Скопје, 23 февруари 2024 г. — Samsung Electronics ја најави новата фитнес нараквица Galaxy Fit31 со напредната технологија на Samsung за следење на здравјето, инспирирајќи ги сите да се чувствуваат најздраво и да прифатат поздрав начин на живот. Galaxy Fit3 е најновиот носив уред на Samsung, направен од алуминиум со ново куќиште со поширок екран што им овозможува на корисниците да ги следат податоците за нивното здравје и благосостојба - од секојдневни тренинзи до мирен сон - директно од нивните зглобови, деноноќно.
„Во оваа нова ера на велнес, луѓето сакаат посеопфатно да го разберат нивното здравје, поради што Samsung се обврза да им обезбеди напредни алатки за следење на здравјето и да им помогне на нивното велнес патување“, рече Павле Зобунџија, раководител на одделот за телекомуникации во Samsung Electronics за јадранскиот регион. „Како наш најнов фитнес тракер, Galaxy Fit3 ја нагласува нашата посветеност да обезбедиме лесно достапни ресурси кои поттикнуваат секојдневна благосостојба и ги инспирираат сите да работат на својата најдобра слика за себе“.
Издржлив и компактен тракер со поголем, стилски екран
Galaxy Fit3 има алуминиумско куќиште и екран од 1,6 инчи, кој е 45% поширок од претходниот модел2 и кој им олеснува на корисниците да добијат клучни информации на прв поглед. Тој е, исто така, лесен, елегантен и удобен што го прави идеален за секојдневна употреба. Корисниците можат лесно да ја вметнат Galaxy Fit3 во нивниот животен стил благодарение на нејзината долготрајна батерија, која може да трае до 13 дена3. Тие можат да го персонализираат својот тракер и да го направат поелегантен со избирање на нивниот омилен бројач од преку 100 однапред поставени предлози со информации4 или со поставување на сопствени фотографии како позадина. Корисниците, исто така, можат без напор да ги менуваат и комбинираат ремчињата на нараквиците5 за да ги задоволат своите модни и дневни рутини со притискање на едно копче.
- 1 Достапноста може да варира во зависност од пазарот, моделот и поврзаниот паметен телефон. Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот се предмет на промена без најава. Galaxy Fit3 мора да биде поврзан со паметен телефон со Android 10.0 или понова верзија и да има минимум 1,5 GB меморија. За да започнете со користење на Galaxy Fit3, мора да имате сметка на Samsung регистрирана на поврзаниот паметен телефон
- 2 Споредено со Galaxy Fit2. Големината на екранот се мери дијагонално како полн правоаголник без да се земат предвид заоблените агли.
- 3 Траењето на батеријата се заснова на резултатите од внатрешните лабораториски тестови спроведени од Samsung по сценарија на типична шема на користење, при што Galaxy Fit3 е поврзан со паметен телефон Galaxy преку Bluetooth врска, вклучувајќи 52 известувања, 4 минути проверка на пораки, 9 минути проверка на времето и 30 минути вежбање во текот на 24 часа. Тоа е симулирана вредност на вкупната потрошувачка на батеријата мерена со анализа на шемите на нормалнокористење и енергијата потребна за секоја функција со времетраењето на секоја функција. Тестирано со резултатите од верзијата пред лансирање на уредот. Вистинското времетраење на батеријата може да зависи од статусот на Bluetooth врската, конфигурацијата, поставките, јачината на сигналот, присуството на бучава, употребата и состојбата на уредот и многу други фактори.