат со револуционерни перформанси што корисниците на Samsung ги сакаат и со нетрпение ги очекуваат. Третата генерација на овие уреди, со легендарен дизајн и импресивни карактеристики, Z Flip3 и Z Fold3 им овозможуваат на корисниците нови и уникатни начини на работа и забава.

 

На оние на кои им е потребен совршен уред за работа и забава, Z Fold3 е навистина моќно повеќефункционално решение со подобрени перформанси, 7,6-инчен Infinity Flex екран со совршено непречено отворање и поддршка за S Pen, што се јавува за прв пат кај уредите на преклоп. За оние кои ги ценат стилот и функционалноста, Z Flip3 е идеален поради својот елегантен и компактен дизајн кој го собира и в џеб, со подобрени карактеристики на камерата и поголем надворешен екран за полесна употреба во движење.

 

„Со Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 моделите, Samsung повторно ги отвора можностите за мобилни телефони на преклоп  што им даваат на корисниците флексибилност и перформанси со цел да бидат во чекор со денешното брзо темпо“, вели д-р Т.М. Рох, претседател и директор за мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Како пионер и лидер во категоријата уреди на преклоп заедно со моделите Z Fold3 и Z Flip3, горди сме што продолжуваме со иновациите по кои сме познати. Овие уреди им носат на корисниците технологија која создава нови начини за максимално уживање во секое време со екосистем базиран на отвореност и иновација “.

 

Најнова долготрајна технологија

 

Корисниците на Samsung очекуваат уреди на преклоп кои се направени да траат. Затоа оваа генерација Galaxy Z уреди се карактеризира со уникатна изработка. Z Fold3 и Z Flip3 се првите паметни телефони на преклоп опремени со отпорност на вода IPX8, така што корисниците повеќе не треба да се грижат доколку бидат изложени на дождливо време. И двата уреди се изработени од нашиот нов алуминиум - најцврстиот алуминиум досега користен за паметен телефон - заедно со најсилното Corning® Gorilla® Glass Victus ™ стакло за заштита од гребнатини и случајни падови. Покрај тоа, двата уреди имаат нов заштитен филм направен од растеглив ПЕТ материјал и оптимизирани слоеви на панелот на внатрешниот екран, благодарение на што овој екран е за 80% потраен од претходните уреди.

 

Samsung продолжува да го предводи патот во категоријата уреди на преклоп по кои е познат по строгите процеси на производство со цел одржлива сигурност по долгогодишна употреба. Револуционерното скриено преклопување, првпат воведено на Galaxy Z Flip, им овозможува на овие уреди да не се движат под никаков агол за иновативно корисничко искуство во Flex режимот на работа. Благодарение на напредната Sweeper технологија за чистење, внатрешните четки сега се пократки, така што прашината и другите честички остануваат надвор од скриениот преклоп кој има потенок дизајн.

Тестот потврден од Buerau Veritas во рамки на паметните телефони Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3, беа подложени на притисок од 200.000 последователни преклопувања, самото тоа кажува дека нивното преклопување е на највисоко ниво. Покрај тоа, паметните телефони исто така доаѓаат со поддршка за 5nm AP и 5G опсег.

 

Galaxy Z Fold3: ултимативна продуктивност и забава

 

Благодарение на неговиот 7,6-инчен Infinity Flex Display (екран), корисниците на паметни телефони Galaxy Z Fold3 можат да уживаат во вистинско кино искуство со нивната омилена содржина. Корисничкото искуство го надополнува дизајнот на камерата, скриена под екранот, кој што не го попречува прикажувањето на преклопениот екран. Користејќи технологија за прикажување Еко, екранот е 29% посветлен, додека троши помалку енергија во исто време. Една од главните предности е секако неверојатната брзина на освежување од 120 Hz, што овозможува исклучително непречено користење на предниот и главниот екран.

