Истечен

Важи од 07/08/2020 до 20/08/2020

Доколку посакувате паметен часовник како додаток на вашиот мобилен телефон, но и да е во ваш автентичен стил, сега е вистинскиот момент да ја исполните таа ваша желба. Само во периодот од 7-ми до 20-ти август 2020 година со купување на нов Galaxy Watch3 уред, на подарок добивате безжична екстерна батерија. Сега може да бидете поврзани уште подолго, без разлика дали летото ќе го поминете во возбудливи авантури низ неоткриени предели во локални краеви, или успеете да отидете на нешто подолго патување.

Новиот Galaxy Watch3 носи унапредени функции на паметен уред, со кои на препознатлив Samsung начин се придружува природноста и неминовната вредност на аналоген часовник.

Веднаш ќе го забележите новиот редизајн – Galaxy Watch3 е уште потенок, помал и полесен, но носи поголем екран за полесна навигација во однос на претходните модели. Тука е и враќањето на активниот ротирачки прстен околу екранот кој ќе ви овозможи уште полесна навигација низ иновативните функции. Ќе ви биде од особена корист кога ќе посакате да ги зумирате фотографиите на најбрз начин и да ги откриете сите детали на нив, дури и на екранот на еден паметен часовник.

Galaxy Watch3 носи и еден од најиновативните следења на општата состојба на организмор и грижата за сопственото здравје. Во случај да детектира некаква неправилност, новиот Galaxy Watch3 веднаш ќе ве извести за да може да реагирате на време. Покрај тоа, постојано го следи вашето ниво на кислород во организмот, што е еден од клучните фактори и параметри кои го одредуваат нивото на физичка активност и општата состојба на организмот.Но тоа не е сѐ, Galaxy Watch3 не само што се грижи за вашето здравје, туку се грижи и за здравјето на вашите најмили кои се загрозени или на кои им е потребно посебно внимание додека не се со вас. Доколку дојде до случаен пад, евентуалните повреди на личноста која го носи, овој исклучителен часовник веднаш упатува СОС повик и порака со точна GPS локација кадешто се случила незгодата.

Покрај сите овие иновативни функции, дизајнерите на Samsung не го ставија ни во втор план ниту преубавиот дизајн и врвната естетика на овој модел. Тој во себе носи највредни, неминливи карактеристики на вистински аналоген часовник. Својот единствен стил посебно ќе може да го нагласите со избирање на елегантни ремчиња изработени од најфина, природна кожа.

Изберете го вашиот сопатник ова лето кој ќе ве следи во сите автентични авантури и уживајте во дополнителната поврзаност благодарение на безжичната екстерна батерија која ја добивате на подарок. Само за купувања до 20-ти август 2020 година!

Условите на промоцијата може да ги видите тука.

Galaxy Watch3

Поврзете се, каде и да сте!

Нарачајте во претпродажба Samsung Galaxy Watch3 преку веб страниците на следните овластени партнери: