Како да ја користите HDMI ARC на Samsung Smart TV

HDMI е заеднички приклучок за звук и за видео. Сите звучни уред и проектори го користат овој стандард. За подобро доживување на звукот, може да користите HDMI-кабел за да го насочите звукот од Smart TV до звучниот уред. ARC (Audio Return Channel - Канал за враќање на звукот) претставува специјална функција на сертифицираните HDMI-кабли со висока брзина преку која звукот може да се врати до предавателот.

Што е HDMI ARC?

Повеќето телевизори Samsung ја поддржуваат HDMI-функцијата наречена Audio Return Channel (Канал за враќање на звукот). HDMI ARC е наменета за намалување на бројот на кабли меѓу телевизорот и надворешен систем за домашно кино или лента-звучник. Аудиосигналот може да патува двонасочно до и од звучниците, а тоа ќе ги подобри квалитетот на звукот и латентноста на сигналот.

 

Со други зборови, не треба да поврзувате втор оптички/аудио кабел на звучник компатибилен со HDMI ARC. За да го поврзете телевизорот со звучник оспособен за ARC, користете HDMI-кабел 1.4 или подобар. HDMI-ARC функционира единствено преку специфична порта на телевизорот или One Connect Box, а надворешните звучници треба да бидат компатибилни. Можеби ќе треба да ги нагодите и поставките за надворешните звучници со цел да се вклучат контролите за HDMI ARC.

HDMI ARC ги поддржува следниве формати на аудио:

  • PCM (2-канален)
  • Dolby Digital (до 5.1 канали)
  • DTS Digital Surround (до 5.1 канали)

Забелешка: DTS го има само на модели издадени пред 2018 година.

Како да поврзете HDMI-кабел?

Следете ги чекорите наведени подолу за да го поврзете Smart TV на звучник:

 

Чекор 1. Подгответе HDMI-кабел.

Чекор 2. Поврзете го кабелот со приклучокот на телевизорот за HDMI IN (ARC).

Чекор 3. Поврзете со портата HDMI OUT (TV-ARC) од звучникот којшто сакате да го поврзете.

Чекор 4. Вклучете ги звучниците што се поврзани со телевизорот.

Чекор 5. Звукот од телевизорот ќе се репродуцира преку надворешните звучници.

 

Како да го поврзете DeX безжично

Anynet + (HDMI CEC) е фабрички активирано за лента-звучникот и системот за домашно кино од Samsung. Ако уредот што го користите не е лента-звучник или систем за домашно кино од марката Samsung, треба да проверите дали е активирана функцијата Anynet + (HDMI-CEC) на Вашиот Smart TV.

 

  • За сериите паметни телевизори T/Q, R/Q, N/Q и M/Q (од 2017 г.)

Home (Почеток) > Settings (Поставки) > General (Општо) > External device management (Управување со надворешни уреди) > Anynet + (HDMI CEC)

  • За Smart TV од серијата K (2016)

Home (Почеток) > Settings (Поставки) > System (Систем) > Expert settings (Поставки за експерт) > Anynet + (HDMI-CEC)

  • За Smart TV до серијата J (2015)

Menu (Мени) > System (Систем) > Anynet + (HDMI-CEC)

Забелешка:

  • Мора да биде овозможена функцијата Anynet + (HDMI-CEC) на паметниот телевизор за да се користи eARC.
  • Ако се користи неовластен кабел, може да се појави грешка.
  • HDMI-портата ќе биде означена со ARC на задната страна од телевизорот или One Connect Box.
  • Повеќето One Connect Boxes имаат порта за HDMI-ARC (тоа е обично третата HDMI-порта).

Решавање проблеми со HDMI-врската

Ако има проблем при работењето на ARC/eARC, прво отстранете ги сите надворешни уреди (STB, OTT-уреди итн.) поврзани на телевизорот, а потоа обидете се повторно. Некои надворешни уреди може да не бидат целосно компатибилни според спецификациите за HDMI-врска, а тоа може да предизвика проблеми. Ако сè уште се појавува проблемот, треба да проверите на следниве начини.

Ќе треба да ги овозможите протоколите за HDMI-CEC во менито за поставки на телевизорот. Телевизорите Samsung го повикуваат протоколот HDMI-CEC Anynet+.

 

Патеката од менито за вклучување на Anynet+ ќе изгледа некако вака:

Чекор 1. Притиснете на копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач Samsung и изберете Settings (Поставки).

Чекор 2. На екранот Settings (Поставки), изберете General Menu (Општо мени) и External Device Manager (Управител со надворешни уреди).