 

За прв пат во серијата Galaxy Z, Samsung ја применува својата популарна технологија од серијата „Note“ на моделот Z Fold3: поддршка за S Pen. Корисниците можат да ги користат целосно оптимизираните карактеристики на S Pen на нивниот екран на преклоп, што го прави совршен избор за оние во движење или оние кои извршуваат повеќе задачи одеднаш. На корисниците сега им е полесно да пишуваат белешки за време на видео повик на големиот главен екран на Z Fold3, или да проверат кои обврски ги завршиле додека читаат е-маил пораки.

S Pen за Galaxy Z Fold3 е достапен во две варијанти: S Pen Fold Edition и S Pen Pro. И двете верзии на пенкалото носат Pro технологијата овозможува поголема респонсивност од било кога досега, а се базира на технологија на вовлекување на врвот која го штити главниот екран од потенцијални оштетувања и овозможува безгрижно користење.

Што се однесува до продуктивноста, режимот Flex Mode на паметните телефони Galaxy Z Fold3 обезбедува исклучителни способности за повеќе задачи. На пример, корисникот може да се приклучи на видео повик на предниот екран во исто време додека прави белешки на главниот екран. Понатаму, Galaxy Z Fold3 исто така носи ажурирана Multi-Active технологија за прикажување на повеќе апликации  одеднаш на големиот екран. Конечно, корисниците исто така можат да креираат персонализирани кратенки за повторно отворање апликации на ист начин благодарение на функцијата App Fair, каде што беспрекорното префрлување помеѓу апликациите без да мора да одат во главното мени е овозможено со новиот Taskbar на Galaxy Z Fold3.

 

Galaxy Z Flip3: Идеален баланс помеѓу стилот, функционалноста и постојана забава

 

Galaxy Z Flip3 им овозможува на корисниците да се изразат на свој начин благодарение на елегантниот дизајн надополнет со врвни карактеристики. Редизајнираниот преден екран на Cover Screen сега е четири пати поголем, што го олеснува читањето известувања и пораки без да морате да го расклопите вашиот паметен телефон. Предниот екран, исто така, го прикажува календарот, времето и бројот на дневни чекори на корисникот и може дополнително да се персонализира со функции со додатоци на Cover Screen и избраната фотографија во заднина, како и интегрирана со опции обезбедени од новиот Galaxy Watch4 или Galaxy Watch4 Classic паметни часовници.

Користејќи некои од најновите карактеристики на камерата развиени од Samsung, Galaxy Z Flip3 им овозможува на корисниците во Flex Mode да прават неверојатни портрети или селфи фотографии без употреба на раце.Понатаму, додека на претходните модели беше возможно да се фотографира само кога е преклопен телефонот, сега е можно да се слика видео со опцијата Quick Shot со помош на интерфејсот на предниот екран на Cover Screen. Сe што треба да направите е да го кликнете двапати копчето за да го вклучите паметниот телефон.

Galaxy Z Flip3 исто така е опремен со напредни стерео звучници со поддршка за Dolby Atmos®, што овозможува звук со висока јасност, длабочина и движење низ просторот без оглед на тоа што гледа или слуша корисникот. Благодарение на режимот Flex Mode, корисникот исто така може практично да ужива во својата омилена содржина, каде видеото може да се гледа на горниот дел од екранот, додека осветленоста и јачината на звукот може да се контролираат на дното.

 

Оптимизираното искуство на преклоп, отвора нови можности

 

Со серијата Galaxy Z, на корисниците им се достапни голем број апликации кои целосно го користат екранот што се преклопува. Samsung ги прошири партнерствата со водечките компании како Google, Microsoft и други, така што корисниците можат да уживаат во повеќе апликации прилагодени на нивните уникатни потреби. За да им понуди на корисниците уште поголем избор, новата функција на Samsung- Labaratoria, која може да се инсталира, им овозможува на корисниците да оптимизираат уште повеќе апликации на екранот на преклопување кога и да им се потребни.

 

Galaxy Buds2: супериорен звук и искуство

 

Покрај паметните телефони Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3, Samsung ги претстави и безжичните слушалки Galaxy Buds2. Одличниот дизајн на слушалките овозможува удобно носење во текот на денот,и истовремено уживање на врвен квалитет на звукот. Најновите слушалки на Samsung, кои се и најлесните и најмали досега, го задржуваат карактеристичниот заоблен дизајн кои што ги прави препознатливи, и стануваат дел од семејството Galaxy Buds заедно со Galaxy Buds Live и Galaxy Buds Pro, за да им овозможат на корисниците уште поголем избор прилагоден на  нивните потреби. Новите слушалки се опремени со динамични двонасочни звучници, кои обезбедуваат остар и јасен звук на бас, додека функцијата Active Noise Cancellation ја намалува бучавата во позадина. Исто така, Galaxy Buds2 овозможуваат подобар  квалитет на повик благодарение на најновата технологија, која што со помош на  вештачка интелигенција ги филтрира звуците од позадината и овозможува појасни разговори.

 

Цена и достапност

 

Samsung е посветен на уникатно искуство со телефоните на преклоп на повеќе корисници. Затоа двата Galaxy Z уреди се нудат по најдобри цени досега. Galaxy Z Fold3 се нуди по цена од 107.999 денари, а Galaxy Z Flip3 за 61.499 денари. Galaxy Bud2 ќе се продаваат по цена од 9.999 денари. Galaxy Z Fold3 е достапен на нашиот пазар во три бои, и тоа: фантомска црна, фантомска сребрена и фантомска зелена, додека моделот Z Flip3 ќе го има во фантомска црна, крем, зелена и лаванда боја.

 

Нарачајте веднаш во претпродажба

 

Во промотивниот период за нарачка однапред на Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3 паметните телефони, корисниците имаат можност да искористат специјален пакет поволности и да добијат попуст од 6000 МКД при купување нов паметен телефон. Исто така, можат да искористат дополнителен попуст за откупната вредност на стариот телефон и дополнителен бонус од 6000 МКД за одредени модели. Доколку одлучат да го купат моделот Galaxy Z Fold3, покрај попустот во претпродажниот период, корисниците имаат право на 3-годишна гаранција, како и маска на преклоп со пенкало и полнач од 25 W. Промоцијата трае од 11 до 26 август или до истекување на залихите. За искористите промоцијата, потребно е да се регистрирате преку апликацијата Samsung Members Lounge најдоцна до 19 септември 2021 година. За повеќе информации посетете ја страницата  https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold3-z-flip3

 

За повеќе информации за Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 и слушалките Galaxy Buds2, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/mk За медиумски материјали и подетални описи, посетете ја страницата www.samsungmobilepress.com/galaxyunpacked

Спецификации за моделите

Спецификација за  Galaxy Z Fold3 5G

Дисплеј

Главен екран

7,6-inčni QXGA+ Dynamic AMOLED 2X displej (22.5:18)

 Infinity Flex дисплеј (2208 x 1768),

374ppi,  прилагодлива стапка на освежување од 120Hz

900 nits(HBM), 1200 nits(peak)

*Мерено дијагонално, големина на главниот екран на моделот Galaxy Z Fold3 5G je 7,6 инчи, а за полн правоаголник  и 7,4 инча, сметајќи ги и заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли.

Надворешен екран

6,2-инчи HD+ Dynamic AMOLED 2X displej (24.5:9), 2268 x 832,

387ppi, прилагодлива стапка на освежување од 120Hz

1000 nits(HBM), 1500 nits(peak)

* Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Fold3 5G е 6,2 инчи за целосен правоаголник и 6,1 инчи сметајќи ги и заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворите на камерата.

