Кујна „спакувана“ само за вас
Новиот Bespoke кујнски концепт, за прв пат, ги надминува самите фрижидери, носејќи ја филозофијата на прилагодливите уреди на сите делови од кујната, почнувајќи од американскиот и европскиот пазар. Почнувајќи од втората половина на оваа година, понудата на Bespoke уредите во Северна Америка, која досега се базираше на фрижидерите, ќе го прошири својот асортиман со микробранова печка и машина за миење садови, направени во ист стил.
Овој концепт им овозможува на купувачите естетиката и дизајнот на кујната да ја прилагодат со својата омилена боја и материјал, избирајќи помеѓу мат црна, тегет-сина или шампањ-розевкаст челик и бело стакло.
Апарати кои совршено се вклопуваат во животниот стил
Samsung оваа година исто така ќе ја претстави и својата проширена палета на посветени уреди во Северна Америка и Европа, вклучувајќи ги Bespoke AirDresser, Bespoke прочистувачот на воздух и Bespoke Jet ™ правосмукалката. Поради трансформацијата на домовите во канцеларии, теретани и училници, овие нови апарати за домаќинство ги задоволуваат секојдневните потреби, обезбедувајќи поголема флексибилност, автоматизација и хигиена.
· Bespoke AirDresser обезбедува низа решенија за нега на облека за да се осигура дека истата ќе ја задржи својата форма. Овој уред ќе биде достапен во Европа и САД во втората половина на 2021 година.
· Bespoke прочистувачот на воздухот вовлекува воздух од пет различни насоки за да исчисти брзо и интензивно, дури и кога станува збор за големи простории. Неговиот ултра фин систем за прочистување може да отстрани 99,999% честички прашина од 0,01 μm[1], додека тројниот паметен систем за празнење, испушта чист воздух во различни насоки. Достапен е во различни бои, а ќе биде пуштен во продажба во САД во текот на третиот квартал.
· Bespoke Jet™ правозмукалката доаѓа со Clean Station™ опцијата и поврзана станица за полнење, нудејќи им на корисниците сеопфатно решение за чистење. По завршувањето со правосмукалката, корисникот едноставно го става апаратот настрана, а тој сам ќе се испразни и ќе се наполни. Новиот Novi Bespoke Jet™ ќе биде достапен во три бои и лансиран во САД, Европа, земјите-членки на Заедницата на независни држави и во Југоисточна Азија во втората половина на 2021 година.
· Jet Bot AI+ е првата робот правосмукалка опремена со Intel® систем базиран на вештачка интелигенција. Паметната правосмукалка ја користи својата технологија за препознавање предмети, заедно со LiDAR и 3D сензорите за да идентификација на предмети и одредување на оптималната патека за чистење. Исто така опремен со камера, интегриран е со SmartThings апликацијата за да помогне при далечинско следење на куќата. Ќе биде достапен во САД, Европа, членките на Заедницата на независни држави и Југоисточна Азија во втората половина на 2021 година.
· Bespoke ShoeDresser ги прилагодува вашите омилени чевли да се чувствуваат свежи по секое носење. Уредот врз основа на материјалот и формата парфемира и суши чевли, обезбедувајќи нивно правилно одржување.
· Bespoke Cube фрижидерот нуди модуларно складирање на производи што не се класична храна, како што се вино, пиво и козметички производи. Овој уред е доволно тивок, со што ќе може да се чува во спалната соба, веднаш до софата или каде и да сакате.
· Bespoke прочистувачот на вода е достапен со една или повеќе славини. Опремен е со систем за филтрирање на четири нивоа, и може да филтрира до 2.500 литри вода, што ги задоволува годишните потреби на четиричлено семејство. Количината и температурата на водата може да се прилагодат со гласовна команда.