Како да ги користите новите виџети за Galaxy Buds Pro

Виџети-те се многу корисни за преглед на информациите за апликацијата или за контрола на одредени функции. Може да додадете виџети за Galaxy Buds Pro и лесно да ги контролирате своите слушалки.

Пред да ги испробате долу наведените препораките како ваши решенија, проверете дали софтверот и поврзаните апликации на уредот се ажурирани со најновата верзија. Проверете како да го ажурирате софтверот на вашиот мобилен уред по следниот редослед.

Чекор 1. Одете во Поставки > Ажурирање на софтвер.

Чекор 2. Допрете на Преземи и инсталирај.

Чекор 3. Следете ги упатствата на екранот.

 

Лесен, брз пристап до контролите на Galaxy Buds Pro

Виџети-те на вашиот почетен екран ви помагаат да следите одредени работи додека ги носите слушалките Galaxy Buds Pro. Можете со еден поглед да го видите статусот на батеријата на слушалките и директно од виџет-от да вклучите Активно поништување на бучавата, Амбиентален звук или Исклучено.

 

Виџети на Galaxy Buds Pro на почетниот екран.

Како да додадете виџети за Galaxy Buds Pro

Пред да го следите упатството што е подолу, осигурете се дека сте ги поврзале вашите Galaxy Buds Pro со вашиот компатибилен паметен телефон и дали ја имате најновата верзија на апликацијата Galaxy Wearable.

Чекор 1. Притиснете и задржете празно место на почетниот екран и потоа допрете Виџети.

Чекор 2. Пронајдете ги виџети-те на Galaxy Buds Pro и потоа допрете ги. Постојат два додатоци за избор:

Икони за брза контрола во виџет-от на слушалките Galaxy Buds Pro. Икони за брза контрола во виџет-от на слушалките Galaxy Buds Pro.

• Брзата контрола ви овозможува да го префрлите режимот за контрола на бучавата без да ја отворите апликацијата Galaxy Wearable или без да ги допирате вашите слушалки.

Исто така, можете да изберете Блокирај допири за да ја заклучите допирната подлога на слушалките.

Информации за батеријата во виџет-от на Galaxy Buds Pro. Информации за батеријата во виџет-от на Galaxy Buds Pro.

• Информациите за батериите ќе ве известат за моменталниот процент на батеријата на секоја слушалка и на куќиштето за полнење.

Исто така, ќе ја отвори апликацијата Galaxy Wearable кога е избрана.

Чекор 3. Допрете го и задржете го виџет-от што сакате да го додадете, а потоа преместете го на почетниот екран. Можете да го испуштите виџет-от на екранот со отпуштање.

Забелешка: Ако не можете да го додадете или отстраните виџет-от од Почетниот екран, можеби сте го вклучиле заклучувањето на изгледот на почетниот екран. За да ја оневозможите оваа поставка, влезете во вашите Поставки> Почетен екран> исклучете го заклучувањето на изгледот на почетниот екран.

Чекор 4. За да промените некои поставки на виџет-от, допрете го и задржете го. Ќе се појави скокачкото мени. Допрете Поставки за виџет за да ја изберете бојата на позадината и проѕирноста на виџет-от. Ако имате овозможено затемнување (Dark mode), со допирање на прекинувачот можете да ја прилагодите бојата на виџет-от.

 

Достапни опции за поставки на виџет-от.

Чекор 5. Потоа ќе може да го вклучите Режимот за контрола на бучавата, да вклучите Блокирање на допирите или да ги проверите Нивоата на батериите на куќиштето и на слушалките. 

Забелешка: Снимките на екранот и менито на уредот може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и верзијата на софтверот.

Благодариме за повратните информации