Постојат многу добри причини зошто треба во овој момент да си набавите нов Samsung телевизор. Доколку во периодот од 2.10. до 15.11.2020 купите кој било 8K ТВ или QLED од 75” или поголем, од 2020 година, како подарок добивате The Frame телевизор од 32”

 

Samsung QLED телевизорите се непогрешен избор. Благодарение на технологијата Dual LED, нијансите на боите на заднинското осветлување се менуваат според темата на она што го гледате и се приспособуваат на содржината, додека технологијата Quantum dot овозможува максимален, 100 % тродимензионален опсег на бои. Тука е и Multiple Voice Assistants, гласовна контрола која ви овозможува преку гласовни команди брзо да пристапите до омилените содржини, да добиете одговори на одредени прашања, па дури и да го контролирате вашиот ТВ и останатите поврзани уреди во домот. Дополнителните паметни функционалности, како опцијата Active Voice Amplifier (AVA) која ги нагласува гласовите од сцените за дијалогот да се слуша јасно, ќе ви овозможи без прекин да уживате и да ја разберете баш секоја сцена.

Доколку сакате да го подигнете гледањето на уште повисоко ниво, да ги откриете и оние најситни детали кои досега не сте ни знаеле дека може да ги видите на екран на телевизор, ви ја препорачуваме серијата телевизори QLED TV 8K. Овие телевизори се препознатливи по преубавиот Infinity екран. Црните рабови на телевизорот се толку намалени што речиси и не постојат, а ултратенката рамка ви овозможува да уживате во впечатливо гледање, без никакви пречки. Со вистинска 8K резолуција ќе имате чувство како да зачекорувате во нова димензија на реалноста. Ќе ја почувствувате моќта на секој од 33-те милиони пиксели по кадар, со импресивно чиста слика и резолуција четири пати поголема од 4K.

 

И тоа не е сè, бидејќи го добивате феноменалниот The Frame од 32“ како подарок! Она што го прави The Frame толку посебен е неговиот уметнички режим на работа кој ви нуди можност да го претворите вашиот дом во простор кој оддава впечаток на уметничка галерија. Искусете модерен начин на прикажување на вашите уметнички колекции, бирајте дали тоа ќе бидат дела од светската уметност или ваши лични фотографии. Имате и дополнителна можност да го приспособите на вашиот стил, бидејќи нуди голем избор на приспособливи рамки во повеќе бои. 

 

И секако, квалитетот на сликата е врвен – најдоброто од она што може да го донесе технологијата QLED. Ќе уживате во неверојатно реалистични бои, кои дури и под широк агол на гледање го задржуваат богатството од детали и текстурата.

 

Без оглед на тоа за кој модел ќе се одлучите, покрај фабричката гаранција од 2 години, Samsung ве наградува со дополнителна гаранција од 3 години, што е вкупно 5 години уживање во чувството на безгрижност.

 

За да остварите право на подарок, треба да го регистрирате купувањето на ce.promotion@samsung.com

 

Промоцијата на 5 години гаранција важи од 1.10. до 31.12.2020 за сите QLED и Lifestyle* телевизори од 2020 год. 

 

**Lifestyle телевизорите ги вклучуваат моделите The Frame, The Serif и The Sero.

75" 8K QLED Q800T

Моќно доживување со сјајна резолуција

Гледајте ја сликата, а не телевизорот. Тенок и елегантен дизајн, без рабови, кој едноставно ве повлекува да уживате во него. Поставете го телевизорот на ѕид и уживајте во неговата убавина, како и во богатите, реални бои и длабок контраст кој посебно ги истакнува секоја нијанса и секој детаљ. Телевизор во кој ќе уживате со сите свои сетила!

75" 8K QLED Q800T 75" 8K QLED Q800T

32" The Frame 4K Smart TV

Запознајте го „врамениот“ телевизор

Телевизор кога е вклучен. Уметничко дело кога е исклучен. Дизајниран е да изгледа како рамка на слика. Покрај тоа, ќе уживате и во квалитетна слика. Благодарение на технологијата Samsung Quantum Dot, боите имаат 100 % тродимензионален опсег, додека технологијата Dual LED го зголемува контрастот врз основа на температурата на заднинското осветлување за постигнување совршени тонови.

32" The Frame 4K Smart TV 32" The Frame 4K Smart TV