Доколку сте голем естет, доколку посветувате посебно внимание при уредување на домот како секое парче мебел да вреди колку изложбен експонат, сигурни сме дека Вашиот простор заслужува повеќе од обичен телевизор. Вашиот простор заслужува ТВ кој е вреден за погледи, без оглед на тоа дали е вклучен или не. Телевизорот е одраз на Вас и она што го сакате. А тоа е The Frame! И сигурни сме дека ова е еден од идеалните моменти да го набавите. Доколку од 17 август до 30 септември одлучите да го дополните Вашето домашно парче рај со неверојатниот телевизор The Frame, како подарок ќе го добиете единствениот Soundbar-звучник HW-S40T со дизајнерска ткаенина за дополнителна атмосфера.

Она што го прави The Frame толку посебен е неговиот уметнички режим на работа кој нуди можност да го претворите домот во простор што личи на уметничка галерија. Имате опција да ја прикажувате Вашата уметничка колекција на модерен начин, а можете да бирате и дела од светската уметност или Ваши лични фотографии. Имате и дополнителна можност да го приспособите на Вашиот личен стил, бидејќи нуди голем избор на рамки кои може да се поставуваат во многу бои. Изберете ја идеалната рамка која ќе одговара на Вашиот ентериер, вкус или уметничко дело – едноставно и лесно, благодарение на магнетите за ставање и симнување на рамката. И секако, слика со врвен квалитет – најдоброто од технологијата QLED.

Ќе уживате во неверојатно реалистични бои, кои дури и под широк агол на гледање го задржуваат изобилството од детали и текстура.Вашиот нов The Frame е дополнет со идеален подарок подготвен од Samsung – Soundbar-звучник HW-S40T, систем „All in one“ со два звучника и високотонци вградени во неговата тенка рамка, така што може да го поставите каде било во собата и да уживате во чистиот звук.Промоцијата трае од 17.8. до 30.9.2020 година или до истекот на залихите и се однесува на купување на The Frame телевизорот од 2020 година со дијагонала од 55’’ или поголеми.

За да остварите право на подарок потребно е да го регистрирате Вашето купување на ce.promo@samsung.com најдоцна 15 дена од денот на купувањето, а детален список на уреди и повеќе информации може да најдете тука.

The Frame 2020

Запознајте го „врамениот” телевизор

Телевизор кога е вклучен. Уметничко дело кога е исклучен. Дизајниран е да изгледа како рамка за слика. Покрај тоа, уживајте и во квалитетна слика. Благодарение на технологијата Samsung Quantum Dot боите имаат 100 % тродимензионален опсег, додека технологијата Dual LED го зголемува контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување за да се добијат совршени тонови.

The Frame 2020 The Frame 2020

HW-S40T 2.0Ch Soundbar

Дизајн „сè во едно”

Дизајниран е така што природниот звук допира до секој дел од просторијата. Звучниот систем е осмислен да биде дел од Вашиот дом. Безвременскиот дизајн на овој soundbar-звучник е создаден со завршните детали од компанијата Kvadrat и со спојот на природен изглед, димензии и издржливост. Текстурата и неговиот заоблен дизајн ќе го исполнат Вашиот дом со визуелна и аудио убавина.

HW-S40T 2.0Ch Soundbar HW-S40T 2.0Ch Soundbar