Истечен

Важи од 17/08/2020 до 30/09/2020

Искористете ги посебните придобивки од промоцијата на телевизори Samsung! Купете QLED Q60T, Q70T или UHD од 75 инчи или поголем во периодот од 17.8. до 30.9.2020 и како подарок добивате Soundbar-звучник HW-T550.

Со телевизорите Samsung Q60T и Q70T ќе имате можност да ја почувствувате сета сила, моќ и убавина на препознатливата технологија QLED. Имаат „Quantum Processor“ 4K, моќен Samsung процесор кој го подобрува квалитетот на сликата, создава одлични перформанси за гледање и ги подобрува сите видови содржина. Освен тоа, овие телевизори користат иновативна технологија „AI подобрено скалирање“, која автоматски го анализира влезниот сигнал за да го намали дигиталниот шум, да ги обнови деталите што недостасуваат и појасно да ги дефинира рабовите околу предмети и текст.

Сега можете да имате слика и звук во 4K резолуција, без оглед на тоа од кој извор доаѓаат. Дополнително, телевизорите од оваа серија се карактеризираат и со технологија „Dual LED“, којашто претставува напредна технологија за заднинско осветлување која паметно се приспособува и менува според видот на содржината што ја гледате. И секако, „Quantum Dot“ Ви носи милијарда нијанси на вистински бои, бидејќи боите со оваа технологија имаат 100 % тродимензионален опсег, без оглед на нивото на осветленост.

Покрај телевизорите од серијата QLED, тука е и импозантната серија UHD на телевизорите Samsung за 2020 година. Гледајте слика која се одликува со тенок и елегантен дизајн кој ќе се вклопи во секој модерен ентериер. Од кој агол и да погледнете, едноставно делува како да нема граница или рамка. Отсега само ќе уживате во најинтензивно доживување како во кино. Овие телевизори доаѓаат со 4K UHD резолуција, што значи дека се понапредни од обичен FHD телевизор и имаат 4 пати повеќе пиксели, а сликата е јасна и остра, баш онаква каква што заслужуваат Вашите очи. Ќе ја гледате секоја сцена како и Вие да сте дел од неа. За уште повеќе детали, заслужна е и опцијата HDR, којашто го издигнува на повисоко ниво начинот на прикажување светла содржина на телевизорот, така што можете да уживате во неверојатниот спектар на бои и визуелни детали дури и на темни сцени.

За која опција и да се одлучите, совршено дополнување ќе биде Samsung Soundbar-звучник HW-T550 кој го добивате како подарок. Овој феноменален soundbar-звучник ќе го збогати Вашето доживување на звукот со „3D surround“ звук, кој едноставно се обвиткува околу Вас и Ве опкружува од сите страни, така што имате впечаток дека се наоѓате во центарот на секоја акција. Неговиот звук е уште помоќен и побогат. Преку soundbar-звучникот кој поддржува 2.1 surround-звук и нискотонец од 6,5 инчи ќе го почувствувате интензитетот на моќниот, длабок бас. Но, тој не е само моќен, тој е исто толку и паметен. Soundbar-звучникот автоматски го анализира звукот кој доаѓа од вашиот извор за да го приспособи аудиозаписот на содржината. Во секој случај, во текот на пренос на бучен натпревар или тивок дијалог од некоја драма, може да се потпрете на Soundbar-звучникот затоа што тој ќе го приспособи звукот за да Ви овозможи оптимално ТВ доживување.

Промоцијата трае од 17.08. до 30.09.2020 или до истекот на залихите и се однесува на купување одредени модели од 2020 година, со димензии на дијагонала од 75 инчи или поголеми: модели QLED Q60T и Q70T и UHD. За да остварите право на подарок потребно е да го регистрирате Вашето купување на ce.promotion@samsung.com најдоцна 15 дена од денот на купувањето, а детален список на уреди и повеќе информации може да најдете тука.

QLED 60T

Напредно ниво во квалитетот на сликата

Доживејте милијарда нијанси на една боја со технологијата Quantum dot која овозможува прекрасна слика. Со можноста за прикажување на боите во 100 % тродимензионален опсег, технологијата Quantum Dot ја претвора светлината во извонредни бои кои остануваат исти без оглед на нивото на осветленост. Со помош на технологијата Dual LED, нијансите на бои на заднинското осветлување се менуваат според она што го гледате. Она што го гледате тогаш, го гледате на вистинскиот начин.

QLED 70T

Доживејте ја моќта на QLED телевизорот

Се приспособува на Вашиот животен простор. Активно се приспособува на опкружувањето во кое се наоѓате додека гледате, со помош на автоматското приспособување на осветленоста. Доживејте извонредна слика, без оглед на тоа кој дел од денот е или каква содржина гледате. Моќниот Samsung процесор го оптимизира квалитетот на сликата сè додека не создаде одлични услови за гледање, подобрувајќи ја секоја Ваша содржина.

75" UHD TV

Бои и детали создадени само за Вас

Остар и живописен приказ на бои! Дозволете да Ве обземе сликата со уште поширок спектар на бои. Crystal дисплејот Ви овозможува на суптилен начин да ги гледате живописните детали. Со својот минималистички стил од кој агол и да погледнете, речиси целиот без граници, овој телевизор поставува нови стандарди. Отсега, само ќе уживате во интензивното доживување како во кино. 4K UHD телевизорот овозможува јасна и чиста слика, баш онаква каква што заслужуваат Вашите очи. Гледајте ја сцената како да сте навистина дел од неа.

HW-T550 3.1ch Soundbar

За поквалитетно слушање

Поврзете се, слушајте, уживајте. И тоа без кабли. Вашиот soundbar-звучник, со безжичен комплет Wireless Surround Kit, ќе се претвори во вистински surround-систем без ниту еден кабел. Откако ќе се поврзе со soundbar-звучник, ваквиот систем од канали ќе ја исполни атмосферата со surround-звук.