Скопје, 26. јануари 2021. година – По глобалниот Unpacked настан, компанијата Samsung Electronics на локалниот виртуелен настан ги претстави најновите водечки модели - Galaxy S21, S21 + и S21 Ultra паметните телефони, како и Galaxy Buds Pro безжичните слушалки. Овој нстан обедини познати личности и претставници на медиумите од осум земји во регионот на кои работи Samsung, а меѓу првите што ги испробаа новите телефони беа, британската астронаутка Хелен Шарман, хрватската пејачка Франка Бателиќ и словенечката скијачка Илка Штухец. Новите Samsung уреди во Македонија ќе пристигнат на 29 јануари - Galaxy S21 (5G 8/128 GB) ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 50.999 денари, додека препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21 + (5G 8/128 GB) ќе биде 62.999 денари. Препорачаната малопродажна цена на најјакиот овогодишен модел, Galaxy S21 Ultra (5G 12/128 GB), ќе биде 74.999 денари, додека Galaxy Buds Pro ќе чини 14.099 дeнари.
„Во текот на изминатата година, сите се уверивме колку технологијата зазема значајно место во нашите животи, а особено ми е драго што денес можеме да ги претставиме новите Samsung паметни телефони, кои со своите неверојатни перформанси и напредна технологија одговараат на сите секојдневни предизвици.“, изјави Павле Зобунџија, директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics Adriatic, и додаде дека телефоните од Galaxy S21 серијата овозможуваат целосно ново искуство на светот околу нас, како уреди кои се подеднакво важни и за работење, забава и комуникација со семејството и пријателите, каде и да се наоѓаат.