Дименизии и тежина

Преклопен

67,1 x 158,2 x 16,0mm ( преклопен екран ) ~ 14,4mm (преклоп)

Отворен

128,1 x 158,2 x 6,4mm

Тежина

271g

Камера

Надворешна камера

10MP селфи камера: F2.2, големина на пиксели: 1.22μm, FOV: 80˚

Камера под дисплеј

4MP камера под дисплеј: F1.8, големина на пиксели: 2.0μm, FOV: 80˚

Задна тројна камера

12MP ултра широка камера: F2.2, величина на пиксели: 1,12μm, FOV: 123˚

12MP широкоаголна камера: Dual Pixel AF, OIS, F1.8, големина на пиксели: 1,8μm, FOV: 83˚
12MP телефото камера: PDAF, F2.4, OIS, големина на пиксели: 1,0μm, FOV: 45˚

Супер чисто стакло со  Corning® Gorilla® стакло со  DX
Dupli OIS, 0,5x зголемување и 2x оптички зум , до 10x дигитален зум, HDR10+ снимање, Tracking AF

AP

5㎚ 64-bit  осмојадрен процесор

※ 2,84㎓ (CPU- брзина) + 2,4㎓ + 1,8㎓

Меморија

12GB RAM со 512GB внатрешен простор за складирање (UFS3.1)

12GB RAM со 256GB внатрешен простор за складирање (UFS3.1)

* Достапноста може да варира од пазар до пазар. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката.

Батерија

4400mAh (стандардна) дупла батерија *

* Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трети лица. Стандардната вредност е проценетата просечна вредност земајќи го во предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батеријата тестирани според IEC 61960 стандардот. Проценетиот (минимален) капацитет е 4275mAh. Вистинската трајност на батеријата може да варира во зависност од околината на мрежата, моделите на употреба и други фактори.

Полнење

Брзо полнење компатибилно со мрежна и wifi конекција *
Wireless PowerShare**

 

Брзо полнење 25W

Брзо безжично полнење 10W

Обратно безжично полнење 4,5W

*Мрежно напојување компатибилно со  QC2.0 i AFC, безжично напојување компатибилно со WPC i PMA
**Wireless PowerShare е ограничено на Samsung паметните телефони или други брендови со безжично полнење WPC Qi како што се Galaxy S21 серија, Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra, Galaxy S20, S20 +, S20 Ultra, Galaxy Z Flip, Galaxy Note10, Note10 +, Galaxy S10e, S10, S10 +, S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE, Note5 и преносливи уреди како што се Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да се случи да не работи со одредени додатоци, или со други уреди од различен бренд. Може да влијае на квалитетот на приемот на повици или податочните услуги, во зависност од квалитетот на мрежната во  околина.

Отпорност на вода

IPX8

*IPX8 се базира на тестираните услови при потопување до длабочина од 1,5 метри во свежа вода 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен. Не е отпорен на прашина.

Оперативен систем OS

Android 11

Мрежа

[LTE]*: Унапреден  4X4 MIMO, 7CA, LAA, LTE Cat.20
[5G]**: Несамостоен (NSA), Самостоен (SA), Sub6 / mmWave

*Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување

**Бара оптимална 5G конекција. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.

Поврзување

[Wi-Fi 6E] 802.11 a/b/g/n/ac/ax HE160 MIMO, 1024QAM

[Bluetooth] Bluetooth® v 5.2 (LE do 2Mbps), USB Type-C, NFC, локација (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

[Ултра широк појас]

*Galileo и BeiDou покриеност може да биде ограничена. BeiDou можно е да не е достапен за одредени земји.

СИМ картица

Една е-SIM и две Nano SIM

*SIM картицата се продава посебно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

**Достапноста на eSIM може да варира во зависност од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете со својото оператор дали вашиот договор за мобилна мрежа поддржува eSIM.

Плаќање

Samsung Pay

Кредитни и дебитни картици: поддржува MST и/или NFC
Членски картички, картички за подарок, транзитни картички,услуга за наградни бодувања

*Достапно на одбрани пазари. Платежните решенија и достапните функции можат да варираат во зависност од пазарот, операторот и компанијата која ги поддржува тие услуги.

Сензори

Капацитет на сензорот за отклучување со отисок од прсти (од страна),акцелерометар, барометар, жиро сензор,геомагнетски сензор, хало сензор, сензор за брзина, сензор за светло

Потврда на идентитет

Тип на заклучување: форма, PIN, шифра
Тип на биометриско заклучување: сензор за отисок од прст*,  препознавање на лице  

*Galaxy Z Fold3 5G има капацитет на сензорот за отисок на прстот од страна.

