Како да го додадам мојот телевизор во апликацијата SmartThings

Со регистрирање на вашиот телевизор во апликацијата SmartThings, можете лесно да контролирате различни функции без директно да ракувате со телевизорот или да го користите далечинскиот управувач. Тоа е исто така одлично за уживање во живописни содржини со лесно поврзување со други уреди во куќата, како што се Soundbar или Bluetooth слушалки. Уживајте во вашиот Samsung Smart TV попаметно со апликацијата SmartThings.

Што ако излезете од дома и заборавите да го исклучите телевизорот или ако сакате да го контролирате телевизорот во дневната соба од друга соба? Апликацијата SmartThings е многу паметно решение за практично контролирање на различни IoT уреди на едно место. Паметните телевизори исто така може практично да се управуваат во секое време и каде било преку апликацијата SmartThings.

Слика од апликацијата SmartThings што се поврзува со паметен телевизор

Пред да го поврзете мобилниот уред со телевизорот, прво проверете дали се исполнети следниве барања.

 

Проверете го оперативниот систем на вашиот мобилен уред

  • Апликацијата SmartThings е компатибилна со телефони со Android 6.0 или понова верзија и iOS 10.0 или понова верзија.

Поврзете го вашиот мобилен уред на истата мрежа

  • Секој уред мора да биде поврзан на истата Wi-Fi мрежа.
  • На вашиот паметен телефон: за да се поврзете допрете Поставки > Поврзување > Wi-Fi > Изберете рутер

Забелешка: Телевизорите по 2017 година што поддржуваат Bluetooth имаат функција BLE (Bluetooth Low Energy), така што можете да пребарувате и поставувате уреди без да бидете поврзани на истата мрежа.

Инсталирајте ја апликацијата SmartThings

  • Преземете и инсталирајте ја апликацијата SmartThings од продавницата за апликации.
  • За да ја пронајдете апликацијата, користете го клучниот збор SmartThings.

Поставете ја вашата сметка на Samsung

  • Мора да се најавите на сметка на Samsung пред да ја користите апликацијата SmartThings.
  • Паметниот телефон и телевизорот треба да се најавени на истата сметка на Samsung за да се спарат.
  • Ако имате паметен телефон Samsung, можете да ја додадете вашата сметка на Samsung во апликацијата за поставки на вашиот паметен телефон. Потоа, тој автоматски ќе се најави на вашата сметка на Samsung.

Кога ќе ја активирате апликацијата SmartThings на вашиот мобилен уред, таа автоматски ќе открие паметен телевизор Samsung во близина и ќе прикаже скокачки прозорец за регистрација.

1 Чекор 1. Вклучете го телевизорот и стартувајте ја апликацијата SmartThings.
Почетна страница на апликацијата SmartThings
2 Чекор 2. Кога ќе се појави скокачкиот прозорец, допрете Додај сега.
Додај сега избрано во апликацијата SmartThings
3 Чекор 3. Допрете Старт.
Старт избрано во апликацијата SmartThings
4 Чекор 4. Изберете локација и просторија за вашиот телевизор. Почекајте додека не заврши процесот на регистрација.
Локацијата и просторијата се означени во апликацијата SmartThings

Ако апликацијата SmartThings на вашиот мобилен уред не може автоматски да го открие вашиот телевизор, можете рачно да го регистрирате телевизорот во апликацијата.

1 Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата SmartThings и допрете Додај (иконата плус).
Иконата плус (Додај) избрана на апликацијата SmartThings
2 Чекор 2. Допрете Уред.
Уред избран во апликацијата SmartThings
3 Чекор 3. Допрете По марка.
По марка избрано во менито Додај уред
4 Чекор 4. Одберете Samsung.
Samsung избран во менито Додај уред
5 Чекор 5. Одберете TB.
Избрано ТВ
6 Чекор 6. Допрете Старт.
Избрано Старт
7 Чекор 7. Изберете локација и просторија за вашиот ТВ.
Локација и просторија избрани во апликацијата SmartThings
8 Чекор 8. Вклучете го телевизорот користејќи го далечинскиот управувач.
Слика со упатства за вклучување на ТВ
9 Чекор 9. Изберете OK на вашиот телевизор.
Слика со упатства за да изберете OK на вашиот телевизор
10 Чекор 10.Внесете го PIN-от прикажан на ТВ екранот.
Слика со внесен ПИН код во апликацијата SmartThings
11 Чекор 11. Почекајте додека телевизорот не се регистрира на вашата сметка на Samsung.
Слика со упатства дека ТВ се регистрира на вашата сметка на Samsung
12 Чекор 12. Поставете го името на ТВ и допрете Готово. Регистрацијата е завршена.
Готово е избрано

Забелешка:

  • Во случај на телевизори произведени во 2016 година, кога ќе се најавите на телевизорот со истата сметка на Samsung како и апликацијата SmartThings, уредот автоматски се регистрира
  • Телевизорите произведени по 2017 година ќе прикажуваат екран за внесување PIN.

Ако сакате да проверите дали вашиот телевизор ја поддржува апликацијата SmartThings, следете ги чекорите подолу.

1 Чекор 1. Стартувајте ја апликацијата SmartThings и допрете Додај (иконата плус).
Иконата плус (Додај) избрана во апликацијата SmartThings
2 Чекор 2. . Допрете Уред.
Уред избран во апликацијата SmartThings
3 Чекор 3. Допрете По марка и одберете Samsung.
По марка и Samsung избрани во менито Додај уред
4 Чекор 4. Изберете Поддржан уред.
ТВ е избран во апликацијата SmartThings

Забелешка: 

  • Ако имате проблеми со вашиот паметен телевизор Samsung, секогаш треба да проверувате дали има достапни софтверски ажурирања бидејќи тие може да содржат решение за вашиот проблем.
  • Сликите од екранот и менијата на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот 

Благодариме за повратните информации