Полесно и поефикасно перење и сушење алишта со најнапредните Samsung паметни машини

05/02/2021
Samsung машини за перење и сушење

Скопје, 5. февруари 2021. година - Деталната нега во домаќинството, вклучително и одржувањето на алиштата и гардеробата, честопати бара повеќе време отколку што можеме да си дозволиме. Откако алиштата конечно ќе се исперат и исчистат, треба да се одвои и време да се закачат на сушарата и дополнително се чека целосно да се исушат. Ако барате машина за перење и сушење алишта, која штеди време при перењето, притоа обезбедува брилијантно чиста и сува облека, со помош на претходно дефинирани програми и паметни опции, не мора да барате подалеку од најновата серија на Samsung 8800 Smart Dial машината за перење и сушење алишта. Оваа серија на комбинирани уреди неодамна е претставена на меѓународниот саем за технологија CES 2021, каде што од компанијата Samsung изјавија дека машините Smart Dial 8800 на сите корисници ќе им го направат сушењето и перењето алишта полесно и поедноставно.

Вештачката интелигенција мисли за вас

Samsung 8800 Series Smart Dial машините доаѓаат со нови функции на база на вештачка интелигенција, како и дигитален команден панел, што го прави секојдневното перење поинтелигентно и поефикасно. Новата командна табла ја обезбедува Smart Dial опцијата, која ги памети преферираните програми и опции за перење, за брзо вклучување, без макотрпни прилагодувања. Понатаму, корисниците можат и посебно да ги прилагодат веќе достапните програми за перење, со помош на импресивен кориснички интерфејс, на пример за облека на која ѝ треба посебно внимание.

Прилагодено на животниот стил

Благодарение на паметните опции, овие машини лесно ја прилагодуваат својата програма за перење и сушење на секој животен стил. Samsung 8800 Series Smart Dial уредите самостојно ја ослободуваат потребната количина прашок, а опциите за перење автоматски се прилагодуваат во текот на самиот циклус. Исто така, уредот може со своите сензори да утврди кога облеката е целосно сува. Во случаите кога облеката треба за брзо да биде чиста и подготвена за носење, сигурно ќе ве воодушеви Super Speed опцијата за перење и сушење, со која целиот циклус е готов за само еден час.

Совршен технолошки пар

Samsung 8800 Series Smart Dial машините за перење и сушење алишта претставуваат совршен технолошки пар за секое домаќинство, по едноставната инсталација во просторот што ќе ја изберете. Сè може да се поврзе со помош на само еден кабел, бидејќи од командната табла на машините за перење на алишта може истровремено да се контролира и машината за сушење.

Најновите Samsung 8800 Series Smart Dial машини за перење и сушење на алишта овозможуваат сè што е потребно за чиста и сува облека со само неколку допири, без стрес и потрошено време.

Повеќе информации за уредите можете да најдете на: https://news.samsung.com/global/

Листа Нема претходна страница Нема следна страница