Аудио

Стерео звучници

Сараунд звук за  Dolby Atmos технологија  (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучен.)
UHQ 32-bit &DSD64/128  поддршка *, PCM: до 32 bita, DSD: DSD64/128


Формат на репродукција на звукот: MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

*DSD64 и DSD128 репродукцијата може да биде ограничена во зависност од форматот на датотеката.

Видео

Формат за репродукција на слика: MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
TV врска

Безжично: Smart View (пресликување на екранот 1080p на 30fps) / Мрежно: поддржува дисплеј порта преку USB type-C. Поддржува видео излез кога е поврзан преку HDMI адаптер. (дисплеј порта  4K UHD на 60 fps)

Безбедност

Knox платформа: мониторинг и заштита во реално време.
Превенција на вируси и малциозен софтвер.

Сигурна датотека: безбеден простор на уредот за изолација и заштита на содржина како што се апликации, фотографии, филмови и приватни датотеки.

*Давателите на решенија за превенција на вируси и малициозен софтвер може да варираат во зависност од пазарот. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

Боја

Фантомска црна, фантомска зелена, фантомска сребрена

Во кутија

Galaxy Z Fold3 5G, дата кабел, игла за СИМ, кратко упатство за вклучување.

*Вистинските компоненти може да варираат во зависност од моделот и регионот. Бојата на пакувањето може да варира во зависност од бојата на уредот.


Спецификација за  Galaxy Z Flip3 5G

 

Дисплеј

Главен екран

6,7-inčni FHD+ Dynamic AMOLED 2X дисплеј  (22:9) Infinity Flex дисплеј

2640 x 1080

425ppi

Прилагодлива стапка на освежување од 120Hz

900 nits(HBM), 1200 nits(peak)

*Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Flip3 5G е 6,7 инчи за целосен правоаголник и 6,6 инчи сметајќи ги заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворите на камерата.

Надворешен екран

1,9-inčni Super AMOLED дисплеј                                                                                                     

260 x 512

302ppi

935 nits(HBM)

*Измерено дијагонално, големината на главниот екран на Galaxy Z Flip3 5G е 1,9 инчи за целосен правоаголник и 1,8 инчи броејќи ги заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворите на камерата.

Димензии и тежина

Преклопен

72,2 x 86,4 x 17,1mm (екран на преклоп) - 15.9mm (преклоп)

Отворен

72,2 x 166,0 x 6,9mm

*Дебелината на моделот Galaxy Z Flip3 5G кога е отворен не го вклучува главниот дисплеј

Тежина

183гр

Камера

Предна камера

10MP селфи камера: F2.4, големина на пиксели: 1,22μm, FOV: 80˚

Задна двојна камера

12MP ултра широка камера: F2.2, големина на пиксели: 1,12μm, FOV: 123˚

12MP широкоаголна камера: Dual Pixel AF, OIS, F1.8

Големина на пиксели: 1,4μm, FOV: 78˚

Супер чисто стакло со Corning® Gorilla® стакло со DX

До 10x дигитален зум, HDR10+ снимање, Tracking AF

AP

5㎚ 64-bitni осмојадрен процесор

※ 2,84㎓ (CPU-брзина) + 2,4㎓ + 1,8㎓

Меморија

8GB RAM со 256GB внатрешен простор за складирање (UFS 3.1)

8GB RAM со 128GB внатрешен простор за складирање (UFS 3.1)

*Достапноста може да варира во зависност од продажниот пазар. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од пазарот, моделот, големината и форматот на датотеката.

Батерија

3,300 mAh (стандардна) дупла батерија

*Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трети лица. Стандардната вредност е проценетата просечна вредност земајќи го во предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батеријата тестирани според IEC 61960 стандардот Проценетиот (минимален) капацитет е 3203mAh. Вистинската трајност на батеријата може да варира во зависност од околината на мрежата, моделите на употреба и други фактори.