Чекор 3. Одете до Anynet+ (HDMI-CEC) во менито за External Device Manager (Управител со надворешни уреди) и притиснете enter (внеси) на далечинскиот управувач за да ја вклучите Anynet+.

 

Ако користите лента-звучник или систем за домашно кино од друг производител, проверете дали е активирана функцијата HDMI CEC или ARC. Потоа префрлете го влезниот извор на HDMI ARC на звучникот.

 

Во зависност од серијата, извршете ги следниве поставки на Smart TV за да се слуша звукот од звучникот:

  • Телевизори Smart TV од 2017 година (сериите T / Q, R / Q, N / Q и M / Q)

Отворете Home (Почеток) > Settings (Поставки) > Sound (Звук) > Sound Output (Излез на звук). Изберете Receiver (Приемник) (HDMI) од листата.

 

  • Телевизори Smart TV од 2016 година (серија K)

Отворете Home (Почеток) > Settings (Поставки) > Sound (Звук) > Speaker Settings (Поставки за звучник). Изберете Receiver (Приемник) (HDMI) од листата. 

 

  • Телевизори Smart TV од 2015 година (серија J)

Отворете Menu (Мени) > Sound (Звук) > Speaker List (Листа на звучници). Изберете Receiver (Приемник) (HDMI) од листата.

 

  • Телевизори Smart TV од 2013 до 2014 година (серија F / H)

Отворете Menu (Мени) > Sound (Звук) > Speaker Settings (Поставки за звучник). Поставете го излезот на звук за телевизорот да биде на приемникот.

 

  • Телевизори Smart TV од 2011 до 2012 година (серија D / E)

Отворете Menu (Мени) > System (Систем) > Anynet + (HDMI-CEC). Поставете ја функцијата на приемникот на On (Вклучено). 

Кога телевизорот не дава звук или звукот прекинува, а вие слушате нешто од уред поврзан со HDMI-кабел, една од наједноставните можни причини за проблемот е дека кабелот е со лош квалитет. Бидејќи замената со поквалитетен кабел не е секогаш лесна или погодна, моделите на Samsung Smart TV располагаат со поставка што може да се искористи за да се приспособи телевизорот како да го толкува HDMI-сигналот и да ја подобри компатибилноста со кабелот.

Одете до Menu (Мени) > Support (Поддршка) > Self Diagnosis (Самодијагноза) > Signal Information (Информации за сигналот) > Signal History (Историја на сигналот) > HDMI Delay Level, Ниво на HDMI-задоцнување, па изберете една од опциите:

(Од модел за 2020 година: Menu (Мени) > Support (Поддршка) > Device Care (Грижа за уред) > Self Diagnosis (Самодијагноза) > Signal Information (Информации за сигналот) > Signal History (Историја на сигналот) > HDMI Delay Level (Ниво на HDMI-задоцнување))

 

  • Basic (Основно): Ова е стандардната поставка за нормално работење.
  • Slow 1 (Бавно 1): Ова додава мало задоцнување пред да се утврди дека HDMI-кабелот не испраќа сигнал.
  • Slow 2 (Бавно 2): Ова додава поголемо задоцнување.

 

Поставувањето на оваа опција на Slow 1 или Slow 2 ќе го подобри квалитетот на сигналот од неквалитетен HDMI-кабел, но како несакан ефект се јавува задоцнување кога ќе се промени изворот.

Ако поврзете HDMI ARC кабел со лента-звучникот и не функционира иако се точни сите поставки, може да го ресетирате лента-звучникот преку чекорите наведени подолу.

Чекор 1. Изгаснете ги телевизорот и лента-звучникот. [Режим на Standby (мирување)]

Чекор 2. Притиснете истовремено и држете на копчињата Volume Up (Повисока гласност) (+) и Down (Пониска гласност) (-) на далечинскиот управувач повеќе од 5 секунди дури не се прикаже INIT (Иницијализација).

Чекор 3. Вклучете ги телевизорот и лента-звучникот.

Чекор 4. Притиснете на копчето Home (Почеток) на далечинското од телевизорот. Изберете Settings (Поставки) и променете го излезот на звук на лента-звучникот.

Чекор 5. Ќе се појави известување TV ARC на предниот приказ и ќе се слуша звук од телевизорот.

Забелешка: сликите од екранот и од менито се само примери на англиски јазик - ги има и на јазикот во Вашата земја.

Благодариме за повратните информации

Code to Open Chat Window