Попаметно секојдневие со Awesome Intelligence
Новата Galaxy A серија ја воведува функцијата Awesome Intelligence, која носи напредни AI можности во секојдневните задачи. Функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google) им овозможува на корисниците брзо да најдат информации само со заокружување на елемент на екранот. Функцијата Music Search овозможува лесно препознавање на песни што одат во позадина, додека AI-поддржаното Резимирање (Summarization) овозможува брзо разбирање на содржини, правејќи го пребарувањето информации поефикасно од кога било. Овие иновативни функции го поедноставуваат секојдневието и овозможуваат поинтуитивно искуство при користење на паметен телефон.