Полнење

Брзо полнење компатибилно со мрежно и wifi поврзување*
Wireless PowerShare**

Брзо полнење 15W

Брзо безжично полнење 10W

Обратно безжично полнење 4,5W

*Мрежно полнење компатибилно со QC2.0 и AFC, безжично полнење компатибилно со WPC и PMA
**Wireless PowerShare е ограничено на Samsung паметните телефони или други брендови со безжично полнење WPC Qi како што се Galaxy S21 серија, Galaxy Z Fold2, Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra, Galaxy S20, S20 +, S20 Ultra, Galaxy Z Flip, Galaxy Note10, Note10 +, Galaxy S10e, S10, S10 +, S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6, S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE, Note5 и преносливи уреди како што се Galaxy Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да се случи да не работи со одредени додатоци, или со други уреди од различен бренд. Може да влијае на квалитетот на приемот на повици или податочните услуги, во зависност од квалитетот на мрежната во  околина.

Отпорност од вода

IPX8

*IPX8 се базира на тестираните услови при потопување до длабочина од 1,5 метри во свежа вода 30 минути. Не се препорачува употреба на плажа или базен. Не е отпорен на прашина.

Оперативен систем OS

Android 11

Мрежа

[LTE]*: Унапреден 4X4 MIMO, 7CA, LAA, LTE Cat.20
[5G]**: Несамостојно (NSA), самостојно (SA), Sub6 / mmWave

* Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.

**Потребна е оптимална 5G конекција. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување

Поврзување

[Wi-Fi] 802.11 a/b/g/n/ac/ax HE80 MIMO, 1024QAM

[Bluetooth] Bluetooth® v 5.1 (LE do 2Mbps), USB Type-C, NFC, lokacija (GPS, Galileo, Glonass, BeiDou)

* Galileo и BeiDou покриеност може да биде ограничена. BeiDou можно е да не е достапен за одредени земји.

СИМ картица

Една е-СИМ и една Nano СИМ

*СИМ картичката се продава посебно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

**Достапноста на е-СИМ картичката може да варира во зависност од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете со својот оператор дали вашиот договор за мрежно поврзување поддржува еСИМ.

Плаќање

Samsung Pay

Кредитни и дебитни картици: поддржува MST и/или NFC
Членски картички, картички за подарок, транзитни картички,услуга за наградни бодувања

*Достапно на одбрани пазари. Платежните решенија и достапните функции можат да варираат во зависност од пазарот, операторот и компанијата која ги поддржува тие услуги.

Сензори

Капацитет на сензорот за отклучување со отисок од прсти (од страна),акцелерометар, барометар, жиро сензор,геомагнетски сензор, хало сензор, сензор за брзина, сензор за светло

Потврда на идентитет

Тип на заклучување: форма, PIN, шифра
Тип на биометриско заклучување: сензор за отисок од прст*,  препознавање на лице  

*Препознавање на лице достапно само кога е отворен телефонот со предна камера.

Аудио

Стерео звучници

Сараунд звук со Dolby Atmos технологија (Dolby Digital, Dolby Digital Plus вклучени.)
UHQ 32-bit &DSD64/128 поддршка*, PCM: до 32 bita, DSD: DSD64/128


Формат на репродукција на звукот: MP3, M4A, 3GA, AAC, OGG, OGA, WAV, AMR, AWB, FLAC, MID, MIDI, XMF, MXMF, IMY, RTTTL, RTX, OTA, APE, DSF, DFF

 

Bluetooth

Dual Audio: поврзете два Bluetooth уреди на Galaxy Z Flip3  за звук преку два уреда истовремено.

 

Скалабилен кодек: Подобрена Bluetooth конекција под амбиентални и радиофреквентни пречки.

 

Снимање

Квалитетот на снимање е подобрен со High AOP  микрофон кој  бучавата во опкружувањето ја сведува на минимум..

*DSD64 и DSD128 репродукцијата можат да бидат ограничени во зависност од форматот на датотеката.

*Два поврзани уреди може да имаат мала разлика во излезниот звук.

* Достапно само за одредени додатоци на Samsung и AKG.

* AOP: степен на акустично оптоварување

Видео

Формат за репродукција на слика: MP4, M4V, 3GP, 3G2, AVI, FLV, MKV, WEBM
TV врска

Безжично: Smart View (пресликување на екранот  1080p на 30fps)

Безбедност

Knox платформа: мониторинг и заштита во реално време.
Превенција на вируси и малциозен софтвер.

Сигурна датотека: безбеден простор на уредот за изолација и заштита на содржина како што се апликации, фотографии, филмови и приватни датотеки.

*Давателите на решенија за превенција на вируси и малициозен софтвер може да варираат во зависност од пазарот. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот.

Боја

Кремава,зелена, лаванда, фантомска црна

[Екслузивни бои на Samsung.com] Сива, бела, розева

Во кутија

Galaxy Z Flip3 5G, дата кабел , игла за сим картичка, кратко упатство за вклучување  

*Вистинските компоненти може да варираат во зависност од моделот и регионот. Бојата на пакувањето може да варира во зависност од бојата на уредот.

Спецификација за Galaxy Buds2 слушалки

Димензија и тежина

Слушалки: 17.0(W) x 20.9(H) x 21.1(D) mm, 5.0g

Куќиште за полнење: 50(W) x 27.8(H) x 50.2(D) mm, 41.2g

Звучник

2-smerni (Woofer + Tweeter)

Микрофон

3 микрофони (2 надворешни  + 1 внатрешен ) + единица за детектирање на глас  

Батерија

Капацитет

Слушалки: 61mAh (typical)

Куќиште за полнење: 472mAh (typical)

*Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трети лица. Стандардната вредност е проценетата просечна вредност земајќи го во предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батеријата тестирани според IEC 61960 стандардот

Време на репродукција на звук

До 5 часа / вкупно до  20 часа (ANC вклучен)

До 7,5 часа / вкупно до 29 часа (ANC исклучен)

* Вистинската трајност на батеријата може да варира и зависи од условите за користење како што се функциите за поддесување,  тип на датотека за репродукција и јачина на  Bluetooth® сигналот.

Време на повик

До 3,5 часа / вкупно до 13 часа (ANC вклучен)

До 3,5 часа / вкупно до 14 часа (ANC исклучен)

* Вистинската трајност на батеријата може да варира и зависи од условите за користење како што се функциите за поддесување,  тип на датотека за репродукција и јачина на  Bluetooth® сигналот.

Полнење

1 час репродукција на звукот / брзо полнење 5 минути

Безжично полнење со Qi сертификат

*Времето на полнење се базира на батерии за слушалки кои се под 30 проценти кога ќе почнат да се полнат. Вистинскиот век на траење на батеријата и времето на полнење може да варираат, во зависност од фактори како што се условите за употреба и бројот на полнења. Измерено во режим за активирање на бучава за време на репродукција на звук.

Поврзување

Bluetooth® 5.2

Кодек: Скалабилен (сопственост на  Samsung), AAC, SBC

Сензори

Акцелерометар, жиро, брзина, хало, допир, VPU ( единица за детектирање на гласс)

Боја

Графитна, бела, маслинастa, лаванда

*Достапните бои можат да варираат во зависност од пазарот, оператотрот и продажните места.  

Во кутија

Слушалки, куќиште за полнење, бубици , кабел за напојување , кратко упатство за вклучување

* Сите спецификации и описи дадени во овој документ може да се разликуваат од вистинските спецификации и описи на производи. Samsung го задржува правото да направи промени на оваа страница и неговата содржина, вклучително и без ограничување функционалност, карактеристики, GUI, слики, видео, придобивки, дизајн, цена, компоненти, перформанси, достапност, капацитет и какви било други информации за производот без претходна најава.

 

 

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди што се носат, таблети, дигитални апарати, мрежни системи и меморија, LSI систем, LED решенија. За најновите вести, посетете ја Samsung Newsroom на news.samsung.com